Флексибилни регулативи за зачувување на малите, традиционални производства - Канал 5

Флексибилни регулативи за зачувување на малите, традиционални производства

Како земјите од Западен Балкан да ги зачуваат своите традиционални производи, дали постои реална закана од нивно исчезнување и губење на гастрономскиот идентитет?

Флексибилни регулативи за зачувување на малите, традиционални производства

Колку регулативата во овој сегмент е флексибилна и прилагодена на националнон ниво? Ќе опстанат ли малите фармери, биодиверзитетот и спецификите на Регионот во лавиринтот на законите, пазарот и немилосрдната конкуренција?

Ова се само некои од прашањата што ги отвори 5. „Тера Мадре Балкан“ директно во Брисел. На конференции во Европскиот Парламент заедно седнаа европратеници, претставници на Слоу фуд, универзитетски професори, производители,... На иста маса ги ставија актуелните политики, состојби и проблеми.

Различноста е богатство кое мора да се зачува, беше клучната порака. ЕУ поддржува традиционално производство, ја сака диверзификацијата, а руралниот равој и е меѓу приоритетите.

Неопходно е институциите да помагаат, наместо да казнуваат, малите поизводители да се информираат, да учат и да се здружуваат. Двете страни да се поврзат, повеќе да комуницираат, да соработуваат. Во целиот процес да се вклучи и науката, да застане зад традиционалните производи за да се елеминираат сите дилеми и сомнежи околу нивната безбедност.

Легислатива базирана на европската, но прилагодена на локалните специфики и услови

Во обидите да се подготви модерен законски концепт за безбедна храна, треба да се почитуваат вековните навики. ЕУ носи закони, но тие се само рамка. Оваа рамка, како што рекоа европратениците, дозволува отстапки. На секоја земја одделно е да одлучи како ќе го менаџира тој дозволен дијапазон на флексибилност, од каде до каде ќе „мрда“ зависно од нејзините потреби и карактеристики, од способноста и подготвеноста на администрацијата, но и на производителите.

- Независно кога ќе почнете со пролагодување на регулативите, имајте на ум дека традиционалните производи се создавале, селектирале и чувале со векови, поради што е неопходен посебен пристап, посочија европратениците.

Ситуацијата е различна во секоја од земјите на Западен Балкан. Кај некои флексибилноста е добро применета и правилата за хигиена се почитуваат, иституциите соработуваат многу со производителите и им помагаат да пласираат безбедна храна на пазарот согласно европските правила. Но, кај други не е така.

- Европската комисија (ЕК) организира обуки за институциите за флексибилност на регулативата за безбедна храна, им покажува како таа треба да се имплементира. Се обиде да стори се што е можно, да објасни и да ги притисне земјите-членки максимално да им помогнат на малите производители. Мислам дека не можеме да сториме повеќе. Едни земји-членки ги применуваат флексибилностите, други не, едноставно не сакаат, не се подготвени. За жал, и за во ЕУ не можам да кажам дека се секаде подеднакво применети правилата за флексибилност за хигиена, истакна Паоло Карикато од Генералниот директорат на ЕК за здравје и безбедност на храна.

Политиката на европските институции е високо, горе, прво да ги завршиме работите долу, кај нас

И претседателката на Слоу фуд Балкан, Десислава Димитрова, смета дека ЕУ направи доволно. На потег се, рече, нашите институции.

- Во нашите земји, од Западен Балкан, проблем се институцииите кои се уште имаат менталитет на казнување, а треба да им помагаат на малите производители, да им објаснуваат. Производителите се луѓе кои прават храна и во никој случај не сакаат да ги навредат потрошувачите, но од незнаење, посебно на некои подробности, можно е тоа да го сторат. Улогата на инсититуциите е да им објасни како таа храна да биде безбедна. Инспекторите обично доаѓаат и велат: „тоа немаш, тоа немаш, тоа немаш“,... Тоа не е правилниот пристап зашто ги демотивира производителите и тие ги доживуваат општите правила и стандарди на ЕУ како нешто многу страшно. А, всушност не е така зашто правилата, да, се дефинирани, но, може да се прилагодуваат во другите држави, рече Димитрова.

И производителите, дополни, имаат „домашна задача“.

- Не се само институциите одговорни. И малите производители треба да разберат дека нештата се случуваат и се движат со знаење. Ако имаш фарма со 50-на овци и сакаш да правиш сирење, реално, основната одговорност е твоја. Треба да се запознаеш со производниот процес, со условите кои мора да ги исполнуваш. Но, тука, во процесот на учење, е добро да имаш некој што ќе ти помага, компетентен орган, експерт за безбедност на храна на кој ќе му кажеш што не ти е јасно, каков проблем имаш. Ако тој не знае, веднаш да се заинтересира и заедно да барате решение. Кога тоа би се случувало и така би функционирало, каква ќе биде политиката на државата или на ЕУ за малите производители не е толку важна, подвлече Десислава.

На фармерите им требаат едноставни насоки и упатства

Осврнувајќи се на ситуацијата во Македонија, професорката Соња Србиновска од Факултетот за земјоделски науки и храна рече дека имплементацијата на законските олеснувања кај нас е се уште на почеток.

Фармерите се жалат дека законските барања и постапки се прекомплицирани.

- Ако ги прашате малите фармери кај нас, во Македонија, ќе ви кажат, односно ќе се пожалат дека барањата за хигиена се престроги и не можат да ги исполнат. Процедурата за регистрација им е прекомплицирана. Не се подготвени, ниту знаат за регулативата која е објавена. Не слушнале за олеснувањата, не знаат да ги подготват документите. Немаат доволно знаење, не се добро организирани, ниту информирани. Немаат финансиска помош и не можат да ја користат, вклучувајќи го и ИПАРД, зашто не се регистрирани. Пркатично, никој не ги знае. Постојат, но легално не постојат. Поради тоа имаат проблем и со националната поддршка, рече Србиновска.

Професорката предупреди дека при креирањето и имплементирањето на законските олеснувања треба многу да се внимава, особено кога станува збор за традиционалните производи зашто опсегот е голем. Можни се отстапки во однос на објектот, опремата, просториите, ѕидовите, подовите, материјалите, пакувањата,... Како пример во овој јконтекст го посочи галичкиот кашкавал. Поради „новите правила“, рече, тој полека ја губи својата карактеристична текстура и арома. - Галичкиот кашкавал се произведува повеќе од сто години. Но, денес, традиционалната мандра е заменета со нов објект, по „новите стандарди“. Коморите во кои зрее кашкавалот порано беа од дрва и камен, а сега се пластични, поради што текстурата и аромата на кашкавалот веќе не се исти, напомена Србиновска.

Членството во ЕУ не значи загуба на нашата традиција и култура, на вкусот на нашите производи

За европратеникот Андреј Ковачев не е точна тезата дека да се биде дел од европското семејство значи претопување на нечија традиција и култура.

Тоа го тврди и постојниот претставник на Бугарија во ЕУ Марина Бракалова.

- Не се согласувам со некои популисти кои велат дека членството во ЕУ значи загуба на нашите традиции и култури. Напротив, вистината е дека во заедничкото европско семејство ќе можеме да ги делиме, но и да ги заштитиме нашите традиции, култури, храната, производните практики и рурални подрачја. Тоа зависи само од нас, од тоа колку сме иновативни, активни и колку ја искористуваме можноста што ја дава ЕУ, најпрво на земјите-членки, а потоа и на земјите кои сакаат да и се придружат, потенцира Ковачев.

Според Бракалова, некои од граѓаните во нејзината земја се плашеле дека по влезот во Европската унија бугарските домати веќе нема да го имаат истиот вкус зашто се бараат „заеднички правила“.

- Тоа не е точно зашто зависи пред се од земјоделците, од тоа како тие произведуваат, дали и колку го чуваат нашиот традиционален добар вкус. Европа ја гледаме како „земја“ на биодиверзитет на храна, а потенцијалот на Балканот да произведе и понуди многу и здрава, квалитетна храна, е очекување на сите потрошувачи во и надвор од ЕУ, подвлече Бракалова.

На „Тера Мадре Балкан“ беа предочени и проблемите со иселувањето посебно на младите, што е тенденција, беше речено, секаде во ЕУ. Депопулацијата од руралните подрачја се одразува врз традицијата, расите и видовите. Тие се напуштаат, полека се забораваат, а тоа може да резултира со губење на гастрономскиот идентитет. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините.

Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Еден од најдобите кошакари на светот, српскиот центар Никоја Јокиќ изминатата недела го водеше Денвер до скор од 3-1 во победи. 

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Кошаркарите на Денвер Нагетс минатата недела загубија од Феникс Санс, а ги победија Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс и Чикаго Булс.

Никола Јокиќ прикажа маестрална игра во тие натпревари – постигна 28 поени против Феникс, 24 против Бостон, 26 против Хјустон и 37 против Чикаго, притоа остварувајќи 18 скока и 11 асистенции.

Минатата недела тој беше прогласен за МВП на Западната конференција, со просек од 28,8 поени, 12 скока и 9,5 асистенции. Од друга страна, на Истокот, Вашингтон Визардс загубија од Хјустон и Мемфис, а остварија победи против Торонто, Чикаго и Орландо.

Нивниот најдобар играч во тој период беше Ентони Дејвис, со просек од 26,5 поени и 9 скока, како и речиси 60 проценти успешност во шутот од поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

.Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК.

Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер