Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
2Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
ФудбалФлик: Се надевам дека ремито со Интер ќе биде доволно за да стигнеме во финалетоТренерот на Барселона, Ханси Флик, по ремито во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со Интер (3:3), изрази надеж дека ќе стигне до финалето.- Интер не може само да се брани следната недела. И тој треба да постигне гол. Ова е полуфинале на Лигата на шампионите. Остануваат уште четири екипи. Играме добро и сме сигурни. Знаеме што можеме да постигнеме. Има уште 90 минути. Се надевам дека ова е доволно за да стигнеме до финалето. Ова е нашата цел и ќе се бориме за неа, истакна Флик по натпреварот. Тој го пофали Јамал за неговата извонредна партија. -Јамал е посебен. Веќе го кажав тоа. Тој е генијалец. Можам да го видам како игра отстрана, а на видео можете детално да видите што прави. Ламин се истакнува во големите натпревари. Мислам дека уживаше. Реваншот ќе се игра на 6 мај. Тагови: БАРСЕЛОНА Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо текот на јули подигнати и транспортирани 15 735 тони комунален отпадВо текот на месецот јули, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од јавни и сообраќајни површини - 255 кубни метри, се подигнати во општината Кисела Вода. Во истиот период, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 11 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти коишто биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАЛука Дончиќ: Се опоравив и повторно сум 100 отсто здравЕден од најдобрите светски кошаркари, Словенецот, Лука Дончиќ упати охрабрувачка порака до навивачите на ЛА. Лејкерс. Лос Анџелес Лејкерс влегуваат во нова ера почнувајќи од 2026 година, бидејќи повеќе не можат да сметаат на Леброн Џејмс. Тоа значи дека Лука Дончиќ сега официјално е клучниот играч и целата франшиза зависи од неговиот учинок – голема чест за словенечкиот ас. Кога уживате во таква доверба и почит, притисокот е огромен бидејќи навивачите имаат високи очекувања; пред почетокот на новата сезона, тие добија охрабрувачка порака од својот херој. „Направив пауза од кошарката неколку недели по завршувањето на сезоната за да му дозволам на телото да се опорави. Се опоравив и повторно сум 100 отсто здрав. Оддалечувањето од кошарката е нешто што сакам да го правам секое лето кога сезоната не е во полн ек. Уживам да правам различни работи и тоа ми одговара. Кога ќе си дозволам да почувствувам недостиг од кошарката и да пробам нови работи, се враќам уште погладен за игра и помотивиран“, изјави Лука Дончиќ. Според словенечките медиуми, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на Лос Анџелес Лејкерс во својата татковина, каде што тимот ќе одржи четиридневен тренинг-камп.Тагови: Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Стоилковиќ, не ни сметаат Србите и Србија - напротив, ни сметаш ТИ, БИА и ВучиќИван Стоилковиќ, не ни сметаат Србите во Македонија.Не ни смета Србија. Ни сметаш ТИ. Ни сметаш затоа што ги застапуваш руските интереси во земја членка на НАТО. Ни смета што славиш со Ноќните волци на Путин. Ни смета српски министер кога се изјаснува како четник - Никола Селаковиќ a ти славиш со него и со Додик, и со главните европски промотори на анти-ЕУ политики. Ни смета што си близок со Гашиќ, поранешен директор на БИА, министер за полиција, сега министер за одбрана на Србија - човек поврзан со аферата „5 тони дрога“ и кој Македонија ја гледа како српска територија. Ни сметаш затоа што соработуваш со Милош Вучевиќ, претседател на СНС, и организираш контра-митинзи против младите во Србија - во Куманово. Ни сметаш затоа што си со Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија и бизнис-партнер на Мицкоски, кој отворено вели дека Македонија е „окупирана српска територија“. Ни сметаш ТИ и Латас - затоа што и двајцата работите за БИА. Ни сметаш затоа што сме членка на НАТО и кандидат за ЕУ, а ти ја пропагираш Кина. Ни сметаш ТИ и Ивона Талевска - затоа што заедно со Латас ја организирате лиценцата на Вучиќ за Euronews и српските медиуми од Ало групата (Информер и слични) за тотален медијумски мрак. Ни сметаш ТИ, кој ги застапуваш интересите на Алта банка, банка во сопственост на браќата Вучиќ. Банка што служи за перење пари на СНС и ВМРО-ОКГ. Банка што е под истрага во ЕУ поради потеклото на парите. Банка што служи за финансирање на 40% од медиумската мрежа на Орбан во Македонија, која е во служба на пропаганда по моделот на Гебелс, а во служба на ВМРО-ОКГ. Ни сметаш затоа што работиш против Македонија, а во корист на „српскиот свет“ на Вучиќ и Русија. Ни сметаш затоа што за прослава на Свети Сава донесе фашисти - историчари од Србија да држат говори. Ни сметаш затоа што за Илинден носиш министри како Немања Старовиќ, министер за ЕУ интеграции, кој јавно ги изнесува своите анти-ЕУ ставови и ја поддржува кампањата против Европа. Ни сметаш и заради министерката Снежана Пауновиќ од СПС – партија на Милошевиќ што ја пропагира политиката од деведесеттите, војните и етничките чистења - додека ти си министер во Влада во која има и национални малцинства. Токму таа министерката која пред две недели изјави дека, доколку била на местото на Милошевиќ, би спровела етничко чистење на Косово. Нам не ни сметаат Србите. Србите се наши драги сограѓани, наши соседи, наши пријатели и дел од оваа држава, како малцинство. Ни сметаш ТИ и твоите соработници од организираната криминална група ВМРО. Ни сметаш ТИ и Мицкоски - затоа што ја блокирате Македонија и нејзината европска иднина. Србија не е Вучиќ. Српската напредна странка не се Србите. Тоа е само дел од вашата криминална организација - балканскиот картел. А ти ни сметаш затоа што си дел од тоа. Скопје, 05.08.2028 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook