Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека граѓански судија не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права на новинарката Наташа Стојановска
1Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека граѓански судија не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права на новинарката Наташа Стојановска
3ВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Филипче и талогот од СДС кога биле власт, ниту ги решавале, ниту понесоа, ниту пак повикаа на одговорност за случаите со небезбедна вода
ФудбалФлик: Најважно е дека сме во полуфинале во Лигата на шампиониТренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека неговиот тим постигнал голем успех со пласманот во полуфиналето на Лигата на шампиони.Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека неговиот тим постигнал голем успех со пласманот во полуфиналето на Лигата на шампиони, додавајќи оти неговите играчи, и покрај вчерашниот пораз од Борусија Дортмунд во четвртфиналниот реванш, играат брилијантно досега во тековната сезона. „Отидовме понатаму и тоа беше нашата цел. Фантастично е клубот да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампиони. Тоа е голем успех и ние сме многу среќни поради тоа. Игравме против одлична екипа каква што е Борусија Дортмунд, која ни го направи животот многу тежок. Единствено важно е што сме во полуфиналето“, посочи Флик. Барселона се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа што во изминатата вечер загуби од Борусија Дортмунд со 1:3 во реваншот од четвртфиналето. Шпанскиот клуб победи со 4:0 во првиот меч од двомечот на домашен терен и го елиминираше бундеслигашот со вкупен резултат 5:3. „Мораме да гледаме на позитивните работи, а не на негативните. Имаме одличен тим кој игра брилијантно досега и тоа е она што е важно“, додаде Флик. Тагови: БАРСЕЛОНА Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСудот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека граѓански судија не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права на новинарката Наташа СтојановскаУставниот суд го извести Јавното обвинителство и Судскиот совет дека судија од Основниот граѓански суд Скопје кој постапувал во предметот на новинарката Наташа Стојановска не ја извршил Одлуката на Уставниот суд БЗСП.бр.8/2025.Уставниот суд за прв пат од своето постоење примени нов механизам за извршување на одлуките, кој овозможува заштита на сопствените одлуки. Ова е предвидено со Актот на Судот кој стапи во сила од септември 2024 година. Имено, Уставниот суд на 24 септември 2025 година утврди повреда на слободите и правата коишто се однесуваат слободата на јавно изразување на мислата на Наташа Стојановска сторени со две пресуди (едната од Основниот граѓански суд Скопје од 15.06.2022 и втората од Апелациониот суд Скопје од 19.12.2024 година) и го уважи барањето на подносителката. На 22 мај 2026 година, полномошникот на подносителката, адвокатот Филип Медарски го извести Уставниот суд дека пресудата за предметот БЗСП.бр.8/2025 не е извршена(не е земена предвид), бидејќи предлогот на подносителката Стојановска за повторување на постапката во Основниот граѓански суд е отфрлен. По ова известување, судиите на работен состанок одржан на 15 јули 2026 година, со мнозинство гласови, одлучија да се донесе посебно решение со кое ќе се утврди дека Одлуката на Уставниот не е извршена. Потоа, на седницата која се одржа на 22 јули 2026 година, Судот го донесе Решението во кое констатира дека Одлуката БЗСП.бр.8/2025, не е извршена. Ова е констатирано по детален увид на Решението П4-240/22 од 4 мај 2026 година донесено од судијата кој постапувал во предметот, во Основниот граѓански суд Скопје. Уставниот суд утврди дека првостепениот (Основниот граѓански) суд се повикал на одредбите од Законот за парничната постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ, но пропуштил да ги земе предвид уставно утврдените правни карактеристики и правно дејство на одлуките на Уставниот суд, односно нивната конечност, извршност и општа задолжителност, со што во суштина не ја извршил Одлуката на Уставниот суд. Уставниот суд смета дека ваквите случаи треба да се согледуваат низ призмата на целовитоста на Уставот, особено на непосредната уставно-судска заштита кои ги уживаат правата предвидени во член 110 алинеја 3 од Уставот. Дополнително, во Основниот граѓански суд веќе имало воспоставено пракса да се земаат предвид одлуките на Уставниот суд кои се однесуваат на заштитата на слободите и правата. Имено, по донесувањето на Одлуката на Уставниот суд У.бр.146/2021 од 12 јули 2023 година, Основниот граѓански суд Скопје, одлучувал по предлог за повторување на постапката во правосилно завршениот предмет МАЛВП-705/20 од 14.04.2021 година, ја прифатил наведената одлука на Уставниот суд како нов факт и нов доказ и како основ за повторување на постапката согласно со член 392 став 1 точка 9 од Законот за парничната постапка. Ваквиот пристап подоцна бил прифатен и од Апелациониот суд Скопје со Решението ГЖ-118/24 од 07.11.2024 година. Оттука, Уставниот суд оцени Основниот граѓански суд за Наташа Стојановска, не овозможил остварување на уставните слободи и права на подносителката иако истите биле утврдени со Одлуката БЗСП.бр.8/2025 на Уставниот суд. Конечноста и извршноста на одлуките на Уставниот суд се заштитени и со кривично-правни санкции во случај кога не се извршуваат. Ова кривично дело, вклучувајќи го и прашањето дали постои одбивање за извршување и кривична одговорност на определено лице, спаѓа под ингеренции на надлежното јавно обвинителство и надлежниот суд. Предметот по кој одлучуваше Уставниот суд и утврди повреда на слободите и правата на Наташа Стојановска се однесува на настаните во Собранието на Република Северна Македонија од 27 април 2017 година. Подносителката, како акредитиран новинар на Телевизија „24 Вести“, била присутна во зградата на Собранието со задача да известува за изборот на нов претседател на Собранието, како прашање од изразен јавен интерес. По насилниот упад во собраниската зграда, таа била изложена на закани и заплашување и била спречена да ја врши новинарската задача, притоа не била обезбедена соодветна заштита од надлежните државни органи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Организираната кампања на омраза продолжува, заедно со цензурата кон СДСМВМРО-ОКГ не престанува со навреди.Мицкоски на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“. Вчера цел ден оркестрирана кампања по директива на началникот на Мицкоски - Драган Павловиќ Латас. Ги наведовме сите: - Бране Петрушевски - Лидија Петкоска - Бисера Златеска - Емилија Ангелова - Драган Ковачки - Миле Лефков - Петар Марков Денеска е редот на Манасиевски. Истиот речник. Истата задача. Дел од екипата што ја брани криминалната организација. Од вчера почнаа и забрани на објавите, ги тргаат соопштенијата на СДСМ од агергаторите на вести. Фармите на тролови и бот-платформите на сестринската СНС работат со полн капацитет. Во тек се подготовки за нова „Ало“ група - увоз на медиуми на Вучиќ од Србија. Еуроњуз лиценцата што треба да ја води Ивона Талевска. Притисок врз слободните медиуми преку финансии и преземање новинари за новите српски медиуми во Македонија. Латас одамна ја практикува Гебелсовата техника во медиумите. Мицкоски вчера почна со техниката на Вучиќ - тепање на оние што мислат поинаку. Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век. Фашистички методи во 21 век во Македонија. Српскиот свет на Вучиќ влегува на мала и на голема врата. Повеќе ниту не се крие дека Вучиќ управува со Мицкоски и преку ВМРО-ОКГ со Македонија. Покрај медиумите што доаѓаат да ги дополнат Орбановите 40%, тука се и верните агенти покрај Латас: • Геро (Бранко Героски) со своите текстови во кои цитира српски писатели (од сите македонски мора токму српски) • Стоилковиќ со својата кампања во медиумите на Вучиќ • Бизнис-партнерот на Мицкоски, почесниот конзул на Македонија во Србија - Душан Адамовиќ и Милош Вучевик - со задачи за Стоилковиќ • Министерот за полиција, сега за војска, претходно директор на БИА - Гашиќ, замешан во случајот со 5 тони дрога што завршија од Македонија во Србија. А сѐ ова оперативно одамна го поврза Живаљевиќ - некогашниот официјален претставник во српската амбасада во Скопје, началник во БИА и координатор за „српскиот свет“. Човекот кој го координираше нападот во Собранието на 27 април од станот на таканаречениот независен новинар Бранко Героски - Геро (кој повеќе и не ја крие поддршката за организираната криминална група), заедно со Латас и Стоилковиќ - денес првиот човек на Вучиќ во Владата на Мицкоски и офицер за врска со СНС. Ова е нивното лице. Ова е мрежата на ВМРО-ОКГ, мрежата на балканскиот картел на Вучиќ, која ја држи Македонија како слепо црево на Балканот и Европа. Скопје, 07.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Предавникот Филипче и талогот од СДС кога биле власт, ниту ги решавале, ниту понесоа, ниту пак повикаа на одговорност за случаите со небезбедна водаПредавникот Филипче и талогот од СДС кога биле власт, ниту ги решавале, ниту понесоа, ниту пак повикаа на одговорност за случаите со небезбедна вода за пиење.Талогот на СДС, кој сега глуми грижа за здравјето на граѓаните, печали политички поени и шири хистерија за водата за пиење, додека беше на власт и раководеше со институциите, ништо не направија да ги решат проблемите. Проблемите со квалитетот на питката вода ги имаше и кога Венко Филипче бил министер за здравство, и за целиот период на власт на СДС. Документите од извршените испитувања, кои беа презентирани во јавноста, покажуваат дека во периодот на власт на СДС и на министерувањето на Филипче, биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во повеќе населени места низ државата, меѓу кои и во Гостивар. Но, само препознаениот талог во СДС на чело со Венко Филипче, тогаш имаа побитна работа од здравјето на граѓаните и безбедноста на водата за пиење. Талогот во СДС беше зафатен со местење тендери, пљачкање на државата и распродавање на се македонско. Зафатени со распродавање на националните интереси, талогот во предавничката СДС немаа време ниту да ги известат граѓаните да не ја користат водата, ниту да преземат мерки да ги решат ваквите проблеми, ниту пак да повикаат на одговорност. Ниеден директор не беше ниту разрешен, ниту процесуиран од истражните органи, а ниту некој градоначалник бил повикан на морална или кривична одговорност за труењето на граѓаните со небезбедна вода за пиење. Наместо конкретни мерки и отчетност, предавничката СДС дозволи проблемите да се натрупуваат, без граѓаните да добијат одговор што било преземено по наодите и анализите. Денес, истите тие политички актери се обидуваат да зборуваат за одговорност, иако токму во нивниот мандат не беа преземени соодветни чекори за санкционирање на пропустите. Наместо морализирање и ширење хистерија, талогот на СДС и предавникот Венко Филипче треба јавно да објаснат зошто со години немало институционална одговорност за случаите на небезбедна вода за пиење и кои конкретни мерки ги презеле за надминување на овие проблеми. Граѓаните заслужуваат транспарентност и отчетност и еднаков пристап кон одговорноста, без политичка селективност. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04