ФИТР: Презентирани девет проекти за намалување на загадувањето поддржани од Фонд за иновации и технолошки развој - Канал 5

ФИТР: Презентирани девет проекти за намалување на загадувањето поддржани од Фонд за иновации и технолошки развој

Во Фонд за иновации и технолошки развој денеска беа презентирани девет проекти за намалување на загадувањето на воздухот.

ФИТР: Презентирани девет проекти за намалување на загадувањето поддржани од Фонд за иновации и технолошки развој

Поддржани преку три различни програми на ФИТР: „О2 Предизвик", Комерцијализација на иновации како и „Предизвик за млади истражувачи".

На презентацијата учествуваа претставници на домашни мали и средни компании, како и учениците од средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин" од Скопје.

За презентираните проекти направени се мерења во лабораториска и реална средина, а резултатите беа презентирани пред присутните на денешниот јавен настан.

Проектот за електричен велосипед со вградени филтри за воздух на „Венито Комерц" покажува ефект на прочистување на загадување од ПМ10 и ПМ2,5 честички колку што создаваат два автомобили со дизел мотор. Прочистувачот на воздух за отворени средини на „Дарис Инжинеринг" се очекува да опфати површина од околу 400.000 м2 и притоа првичните мерења покажуваат ефекти видливи на веднаш по поставувањето.

Проектот на „Металотехника" од Прилеп обезбедува заштеда на енергија за загревање на домовите од најмалку 30% со нанотехнологија технологија изработена од локални материјали.

Средношколците од „Раде Јовчевски Корчагин" презентираа концепт на „внатрешен прочистувач на воздух" базиран на искористување на специфични растенија во училниците. Компанијата „Еко Солар" го претстави прототипот на мерни станици, кои чинат 90% помалку од цената на увезени, а се базираат на искористување на современа технологија за мерење и лоцирање на загадувачи со значително поголема прецизност од постојните мерни станици. Проектот на „ББ Класик карс" го презентираше прототипот на електричен автомобил од домашно производство со 0 емисија на штетни честички во воздухот, што може да помине до 150 км со едно полнење на батерија и да развие просечна брзина до 120 км/ч. За автомибилот веќе е обезбеден TUV сертификат од Германија и се презентира на пазарите во Италија. Цената на чинење на овој автомобил е во просек за 40% пониска од сличните што се нудат на пазарот од странски производители.

Проектот на компанијата „Технобен Нова" за филтер за прочистување на индустриски капацитети покажува намалување на емисија на ПМ честичките за половина, односно од 0.152 е намалена на 0.076. Додека јаглеродниот моноксид исто така се намалува од 1460 на 683 мг/м3. Соларниот панел на компанијата „Еко Солар" за 5 месеци покажува заштеда од 675 kWh и намалување на аерозагадување – со употреба на само еден колектор на годишно ниво - од 698 ЦО2 на 260ЦО2.

На презентацијата на ефектите се обрати и директорот на Фондот Деспотовски, кој изјави: „Денес претставуваме резултати од 9 проекти за намалување на загадувањето на воздухот, финансирани преку различни механизми на ФИТР во кои се инвестираат околу 1 милион евра, од кои 250,00 се влог на самите компании. Реални проекти, со реални луѓе, на реални компани и со реални ефекти. Јас не велам дека овие проекти денес ќе го решат проблемот со загадувањето во нашата земја или на глобално ниво, но тие секако даваат придонес. Најлесно е сите да покажеме со прст кон Министерството за животна средина и да чекаме тие да го решат проблемот. Но, сметам дека сите институции, организации, па и поединци треба и мора да дадеме придонес, секој во својата област и микро средина овој глобален проблем да се надмине. Како Фонд, воведовме и обврска за сите компании кои ги финансираме, и пред потпишување на договорите се прави независна проценка дали проектите што се финансираат, а треба да донесат економски раст, имаат некаков удел во загадувањето, нагласи Деспотовски.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, истакна дека еден од најефикасните начини за справувањето со загадениот воздух се иновациите, област во која Европската Комисија ги насочува своите активности и политики.

„Европа се судрува со две кризи, економската, односно големата нееднаквост во земјите членки и земјите кои сакаат да станат дел од Унијата, а втората е екологијата и предизвиците што ги носат климатските промени и животната средина. Овие кризи се креирани од политички одлуки и само така можат да се решат, се разбира со помош на иновации, вредни млади луѓе и секако науката. Нашата земја работи на обезбедување финансиски инструменти за поддршка на иновациите во оваа област, а тие пак треба да водат транзиција во зелена економија. Драго ми е што Фондот го препознава ова, односно потребата да создадеме капацитет да бидеме подготвени во процесот на преговори и да можеме вистински да придонесеме во намалувањето на загаденоста на воздухот," кажа Макрадули.

Деспотовски најави и нови програми и повици во овој дел, а следен би бил нов јавен повик – „О2 Предизвик 2", што ќе се спроведува во партнерство со Министерството за животна средина, невладините организации кои работат во оваа област и со УНДП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило.

Уапсени се 17 возачи: Десетмина немале возачка, петмина возеле пијани- еден дури со 3,35 промили алкохол во крвта

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од Гостивар, Д.Л.(34) од Прилеп и Е.В.(53) од Струга.

Во Виница, 14-годишен малолетник, пред да се стекне со право на управување со моторно возило, изгубил контрола над мопедот и паднал. Исто така, службен разговор бил извршен со Е.Е.(19) од Велес, кој учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл без регистарски ознаки и две други возила, а претходно не се стекнал со право на управување со моторно возило.

Пет лица управувале возило под дејство на алкохол. Кај К.К. биле измерени 3,35 промили алкохол во крвта, кај И.А.(52) од Куманово 2,17 промили, кај Н.Ѓ.(33) од Куманово 1,55 промили, кај С.Ј.(34) од Битола 1,60 промили, а кај Х.П.(28) од Охрид 1,68 промили алкохол во крвта.

Две лица управувале возило и покрај активна забрана за управување со моторно возило. Станува збор за А.Ш.(39) од село Обедник, демирхисарско, и Р.Л.(55) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода управувајќи патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки.

Г.Р.(53) од село Мусинци, општина Могила, управувал возило без положен возачки испит и под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на активна забрана за управување. Особено апелираме до родителите да не им дозволуваат на малолетни лица да управуваат моторни возила пред да се стекнат со законско право за тоа. Одговорното однесување во сообраќајот е од суштинско значење за спречување на сообраќајни незгоди и заштита на човечките животи, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е охриѓанец- во неговиот дом се пронајдени дрога и пари

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдена дрога и пари.

Уапсен е охриѓанец- во неговиот дом се пронајдени дрога и пари

На 07.11.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(49) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три опаковки со бела прашкаста материја и пари.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радовишанец по телефон се заканувал во амбасада- упатен е на психијатриско вештачење

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш.

Радовишанец по телефон се заканувал во амбасада- упатен е на психијатриско вештачење

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ по член 420 став 4 од Кривичниот законик. На 04.11.2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност.

Настанот бил пријавен на 05.11.2026 година во МВР, по што полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода Ѓ.Н., кој во службен разговор го признал делото.

По поднесената пријава, а врз основа на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер