ТехнологијаФИТР: 158 предлог дигитални решенија на јавниот повик Креатон за справување со последиците од КОВИД – 19 одат во фаза на финална селекцијаВкупно 158 од 546 пристигнати иницијативи одат во фаза на финална селекција на јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од КОВИД-19.Сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција, во следните 48 часа треба да изработат на активности и буџет, како и куса видео презентација (pitch) пред Комисијата за евалуација и избор. Комисијата е составена од членови на Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР, а предлозите се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание. Предлог иницијативите нудат решенија во неколку области – во најголем дел се наменети за е-образование, медицина, ИТ платформи за прилагодување на бизнисот во услови на криза, финансии и трговија, како и информирање, култура и слободно време. Решенијата што по завршување на оваа фаза ќе бидат избрани за реализација имаат рок од 15 дена да бидат функционални. Дополнително, се очекува решенијата да бидат целосно применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со КОВИД – 19 вирусот, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството. Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10.000,00 евра во денарска противвредност. Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19. Тимот на ФИТР веќе финализира и нови предлози за поддршка на своите корисници и домашната економја како дополнение на пакетот економски мерки на Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов обид за набавка на 150 електрични автобуси - четири компании во трка за големиот тендерЧетири компании доставиле понуди на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, наменети за јавниот превоз во Скопје и во другите градови низ државата. Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека во понеделник јавноста ќе биде информирана за резултатите од евалу-ацијата.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
ЕвропаШпанија прими над милион барања за легализација на статусот на мигрантитеШпанија прими повеќе од еден милион барања во рамки на вонредната програма за легализација на статусот на мигрантите, што е двојно повеќе од првичните проценки на владата.Властите имаат рок од три месеци да ги разгледаат барањата и да одлучат дали ќе издадат дозволи за престој и работа.. Премиерот Педро Санчез изјави дека мерката е неопходна за шпанската економија и за интеграција на стотици илјади луѓе кои живеат во земјата.. Владата најави и интеграциски план вреден 500 милиони евра, кој ќе опфати стручно оспособување, учење јазици и зајакнување на јавните услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаСедница на социјално - економскиот советЗаконот за високо образование, годишната програма за работа на ЕСС биле главните точки на кој се разговарало на денешната седница на економско совијалниот совет...Во рамки на програмата предвидено е до крајот на годината да се разговара и за минималната плата, но и за владината потрошувачка кошничка, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши... Иако на седницата не станало збор за цените на храната, Дурмиши во изјава за медиумите рече дека двете детални анализи кои ги направил дражвниот пазарен инспекторат покажале дека состојбата со цените на хранта во моментов е стабилна, но пазарен, вели, останува на терен и доколку во иднина има неосновано поскапување како влада ќе превземат соодветни мерки. По седницата изјава за медиумите дадоа и од Сојузот на синдикати, од каде уште еднаш повторија дека мора да има раст на платите бидејќи секојдневно велат растат и трошоците за живот, податок што го потврдува според нив и пресметката на минимална синдикална кошничка. Од ресорното министерство очекуваат до крајот на годината да биде целосно усогласена владината потрошувачка кошничка, која според нив ќе користи при креирање на идните економски политики... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook