Физичка пресметка на тренингот на Голден Стејт - Канал 5

Физичка пресметка на тренингот на Голден Стејт

Вербалната расправија меѓу контроврзната ѕвезда на НБА шампионот Голден Стејт Дрејмонд Грин и неговиот соиграч бекот Џордан Пул заврши со физичка пресметка на кошаркарите. 

Физичка пресметка на тренингот на Голден Стејт

Дрејмонд Грин и Џордан Пул двајцата асови на актуелниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс се судрија на тренинг, дуелот кој започнал со вербална расправија на крајот прераснал во физичка пресметка меѓу кошаркарите.

Според ESPN, Грин замавнал кон Пул за време на тренингот и го удрил откако прво се расправале, а потоа почнале да се туркаат. Пол од конфликтот со соиграчот, кој е познат и по тоа што ги провоцира соиграчите на тренинзите и натпреварите, излезе без повреда, по расправијата бекот на Вориорси направил уште неколку вежби по што заминал во соблекувалната.

Сега се очекува Грин да биде казнет. Вориорс го прекинаа тренингот по инцидентот, а од „Sports Illustrated“ наведуваат дека ова не е прв пат овие двајца кошаркари да се расправаат. Разликата е во тоа што сега имало „силен удар“, пишува тој извор.

По конфликтот, Грин му се извини на Пул и на другите клупски колеги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четврт век од охридскиот договор: Свечена седница во владата и пораки за иднината без тензии

Македонија одбележува јубилејни 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор кој стави крај на една од најголемите безбедносно-политички кризи...

Четврт век од охридскиот договор: Свечена седница во владата и пораки за иднината без тензии

Првиот вицепремиер Беким Сали на свечената седница во Владата посветена на рамковниот договор ја потенцираше историската и политичката важност на договорот за стабилноста, еднаквоста и европската иднина на земјата.

-Охридскиот договор не треба да се гледа како затворен и завршен документ туку како жив механизам на нашиот уставен поредок и како политичка насока за секоја институција на државата. Тоа подразбира институции кои функционираат на принципот на еднаквост и правична застапеност. // ... Токму тоа го правиме и ние како Влада, неодамна и со предлагањето до Собранието на една значајна одредба која што произлегува од овој договор како што е Законот за соодветна и правична застапеност,- - Беким Сали, прв заменик претседател на влада.

Четврт век е доволно долг период за да се извлечат поуки и да се погледнат пообјективно некои работи од дистанца, вели вицепремиерот Александар Николоски. Според него, наместо за добробит на општеството, одредени политички поединци и партии го злоупотребувале договорот.

-Се обидуваа да прават раздор, да поттикнуваат лажен национализам и етнички тензии и на тој начин да владеат со државата и мораме да признаеме дека долго и успеваа да го прават тоа, за сега еве да видиме во овие две години дека во суштина, најголем дел од работите биле поврзани со личниот и семејниот интерес. Не смееме да дозволиме тоа да се случува во иднина, мора да гледаме напред но и да се свртиме назад да видиме кои се луѓето кои што ги злоупотребуваа најсуптилните лични чувства на народот,- -Александар Николоски, заменик претседател на влада.

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи порача дека иако во државава има различни перцепции за минатото и за Охридскиот договор, иднината како што вели, мора да биде ослободена од етнички тензии, политички манипулации и поделби.

На Македонија ѝ е потребно општество во кое вредноста на човекот нема да се мери според неговото потекло, туку според неговото знаење, труд, чесност и придонес кон заедницата. Држава во која институциите ќе му служат на граѓанинот и во која напредувањето ќе зависи од способноста и резултатите,- -Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Идните генерации да го наследат Охридскиот договор како пресвртница во историјата, порачува спикерот Африм Гаши.

-Македонија е заеднички дом за сите нејзини граѓани. Неговата сила не лежи во разликите што нè делат, туку во способноста да ги претвориме во заеднички вредности. По четвртина век, прашањето што мора да си го поставиме повеќе не е што сме постигнале, туку што ни останува да им наследиме на идните генерации, државата што ја сакаме, вели Гаши во испратеното соопштението,- - Африм Гаши, претседател на собрание.

Одбележувањето на јубилејот продолжува во 19:30 часот на Камен мост во Скопје со уметничко-музичка програма и присуство на дипломатскиот кор. Опозициската ДУИ, пак, закажа сопствен настан за одбележувањето на 25-годишнината од Рамковниот договор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени

По прогласената епидемија во делови од Скопје, како, Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте, па сега вкупниот број се искачи на 30.

Бројот на потврдени случаи на западно нилска треска расте – во Македонија досега има 30 заразени

Од нив 20 се уште се во болница, петмина, кои имаат над 60 години и се со други хронични болести се во критична состојба, на респиратор, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клинка.

Досега имаме еден смртен случај, 83-годишен скопјанец, а 9 се излекувани, односно пуштени од болница дома. Експертите велат дека простор за паника нема. Професор д-р Никола Пановски вели дека она што сега треба секој од нас да го прави е да се заштити, со сретства против комарци, со мрежи на вратите, а и во дворовите да се исчисти застоената вода што претствува добро место за размножување на комарците....При симптоми како што се силна главоболка, зашеметеност, вкочанетот во вратот веднаш да се побара лекарска помош, но на своја рака да не се земаат лекови и антибиотици....

Со професорот Пановски разговараше Сања Трајковска Ставров. Во видеото погледнете го целиот разговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода

Гостиварци извесно е дека од утре ќе имаат безбедна и питка вода од градскиот водовод. 

Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода

Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките параметри.

Од Локалниот кризен штаб за Канал 5 потврдуваат дека добрите резултати од примероците земени вчера се очекуваат во текот на денот. Доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува утре да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.

-Трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа. Резултатите што ги добиле изутринва се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште резултатите кои биле земени вчера вечерта кои пак се очекуваат да излезат некаде после 16 часот. Токму, затоа Централниот кризен штаб ќе даде предлог утре АХВ да излезе со соопштение и да ја укине забраната за користење на вода за пиење во Гостивар – вели Зуди Џелили – Координатор на Кризниот штаб во Гостивар.

Од Кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.

Проверките ќе продолжат и во наредниот период, а паралелно ќе се работи и на подобрување на снабдувањето во деловите од градот каде што притисокот на водата е многу слаб, објаснуваат од Кризниот штаб во Гостивар.

-Доколку и вечерните резултати ја потврдат исправноста на водата, ние како локален кризен штаб ќе имаме можеби прес со членови од централниот кризен штаб и ќе им соопштиме на граѓаните дека дефинитивно водата е добра за пиење од водоснабдителниот систем во општина Гостивар – посочува Џелили.

Со очекуваното укинување на забраната, по повеќе од пет недели би завршила голготата на гостиварци со питката вода. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем предизвика здравствени проблеми кај околу 5000 жители.

За загадената вода со фекалии Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со одредени дејствија поврзани со водоснабдителниот систем во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер