Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
2Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЗдравјеФизичка активност на работно место за здраво работоспособно населениеДоброупатените велат дека зголемувањето на физичката активност е општествен, а не индивидуален проблем, и тој бара мулти-секторски, односно мулти-дисциплинарен пристап. Паркирајте подалеку од вашето работно место, станувајте за да се напиете вода, излегувајте на пауза за ручек, организирајте активни состаноци – шетајте и разговарајте, почесто станувајте од столчето кога работите и издвојте време за кратки вежби во текот на работниот ден, се само дел од препораките – како да се биде физички активен на работното место. Доброупатените велат дека зголемувањето на физичката активност е општествен, а не индивидуален проблем, и тој бара мулти-секторски, односно мулти-дисциплинарен пристап. Д-р спец. Драгана Бислимовска од Институт за медицина на трудот вели дека во земјава сè уште не постои посебна стратегија или програма за физичката активност на работното место, а координативната улога во промовирање на бенефитите за редовна физичка активност врз работоспособното население ја остварува Министерството за здравство. – Националната стратегија за превенција и контрола на незаразни болести од 2009 година и Националната годишна програма за јавно здравје на Република Македонија за 2022 година се главните стратешки документи, кои ја опфаќаат промоцијата на физичка активност и кај работоспособното население. Важно е да се напомене дека во Законот за спорт, работоспособното население не е вметнато како една од приоритетните категории за промоција на физичка активност, а, исто така, и во Законот за безбедност и здравје при работа, не се спомнува физичката активност на работно место како концепт за превенција на здравјето на работникот на работното место, ниту важноста од аплицирање на активни паузи во текот на работното време, вели таа. На ниво на Европа, како што појаснува, поттикнато од Глобалниот акциски план за превенција и контрола на незаразни болести 2013-2020, Светската здравствена организација ја развива Стратегијата за физичка активност на СЗО за Европскиот регион 2016-2025. – Оваа стратегија се фокусира на улогата на физичката активност како водечки фактор за здравје и благосостојба во Европскиот регион, каде како Приоритет број 3 се издвојува промоцијата на физичката активност кај возрасното население, како дел од нивниот секојдневен живот, вклучително и на работното место, појаснува Бислимовска. Како една од првите посериозни иницијативи за примена на активна промоција на физичката активност кај работоспособното население кај нас го издвојува организирањето на посета на СЗО мисија за пронаоѓање факти за поддршка на промоција на физичка активност во Република Македонија, во периодот од 19-22 февруари 2019 година. – Во рамките на извештајот, кој беше изготвен на крајот од нивната посета се укажа на важноста од промовирање на физичка активност за сите возрасти како дел од секојдневниот живот, вклучително и за време на транспортот, слободното време, на работното место и преку системот за здравствена заштита. Како главни цели за идна имплементација, кои директно се однесуваат на работоспособното население на територијата на нашата држава, се издвојуваат намалувањето на автомобилскиот сообраќај и зголемување на соодветноста за пешачење и возење велосипед, како и обезбедување можности и советување за физичка активност на работното место, преку подигање на свеста за физичката активност на работното место и имплементирање на примери за добра практика во поединечни институции како што е Факултетот за физичка култура, спорт и здравје на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, но, и развој на стратегии, политики и активности поврзани со промоција на физичката активност на работно место, наведува таа. Бислимовска дополнува дека работната група предводена од Канцеларијата на претседателот на Владата, во која биле вклучени претставници од повеќе сектори, изработила едногодишна национална програма – Програма за физички активна нација, меѓутоа, како што вели, иако подготвената програма начелно добила поддршка од раководството на Министерството за здравство, сепак, истата не била проектирана во буџетот за 2022 година и оттаму не можела да се реализира. – Годинава, со поддршка на СЗО Канцеларијата во нашата земја, беше покрената иницијатива за унапредување на физичката активност на работното место, во соработка со претставници од Министерството за здравство, Факултетот за физичко образование спорт и здравје и Институтот за медицина на трудот на РМ, СЗО Колаборативен центар, во рамките на која во периодот јуни/јули 2022, се подготви истражување, односно, комплексна анализа на податоци од научна и стручна литература, актуелни легислативи, регулативни акти, објавени политики, стратегии, програми, водичи, извештаи, изработен од страна на експертскиот тим на Институтот за медицина на трудот на Република Македонија, СЗО Колаборативен центар, преку кој се овозможи преглед на моменталната состојба во земјите од ЕУ и кај нас, со што се постави одлична основа за идентификација на потенцијалните проблеми и недостатоци, но и конкретни насоки за идни активности и можни чекори за делување, вели Бислимовска. Од анализта произлегле пораки кои имаат за цел да ја подигнат свесноста за физичката активност на работно место и тие се насочени кон различни фокус групи, работниците кои имаат седентарен вид на работа и нивните работодавачи, како и кон креаторите на политики на национално ниво со цел поголема поддршка за развој на нови и евентуално субвенционирање на постојни програми. Истите беа презентирани на Националниот состанок за унапредување на физичката активност на работното место. Мултисекторскиот пристап неопходен за унапредувањето на физичката активност Сања Саздовска, државен советник – контакт лице за физичка активност од Министерството за здравство за СЗО, вели дека во моментов, преку мултисекторски пристап се фокусирани на унапредување на физичката активност и веќе се подготвени препораки до работодавачите и креаторите на политики во однос на усвојување на иницијативи за активни работни места. – Во рамки на програмата „Унапредување на физичката активност на работно место“, експертскиот тим подготви препораки за физичка активност на работно место. Тие се таргетирани кон креаторите на политики, работодавците и работниците. Продолжуваме да ги следиме добрите практики и светски искуства, но, како приоритетна цел најпрво си ја поставуваме целта заеднички да работиме на подигнување на свесноста за важноста на физичката активност, затоа што на овој начин, во значителна мера може да влијаеме во превенција на низа заболувања, вели Саздовска. Според Силвија Митевска, извршна директорка на Здружение за спорт (Sport Social Solutions), дел од препораките кои можат да бидат иницирани и имплементирани од страна на надлежните национални институции се однесуваат на спроведување на истражувања и подготовка на сеопфатна национална стратегија за активен транспорт (велосипедизам, пешачење) која ќе вклучува делови наменети за активен транспорт до и од работно место, предвидени законски измени со цел воспоставување и зајакнување на структури за унапредување на здравјето на работниците, вклучително и промовирање на физички активни работни места, како и обезбедување на финансиски ресурси и поддршка за компаниите и институциите кои го развиваат и поддржуваат концептот за активен транспорт до работно место. Таа споделува дека пораките кон работодавачите најмногу се однесуваат кон креирање на организациска култура која ја промовира благосостојбата и продуктивноста на вработените, односно интегрирана физичка активност при политиките и на ниво на претпријатието/институцијата. – Подетално ова се однесува на организација на активни настани. Понатаму, активни работни паузи или активни интерни работни состаноци кои наместо традиционалните состаноци на кои сите седат со часови, истите можат да се заменат со прошетки низ градски паркови. Во овој дел има многу иницијативи и добри практики кои се имплементирани од различен профил на работодавачи ширум земјите во Европската Унија. Потоа, креирање на политики за активен транспорт до и од работното место претставуваат важен дел од холистичкиот пристап на работодавачите кон овозможување на безбедна и активна работна средина за своите вработени, набројува Митевска. Придобивките од физичка активност се многубројни Недоволната физичка активност е еден од водечките фактори на ризик за смрт во светот. Околу 3,2 милиони смртни случаи во светот се поврзуваат како индиректна последица од физичка неактивност. На глобално ниво, од четворица возрасни, еден е физички неактивен. Луѓе кои се недоволно активни имаат 20 до 30 проценти поголем ризик од смрт во споредба со луѓето кои се доволно активни. Саздовска вели дека согласно направените проценки во 2019 година населението загубило 5 000 години живот поради „седечкиот“ начин на живеење. Статистиката глобално покажува дека над 80 проценти од адолесцентната популација во светот се недоволно физички активни, а состојбата во нашата држава, исто така, е во овие рамки. Митевска вели дека придобивките од физичка активност се многубројни и се однесуваат на подобрување на физичкото и менталното здравје. – Физичката активност на работното место за самите работници овозможува подобрување на кондицијата и здравјето, но и продуктивноста и моралот, унапредување на тимскиот дух и задоволството од работата, намалување на стресот и подобрување на концентрацијата и менталната острина, вели таа. На ниво на работната организација како придобивки Митевска ги набројува намалување на појавата на апсентизам и промена на персоналот, подобрување на продуктивноста, мотивацијата и моралот кај персоналот, зголемување на ефикасноста во работната организација во целина, одобрување на корпоративниот имиџ/лојалност, како и на односите меѓу менаџментот и персоналот. На национално ниво, според неа, поголем број на активни граѓани значи поздрава нација и намален финансиски трошок на здравството. – Вложувањето во промоција и учество во спортско-рекреативни активности не е трошок туку инвестиција во заштита и унапредување на јавното здравје и продуктивна иднина, вели Митевска. Имајќи превид дека еден од главните предизвици за намалена физичка активност е недоволно слободно време, важно е да се биде активен низ текот на целиот ден. Најголемиот дел од работоспособното население своето време го поминува на работното место, и токму затоа треба да се изнајде начин да се биде активен и за време на работните часови, особено за работниците кои имаат седентарна професија./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноДошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела. Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто. Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден. Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател. После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта. Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен. Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата. Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош. На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси. Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција. Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот. View this post on Instagram A post shared by Agora Brasil (@agorabrasilnews) Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни. Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители. По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби. Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата. Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот. Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата. Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.Тагови: гробот погреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
СветТрамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери. „Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп. Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје. „Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп. Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година. „Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV. Неочекуван пресврт Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето. „Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“ Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат. @chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis Разочарување на социјалните мрежи Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи. „Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата. Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“. @katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte Се обидоа да ги обештетат И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија. „Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“Тагови: Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter