Флејтистот Зак Тарпагос и пијанистката Валерија Харитиду од Грција на „Охридско лето" - Канал 5

Флејтистот Зак Тарпагос и пијанистката Валерија Харитиду од Грција на „Охридско лето"

Музичката програма на „Охридско лето" за вечерва предвидува концерт на уметниците Зак Тарпагос на флејта во пијано придружба на Валерија Харитиду.

Флејтистот Зак Тарпагос и пијанистката Валерија Харитиду од Грција на „Охридско лето"

Зак Тарпагос е постојан флејтист на Грчката национална опера во Атина, а неговите солистички настапи го водат во најпрестижните концертни сали во светот како салата „Чајковски" во Москва, Симфони хол во Бостон, салата „Квин Елизабет Хол" во Лондон, салите во Атина, Солун, Токио, салата на фондацијата Оназис и многу други. Како еден од членовите на составот „Армониа атенеа" и „Камерата мјузик" има остварено снимки за Дојче грамофон и Дека Класикс свирејќи на барокна и класична флејта, а со овие ансамбли настапува на светски познатите фестивали во Лондон (Би Би Си Промс), Бајројт и Салцбург. Како камерен музичар често настапува надвор од Грција, и низ светот, а гостувал и во „Сантори хол" во Токио. Музичките критичари неговите изведби ги оценуваат како „прекрасно деликатни"... „со неверојатно чист тон". Зак е голем поборник за стабилно музичко образование на деца кои живеат во екстремни услови на сиромаштија, социјална дикриминација или било каква неповолна средина во Грција и надвор од неа, надевајќи се на подобрување на нивните животи преку музика, образование и дружење.

Родена во Грузија, Валерија Харитиду учи пијано со Инеса Човребашвили и ги завршува студиите во Експерименталната школа за музика во Тбилиси. Продолжува да студира на Националниот конзерваториум во Солун, во класата на Викторија Вкторату каде со највисоки оценки дипломира во 2007 година. Учи и во Леувен, Белгија во класата на Јооп Целис, а посетува мајсторски курсеви кај Дора Бакопулу, Бернард Рингаисен, Ана Куликова и Џорџ Емануел Лазаридис.

Настапува со сите значајни оркестри во Солун, со Медитеранскиот симфониски оркестар, со Симфонискиот оркестар на Елче, а активна е и со изведба на рецитали и како камерен уметник со настапи во Грузија, Грција и Кипар. Освојува награди на неколку натпревари во Грција, а постојано е барана да настапува како пијано придружник на разни вокални ансамбли, солисти и др. Неодамна, Валерија Харитиду е избрана за професор по пијано на Општинскиот Конзерваториум во Солун, и за корепетитор на Држвниот конзерваториум во истиот град.

Концертот на уметниците од Грција е предвиден за катедралната црква „Света Софија" од 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч

Лишена од слобода жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч

Жена управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч

На 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален пат во близина на село Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишија од слобода 24-годишната Е.Н. од с.Подмочани, ресенско. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздравува активностите на ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.

Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува

Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари.

Ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард.

Според најавите, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра.

Министерството останува посветено на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со релевантните чинители, со цел ублажување на ценовните притисоци и заштита на стандардот на граѓаните.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата со која засекогаш се става точка на непредвидливоста за професионалните војници.

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 октомври) на прес-конференција во Владата најави реформа во македонската Армија со која на професионалните војници кои навршуваат 45 години старост им се отвора нова можност со која ќе можат да продолжат да работат во рамки на Армијата сè до нивно пензионирање. Тоа, рече Мисајловски, е трајно решение кое ги решава предизвиците со кои се соочуваа професионалните војници во македонската Армија.

„Ова решение засекогаш после повеќе децении ги решава предизвиците со кои се соочуваат професионалните војници. Професионалните војници се столбот на Армијата и во најголемиот дел од својот професионален ангажман даваат сè за ние да бидеме безбедни, помагаат секогаш и секаде каде што им се потребни на граѓаните. Реформата значи дека македонските професионални војници конечно и заслужено ќе можат да бидат задоволни и да бидат сигурни во својата иднина и по 45-тата година“, истакна министерот.

Тој додаде дека освен оваа нова можност, во сила остануваат и досегашните можности за испратнина во висина од две просечни плати за секоја година мината во Армијата, како и можност за вработување во органите на државната и локалната власт.

Деталите на реформата ги објасни началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој истакна дека оваа дополнителна можност овозможува професионалните војници да останат во Армијата како дел од обезбедувањето на имотот и лицата во касарните и гарнизоните на Армијата.

„Со оваа реформа ќе се реши едно од клучните барања на професионалните војници коишто навршуваат 45 години, а тоа е да им се промени работниот статус од определено на неопределено време. Со ова предлог решение всушност многу важната обврска за обезбедување на имотот и лицата на Армијата во гарнизоните и во касарните ќе биде преземена токму од професионалните војници коишто ќе бидат распоредени во единиците коишто ќе бидат одговорни за обезбедување на имотот и лицата во касарните и во гарнизоните“, истакна началникот на Генералштаб.

Генералот Лафчиски додаде дека ставот на сите генерали и офицери кои имаат командни и раководни должности е дека не постои подобар и пообучен персонал за извршување на овие задачи од професионалните војници кои ќе одлучат да останат во рамките на Армијата како цивилни лица.

Согласно заклучоците донесени на Влада, Министерството за одбрана во рок од еден месец треба да ги поднесе измените на армиската формација до претседателката и Врховен командант на Армијата, додека истовремено се врши и измена на Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе на Армијата.

Реформата поддржана од претседателката и врховен командант на Армијата е резултат на заедничката работа на Министерството за одбрана со синдикални здруженија во одбраната, како и на опсежна анализа на Генералштабот на Армијата, со што се гарантира нејзината долгорочна одржливост, соопштуваат од МО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер