2Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар
Други спортовиФјури збесна и си замина среде интервју: Идиоту, веќе нема да учествувам (ВИДЕО)Тајсон Фјури, еден од најдобрите боксери на својата генерација, се очекува на 3 декември да се бори со Дерек Чисора, во која ќе ги брани појасите.Иако Џипси Кинг е омилен борец ширум светот, голем број обожаватели му замеруваат што договарал борба во која победникот е многу сигурен на врвот на кариерата, наместо да се бори со Ентони Џошуа или со некој поатрактивен борец. Истото му го кажал и Јутјуберот Брајан Дејвис кој го водел на неговиот подкаст, а таквиот став многу го изнервира Фјури кој реши да го напушти интервјуто, но не пред да изговори богата серија навреди. „Во боксот го постигна она што не можете да го направите со десет други луѓе. Нема да дозволам да ме мачкате вака. Ако нема да гледате или да купите билет, немојте, не се грижам“, започна Фјури. „Мислам дека си глупав, идиот. Нема да правам повеќе интервјуа со тебе, брадест, ќелав глупак. Бакни ми ги, кретену. Ти си скот“, рече Фјури обидувајќи се да го исклучи емитувањето. Кога водителот го прашал дали има технички проблеми, Фјури едноставно го опцул и се исклучил . Tyson Fury storms off the True Geordie podcast after he was questioned for his upcoming fight with Dereck Chisora… pic.twitter.com/ezK627N7bi — george (@StokeyyG2) October 30, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМосква собори 60 дронови во раните утрински часови кои накратко ги прекина летовите на аеродромитеМосква собори 60 дронови во раните утрински часови кои накратко ги прекина летовите на аеродромите, соопштија властите во руската престолнина, само неколку дена откако украина повторно ја гаѓаше рафинеријата за нафта во градот.Украинските власти соопштија дека руски беспилотни летала погодиле цивилни трговски бродови, при што загинал еден египетски член на екипажот, додека нападите со беспилотни летала на други места убиле најмалку пет лица, вклучувајќи три члена на исто семејство во северниот украински Сумски регион.Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литарМалопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,932 ден/кг и сега ќе изнесува 42,291 ден/кг.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61% во однос на одлуката од 15.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216%, кај дизелот за 12,699%, кај екстра лесното масло за 12,354% и кај мазутот намалувањето е за 11,352%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0396%. Од 23.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 42,291 (денари/килограм) Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 7,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,932 ден/кг и сега ќе изнесува 42,291 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаедничка соработка за зајакнување на предучилишното образование во КарпошПретставници од Општина Карпош од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита земаа активно учество на конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“Претставници од Општина Карпош од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита земаа активно учество на конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“, која се одржа на 18 јуни 2026 година во салата на хотелоте Холидеј Ин во Скопје. На оваа панел дискусија беа присутни претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади, УНИЦЕФ, асоцијацијата на приватни градинки, приватниот сектор, како и други релевантни чинители и развојни партнери. Цел на настанот беше да се претстават клучните наоди и модели за системско зајакнување на предучилишното образование преку партнерство и соработка меѓу јавниот и приватниот сектор ,а беше отворен дијалог за мерките за проширување на пристапот преку различни механизми за финансирање и испорака на услуги, земајќи ги во предвид и најранливите категории Како заклучок од учесниците на настанот беше потенцирано дека проширувањето на пристапот до образование и грижа во раното детство не е само прашање на инфраструктура, туку бара поширока трансформација на системот. Подобрата координација меѓу централната и локалната власт, градинките и работодавачите, заедно со одржливото инвестирање во квалитет, работна сила и инклузија, ќе бидат пресудни за тоа секое дете да добие најдобра шанса на почетокот на својот живот. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36