Флик воведува големи казни за играчите на Барселона за доцнење - Канал 5

Флик воведува големи казни за играчите на Барселона за доцнење

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, го промени системот на казни за играчите кои ја прекршуваат дисциплината. 

Флик воведува големи казни за играчите на Барселона за доцнење

Играчите сега подлежат на парични казни за доцнење на тренинзите и тимските настани, наместо на суспензии на натпреварите, како што беше случај претходно.

Во шпанската ТВ емисија „Ел Хормигеро“, играчот од средниот ред Педри и напаѓачот Феран Торес зборуваа за промените на тренерот.

- Малку го променивме правилото за точност. Ако доцните, плаќате казна, рече Педри.

Торес појасни дека казната може да достигне 40.000 евра. Играчите, исто така, забележаа дека тренерот не се меша во неформалниот живот на тимот и не се меша во видеата на „TikTok“ или танцувањето во соблекувалната.

Според медиумските извештаи, за време на неговата прва година во Барселона, Флик вовел спортски санкции во форма на суспензии на натпреварите. На пример, Жил Кунде бил ставен на клупата поради доцнење на разговорот пред натпреварот со Алавес.

По 25 натпревари во шпанската Ла лига 2025/26, Барселона е на врвот на табелата со 61 бод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По драмата околу борбата за децата, Лука Дончиќ ја отвори душата- Каде и да е тато ...

Еден од најдобрите светски кошаркари, НБА ѕвездата на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ повторно ја покажа својата емотивна страна.

По драмата околу борбата за децата, Лука Дончиќ  ја отвори душата- Каде и да е тато ...

По драмата околу борбата за децата, еден од најдобрите светски кошаркари, Словенецот Лука Дончиќ ја отвори душата како никогаш досега.

Лука Дончиќ повторно ја покажа својата емотивна страна, а неговата најнова објава на Инстаграм привлече големо внимание во јавноста.

Словенечкиот кошаркарски ас објави серија фотографии од своите ќерки Габриела и Оливија, придружени со порака што кај многумина предизвика солзи во очите.

„Г и О, без оглед на тоа каде во светот се наоѓа тато, не поминува ден а да не сте во моето срце. Каде и да одам, вие сте секогаш со мене. Ве сакам!“ – напиша Лука Дончиќ покрај фотографиите од своите девојчиња.

Овој пост на Лука доаѓа по исклучително бурен период во неговиот приватен живот.

Дончиќ раскина со мајката на Габриела и Оливија, Анамарија Голтес, неговата долгогодишна партнерка и свршеница.

Нивната љубовна приказна со години го привлекуваше вниманието на јавноста, поради што нивното раскинување предизвика бројни реакции. Лука и Анамарија се запознале уште како тинејџери, а нивната врска траела со години.

По бројни подеми и падови, тие се свршиле во 2023 година, а потоа добиле две ќерки. Сепак, нивната љубовна приказна немаше среќен крај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

„Единствена Русија“ на Владимир Путин оствари убедлива победа на парламентарните избори во Русија.

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Според прогнозите на ТАСС, владејачката партија е на добар пат да го задржи двотретинското мнозинство во Државната Дума со 450 места..

Изборите се одржаа и на окупираните териториии во Украина, анектирани од Русија и ова се први избори по руската инвазија во Украина.. Ниту една од партиите кои беа против војната не добија дозвола да влезат во изборната трка..

Вчера на последниот ден од гласањето Украина лансираше беспилотни летала кон Москва, при што загинаа две лица а беше запалена рафинерија за нафта

Русија најави интензивирање на нападите кон Киев, и ја обвини Украина дека се обидела да „ја потисне демократската волја на руските граѓани“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра

Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра.

СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра

Додека се трупаат долгови и се распродава земјата, водата, рудата а граѓаните стравуваат од новите сметки за струја, бизнис-мрежата на Мицкоски брои милиони.

Веќе објавивме - нова зделка вредна 13,2 милиони евра.

Компанијата „METER&CONTROL“ од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за електрична енергија. Оваа фирма е поврзана со „Rudnap Group“, која се појавува во нејзината сопственичка историја.

Кој е клучниот линк меѓу „Руднап“ и Владата на Мицкоски? Министерката за енергетика, Сања Божиновска и конзулот Душан Адамовиќ.

Во периодот од 2011 до 2014 година, Божиновска била извршен директор во компании на „Rudnap Group“ во Централна и Источна Европа.

Таа се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.

„Руднап“ е партнер и со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“, модел кој сега се најавува и во Македонија.

Во оваа мрежа се појавува и Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски. Ова е новата милионска алка во енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски, која СДСМ ја разоткри пред шест месеци.

Мрежа чии пипци се протегаат од Регулаторната комисија, РЕК и Развојната банка, па сè до офшор-структури на Кипар.

Офшор-структурите на Кипар водат до „Rudnap Group“ на Војин Лазаревиќ, а целата мрежа директно се поврзува со Владата преку Сања Божиновска.

„Руднап“ е една од клучните алки што ги поврзуваат СНС во Србија, ВМРО ОКГ во Македонија и енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски.

За граѓаните – повисоки трошоци, неизвесност и страв од секоја следна сметка за струја.

За енергетскиот октопод на Мицкоски – нов договор од 13,2 милиони евра.

Прес-конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер