Флекс Кредит одбележува 5 години постоење со наградна игра: „Признавам – не можам без тебе” - Канал 5

Флекс Кредит одбележува 5 години постоење со наградна игра: „Признавам – не можам без тебе”

По повод петгодишнината од своето основање, Флекс Кредит ја започна наградната игра „Признавам – не можам без тебе“, со цел да им се заблагодари на своите клиенти за довербата и лојалноста што ја покажале во изминатите години. 

Флекс Кредит одбележува 5 години постоење со наградна игра: „Признавам – не можам без тебе”

Сите клиенти кои во периодот од 09.06.2025 до 19.08.2025 година ќе склучат договор за некој од кредитните продукти на Флекс Кредит, автоматски ќе учествуваат во извлекувањето на вредносни ваучери од 55.000 денари. Вкупно ќе бидат доделени пет награди, распределени во три фази:

✓ На 25.06.2025 година ќе бидат извлечени два добитници на вредносни ваучери

✓ На 23.07.2025 година ќе бидат доделени уште два ваучера

✓ На 19.08.2025 година ќе биде извлечен добитникот на последниот ваучер

Со оваа кампања, Флекс Кредит испраќа симболична порака на благодарност кон своите клиенти, кои во изминатите пет години го препознале брендот како сигурен и доверлив финансиски партнер. Овој јубилеј претставува потврда за успешната соработка со клиентите, а наградната игра е дополнителен поттик за градење на уште посилни релации и идни успеси.

Повеќе информации за правилата, условите за учество и извлекувањата се достапни на официјалната веб-страница на Флек Кредит: www.flexcredit.mk/promocii/nagradna-igra-priznavam-ne-mozham-bez-tebe-5-godinifleks-kre

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мега скандал: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски!

Во Америка има закон. Ако некој однадвор плаќа лобист да работи кон американски функционери, тоа се пријавува. Се вика FARA.

СДСМ: Мега скандал: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски!

Регистар бр. 6170.

Таму пишува: американската куќа Mercury Public Affairs ја плаќа фирма од Скопје - АТС Груп ДООЕЛ.

Приватна фирма.

Значи не ја плаќа Министерството за надворешни, владата.... Ја плаќа приватна компанија за муниција, шлемови, балистичка опрема.

Сопственик: е Шефшет Демировски.

Цена: 130.000 долари месечно. Квартално однапред 390.000. Годишно околу 1,56 милиони долари.

Договорот трае, низ 2026 и 2027 година.

На 2 април 2026 истата куќа, платена од АТС, предава материјал со наслов „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“.

Во текстот не стои „продајте ни куршуми“. Стои пакет влада со влада.

Име: Трамп и Мицкоски. Нула царини. Американски гас. Стотици милиони за американски ИТ.

Повластен пристап за американска одбрана.

Енергетски столб од ред 1,5 милијарди долари.

Превод за секој што не чита регистри: приватна фирма за оружје плаќа американски лоби да ги турка темите на Мицкоски како да се државни.

Ова е мега скандал.

Што бара таа фирма? Пазар за наоружување и опрема.

Што е антимон? Метал што влегува во воена индустрија - тврди легури, муниција, заштита.

Пет милиони долари грант за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка, Мицкоски го продаде како успех од Америка.

За Гета фрлија 5,53 милиони евра народни. Земјата евтина. Концертот скап. Јаловината останува во почва и вода.

Затоа ова е многу едноставно. Кога немаш официјален термин, одиш каде што лобистот отвора врата: хотелски фоаје, ходник, 42 секунди, слика од страна.

Потоа дома тоа го викаш средба на ултра високо ниво.

Заштита на идентитетот. Стратешко партнерство.

Проверивме што може да се провери. На сајтовите на Белата куќа, Стејт департментот, агендите на секретарот Марко Рубио и на заменикот Кристофер Ландау, Пентагон, ДФЦ, Конгрес, FARA - за посетата од 15 до 22 септември 2026 нема официјална објава дека Мицкоски имал состанок со Рубио, со Ландау или со друг висок функционер на администрацијата.

Нема агенда. Нема заедничко соопштение. Нема потпис. Има Фејсбук.

Ако Вашингтон не го запишал, тоа не е државна средба туку неформален контакт.

Ако истиот човек дома го продава како самит, тоа е лага.

Ако истиот месец приватна каса, приватна фирма плаќа лоби за неговата агенда, тоа не е

случајност. Тоа е метод.

Педесет души на народен грб. Приватна фирма плаќа врата.

Премиерот се слика на ходник. Антимонот влегува како „почеток“. Народот не се прашува.

Провизијата се знае кај него. Ризикот останува кај нас: вода, почва, сметка.

СДСМ е за сојуз со Америка ама вистински сојуз. Како што ние успеавме. И со САД да ги издигнеме односите на највисоко ниво и НАТО да го затворивме токму ние.

Но ние сме против тоа државата да се води од фоаје и од каса на производител на муниција.

Ова мириса на корупција и мора да се истражи!

Бараме јавно да биде објавена целата документација.

Цел извод FARA 6170, материјалот од 2 април, список кого Mercury го барал во име на АТС, кој ја платил делегацијата, и писмен одговор зошто антимон се води како државен интерес додека го лобира приватна воена фирма.

Ходникот не е кабинет. Лобито не е дипломатија.

Антимонот не е леб. Тоа е руда за оружје.

Кој го плаќа лобито, тој ја пишува агендата. Во овој случај не ја пишува народот.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор

YouTube video

Скопје, 24.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ: Премиера на претставата „Три сестри“

Претпремиерата на претставата „Три сестри“, по мотиви на А.П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, ќе се одржи вечерва на 24 септември, а премиерата е закажана за 25 септември.

МНТ: Премиера на претставата „Три сестри“

Билетите за претпремиерната и премиерната изведба како и за првата изведба која е закажана за 5 октомври се достапни во продажба, а публиката може навреме да ги обезбеди своите места.

Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, е современо читање на еден од најзначајните драмски класици.

Претставата „Три сестри“ во режија на Нела Витошевиќ е работена врз новиот драмски текст под кој како автори се потпишуваат Васил Христов и Нела Витошевиќ. Во драмскиот текст се користат мотиви од истоименото дело на Чехов, поставени во постмодерна драмска структура - со динамичен и скоро документарно природен дијалог, суптилен хумор, разорна карактерна психологизација и поетичен драмски јазик.

Во претставата „Три сестри“ се преиспитува денешната стварност преку галерија ликови заробени помеѓу спомените, изгубените идеали и копнежот по поинаков живот. Драмското дејство е поместено на овие наши простори, во современи општествени околности. Карактерите се лица кои постепено се оддалечуваат од сопствените желби, од самите себе и од оние кои вистински ги сакаат. Семејството станува мала слика за едно општество во распаѓање, во кое старите вредности исчезнуваат, а новите сè уште не се родени.

„Три сестри“ не ја гледам само како приказна за едно семејство кое не успева да се придвижи. Ја гледам како приказна за луѓе и за едно општество заглавени во мртва точка. Сите знаат дека треба да се помрднат, сите зборуваат за промена, сите сонуваат за некаде и некогаш, но никој не успева навистина да тргне, вели режисерката на претставата Нела Витошевиќ.

Во претставата настапуваат: Дарја Ризова – Ирина, Наталија Теодосиева – Маша, Верица Недеска – Олга, Дамјан Цветановски – Андреј, Благој Веселинов – Александар, Емил Рубен – Иван, Ивица Димитријевиќ – Игор, Нина Деан – Наташа и Антонио Ташковски – Никола.

Креативниот тим го сочинуваат сценографот Игор Васиљев, костимографката Роза Трајческа, композиторот Огнен Анастасовски, а извршни продуценти се Симона Угриновска и Виктор Рубен.

Портретната фотографија од режисерката е од фотографот: Кристијан Теодоров

Фотограф на претставата е Кире Галевски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриени детали од разговорите меѓу Лавров и Рубио: Една тема во посебен фокус

 Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ги откри деталите од разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио.

Откриени детали од разговорите меѓу Лавров и Рубио: Една тема во посебен фокус

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ги откри деталите од разговорите меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, наведувајќи дека страните разговарале за широк спектар прашања.

Според неа, разговорот, кој се одржа во средата во Њујорк на маргините на неделата на состаноци на високо ниво во рамките на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН, бил значаен, пренесува „РИА Новости“.

„Но, би сакала да го свртам вниманието на делот од преговорите во кој се разгледуваше еден многу интересен аспект што ја поврзува ситуацијата околу Украина и украинското прашање – не само со тесната координација на режимот во Киев со западноевропските партнери, туку и со фактот дека деструктивните дејства на тој режим (кои во суштина претставуваат терористички напади и екстремистички активности, вклучително и насочени напади врз цивили и прекугранични инфраструктурни објекти) доведуваат до дестабилизација на глобалните енергетски пазари“, изјави таа во интервју за каналот „Соловјов лајф“ (Soloviev Life).

Таа нагласи дека Американците гледаат директна поврзаност меѓу нападите на Киев врз инфраструктурните објекти и флуктуациите на цените на енергенсите.

Според неа, Москва постојано укажува на тоа дека „поради некоја чудна причина, режимот во Киев одамна е опсесивно привлечен кон прекугранични енергетски проекти“, кои ги вклучуваат не само Русија, туку и Казахстан, Турција и други земји.

„Ние обрнавме внимание на ова. На почетокот, сите се преправаа дека тоа изгледа неинтересно и не толку важно. А сега се испоставува дека сето тоа е директно поврзано. И ако режимот во Киев прогласи екстремистичка терористичка кампања против глобалниот енергетски сектор, тогаш не станува збор само за ситуацијата што се развива околу руските енергетски постројки. Станува збор за многу поширока слика – онаа што ја има Зеленски пред себе“, заклучи таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер