Криминален клан од БиХ дневно заработува по 25.000 евра- прават пустош низ Париз, децата им се викаат Диор и Ал Капоне
1Криминален клан од БиХ дневно заработува по 25.000 евра- прават пустош низ Париз, децата им се викаат Диор и Ал Капоне
ФудбалФлик: Педри и де Јонг се фантастични Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик ги пофали играчите од средниот ред Педри и Френки де Јонг.- Тие се исклучителни играчи за нашиот тим и имаат многу добра поврзаност. Знаат како сакаат да играат и се познаваат меѓусебно. Фантастични се. Потешко е да се изврши притисок врз нас со ова дуо на тернот, а тоа ни дава повеќе посед на топката, создава повеќе простор и тоа е најважното нешто. Многу сум горд на мојот тим, изјави за „Марка“ германскиот тренер. Дваесет и двегодишниот Педри постигна еден гол на осум натпревари во сезоната 2025/26, додека 28-годишниот Де Јонг имаше една асистенција на шест натпревари. Следен натпревар на Барселона е против ПСЖ на 1 октомври во Лигата на шампионите.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МагазинТреба ли да се исклучуваат полначите од штекер кога не полнат?Како работи полначот?Д-р Глен Фаривар од Одделот за електротехника и електронско инженерство од Универзитетот во Мелбурн објаснува дека не сите полначи се исти, но типичен полнач зема наизменична струја (AC) од ѕидниот штекер и ја претвора во нисконапонска еднонасочна струја (DC) погодна за батеријата на вашиот уред. Овој процес на конверзија бара неколку електронски компоненти, вклучувајќи трансформатор, исправувач, филтри и контролни кола. Дали полначите користат електрична енергија дури и кога не полнат? Краткиот одговор е да. Иако станува збор за многу мала количина, уредот кој е секогаш вклучен во струја сепак троши одредена енергија. Овој феномен се нарекува „вампирска потрошувачка или потрошувачка во состојба на мирување. Дел од таа енергија се користи за напојување на контролните кола во самиот полнач, додека остатокот се губи како топлина. Иако потрошувачката на еден полнач е занемарлива, кога ќе ги соберете сите полначи и други електронски уреди во домаќинството што се постојано вклучени, како што се телевизорите, годишната потрошувачка може да стане забележлива. Сепак, добрата вест е дека модерните полначи се дизајнирани да ја минимизираат оваа потрошувачка. Многу од нив имаат паметни компоненти за управување на напојувањето што ги држат во состојба на мирување или „sleep“ начин на работа сè додека на нив не се поврзе уред што треба да се полни. Дали постои безбедносен ризик? Висококвалитетните и сертифицирани полначи од реномирани производители се генерално многу безбедни за употреба. Сепак, со текот на времето, тие исто така се трошат, а повремените скокови на напонот во електричната мрежа можат дополнително да ги оптоварат нивните внатрешни компоненти и да го скратат нивниот животен век. Но, благодарение на подобрениот дизајн, ова кај современите уреди не треба да биде алармантно. Вистински проблем претставуваат евтините, несертифицирани полначи. Тие често немаат соодветна заштита од прегревање и преголем напон и во одредени околности можат да претставуваат сериозна опасност од пожар. Затоа експертите советуваат таквите полначи да се избегнуваат. Кога е време за нов полнач? Постојат неколку јасни знаци кои укажуваат дека треба да го замените полначот. Ако забележите дека загрева повеќе од вообичаено, испушта необични звуци или е физички оштетен, тогаш време е за нов. Таквиот полнач не треба да го оставате вклучен во струја. Заклучок: нема потреба панично да го исклучувате секој полнач штом уредот ќе се наполни. Кај модерните и висококвалитетни модели, ризикот е минимален, а потрошувачката во мирување е занемарлива. Меѓутоа, ако не ви е проблем да го исклучите, долгорочно ќе ја намалите непотребната потрошувачка на енергија и ќе му го продолжите животниот век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МагазинГрешки на гостите во ресторан кои ги фрустрираат келнеритеДури кога немаат лоша намера гостите понекогаш им ја отежнуваат работата на келнерите, пишува Southern Living.Редење на чиниите Според стручњаците за бонтон со искуство во угостителството, редењето на чиниите на куп може да создаде спротивен ефект од помагањето. На овој начин, ако на чиниите има остатоци од храна, персоналот ќе мора да ги отстранува и од долната страна на чиниите, освен тоа сопственикот на ресторанот ако помине покрај масите и го види купот чинии, може да стекне впечаток дека персоналот не си ја врши работата. Поделба на сметката во последен момент Кога гостите на крајот од оброкот ќе побараат одделни сметки, келнерот мора повторно да ги отвори нарачките и да изработи поединечни сметки. Ова им одзема време кое инаку би го посветиле на останатите гости. Наместо тоа, одделни сметки најдобро е да се побараат на почетокот од нарачката, или, уште поедноставно, да го поделат трошокот преку некоја од апликациите за плаќање. Кога не можат да одлучат што да нарачаат Една од најчестите грешки на гостите е кога чекаат да дојде келнерот, а потоа рамислуваат што ќе нарачаат. Кога гостите на маса почнуваат да го проучуваат менито, тоа го прави побавно спремањето не само нивниот оброк, туку и услугата на останатите маси. Промени на нарачката и мобилните телефони Келнерите ги фрустрира и кога гостите постојано ја менуваат нарачката или кога гостите од една маса нарачуваат во различно време. Проблеми создаваат и мобилните телефони бидејќи келнерите мора неколкупати да доаѓаат до масата бидејќи гостите се задлабочени во својот мобилен телефон. Ваквото однесување ја отежнува координацијата помеѓу кујната и персоналот во салата. Задоцнета реакција за алергија Голем проблем настанува и кога информациите за алергија, интолеранција или други прехранбени ограничувања не се спомнуваат навреме, туку откако нарачката веќе е проследена во куната или откако јадењето е веќе послужено. Недостаток на љубезност Најдобрите искуства во ресторанот настануваат преку заемна почит на гостите и персоналот. Ресторанот функционира како тим во кој келнерите, кујната и гостите заедно учествуваат во креирањето пријатно доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаГенерал ѝ купил стан на љубовницата блиску до куќата каде што живеел со сопругата- го пронашле со куршум во глава (ВИДЕО)Се појавуваат нови информации во случајот со генералот Дорин Јоница, кој си го одзеде животот по конфликт со жената со која наводно имал вонбрачна врска.Двајцата, според изворите, биле заедно околу седум години, а жената живеела во стан што генералот наводно го купил од семејството на војник. Според информациите добиени од изворите, врската меѓу генералот и жената не била неодамнешна. Нивната врска траела околу седум години, а во тој период имало чести конфликти меѓу нив. Според истите извори, наводниот напад што претходел на полициската интервенција не бил прв пат жената да биде нападната. Станот во кој живеела жената наводно го купил Дорин Јоница. Според изворите, генералот сакал жената со која бил во врска да живее во негова близина, поради што го купил станот недалеку од куќата каде што живеел со сопругата. Сепак, во семејството, купувањето на станот било претставено како инвестиција наменета за иднината на двајцата генерали и децата на неговата сопруга. Станот наводно им бил оставен на децата како наследство. Всушност, според изворите, имотот го користела жената со која генералот имал вонбрачна врска. Генералот и жената се познавале неколку години, а според достапните информации, тие биле и колеги во Командата на здружените сили, структура на романската армија што Дорин Јоница ја водеше неколку години. Се тврди и дека сопругата на генералот наводно знаела за неговата вонбрачна врска и дека двете жени се познавале. Љубовницата го пријавила откако ја претепал Вечерта на инцидентот, генералот наводно пристигнал во куќата на жената со семејниот автомобил, но, според изворите, тој не бил зад воланот. Во 20:17 часот, жената се јавила на 112 и пријавила дека била нападната. Таа изјавила дека била удирана со тупаници и клоци. View this post on Instagram A post shared by Observator News (@observatorantena1) Полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот утврдиле дека жената е во опасна ситуација. Затоа, издале привремена заштитна наредба. Според оваа наредба, на Дорин Јоница не му било дозволено да се приближи повеќе од 200 метри до својата сопруга во следните пет дена. Потоа Дорин Јоница си го одзел животот. Истрагата на надлежните органи треба да ги утврди сите околности под кои се случиле настаните, како и точниот редослед на настаните што претходеле на неговата смрт. Новите информации укажуваат дека постоела долгогодишна врска помеѓу генералот и љубовницата, и дека проблемите и конфликтите меѓу нив траеле долго време. Сепак, конечната слика за случајот треба да ја даде истрагата на надлежните институции.Тагови: Генерал љубовница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00