Фитнес инструкторката со најдобар задник, еве како тоа го постигнува (фото) - Канал 5

Фитнес инструкторката со најдобар задник, еве како тоа го постигнува (фото)

Ја нарекуваат „The Body” (Телото), а милиони ширум светот и завидуваат на задникот кој со помош на вежбите го довела до совршенство.

Фитнес инструкторката со најдобар задник, еве како тоа го постигнува (фото)
Мишел Левин е една од најпознатите инструкторки по фитнес, а тајната на нејзиниот изглед е во посветеноста на тренингот.

Убавата Венецуелка немала среќа кога била мала, бидејќи го изгубила својот татко, мајка и се премажила, а подоцна тие двете останале сами.

Својата среќа ја пронашла покрај шведскиот боди билдер Џими Левин и од 2010 година се во брак.


Damn chewing gum🤷🏻‍♀️ @lee_lhgfx

A post shared by Michelle Lewin (@michelle_lewin) on


Мишел неодамна беше прогласена за највлијателна фитнес инструкторка.

На Инстаграм ја следат повеќе од 13 милиони луѓе, а таа секојдневно објавува вежби со кои можете да го извајате телото исто како неа.

„Не изгледав вака отсекогаш, мажот целосно ме промени, ослабев и изградив мускули“ – признава убавицата која само наутро јаде јаглени хидрати.



За ручек бира протеини, а попладне јаде само овошје. Во текот на денот има четири оброци и сите шест дена е многу дисциплинирана кога станува збор за исхраната.

„Недела е мој ден. Тогаш јадам што ќе посакам, пица, паста и одвај престанувам да јадам тој ден“ – искрено признала своевремено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Бизнис арена“: Вмрежување и вештачка интелигенција во фокусот на македонскиот бизнис

Во Скопје се одржува „Бизнис арена 2026“, конференција посветена на развојот на македонските брендови, вмрежувањето на компаниите и можностите за настап на странските пазари.

„Бизнис арена“: Вмрежување и вештачка интелигенција во фокусот на македонскиот бизнис

Во фокусот се и влијанието на глобалните економски трендови, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција во бизнисот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 59 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).  

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ - тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет

- На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, мој драг пријател, имав чест да присуствувам на одбележувањето на овој значаен ден за македонската наука и уметност. Силата на една нација се огледува во знаењето што го создава, културата што ја негува и наследството што им го остава на идните генерации. Токму затоа, МАНУ има посебно место во нашиот национален и општествен развој. Особено задоволство ми беше што бев меѓу истакнати претставници на научната мисла од Македонија и од регионот, со кои разговаравме за теми од значење за иднината на Скопје. Нивното знаење, искуство и визија се драгоцена поддршка во создавањето град што се развива, го почитува своето наследство и отвора нови можности за генерациите што доаѓаат – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Македонската академија на науките и уметностите со децении е столб на научното и уметничкото творештво и на интелектуалниот и духовниот развој на Македонија. Со својот авторитет и интегритет, таа има непроценлива улога во проучувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет, како и во унапредувањето на меѓусебното почитување и соживотот меѓу заедниците.

- Почитта кон ваквите институции ја покажуваме и преку конкретна грижа. Како Град Скопје, започнавме со хортикултурно уредување на просторот околу МАНУ, за ова значајно средиште на знаењето и творештвото да добие поубаво и поуредено опкружување, достојно на неговото значење – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрени честитки до Соња Должан од Словенија, овогодинешната добитничка на меѓународното признание „Блаже Конески“, со желби за уште многу успеси и нови творечки достигнувања, а на сите членови и соработници на МАНУ им го честиташе празникот, со длабока почит кон нивната работа и придонес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите?

Како полесно до реализација на професионалната кариера?

Од пракса до вработување-кои се очекувањата на студентите а кои на компаниите?

Од факултетските клупи до првото работно искуство. Студенти, дипломирани инженери и претставници на 18 компании денеска на едно место, во потрага по нови професионални можности.

На Машинскиот факултет во Скопје започна дводневниот Саем за пракса и вработување, на кој младите имаат можност директно да разговараат со работодавците, да се информираат за слободните позиции и да го направат првиот чекор кон својата кариера.

Дали лесно се наоѓа пракса или работа по завршувањето на студиите? Што очекуваат од компаниите?

Покрај можностите за вработување, фокусот е ставен и на практичната работа, преку која младите можат стекнатото теоретско знаење да го применат во реална работна средина. Токму ваквата соработа меѓу факултетите и компаниите треба да им помогне на студентите полесно да преминат од образованието кон пазарот на трудот.

-Целта е да се обезбеди лесно наоѓање на пракса, изработка на семинарски работи и дипломски работи во овие но и во други компании/ Интересот на вработување инженери е голем , ние сакаме со ваквите настани да овозможиме студентите својата пракса и вработување да ја дадат во домашни услови а не да ни избегаат во странство“.

Од другата страна, за студентите ваквите саеми се можност одблиску да се запознаат со барањата на компаниите, но и да дознаат какви услови и можности за професионален развој им се нудат.

-Од гледна точка на студентите ние сме навистина среќни што факултетите организираат саеми за пракса и вработување затоашто на нас студентите кога на факултет имаме задолжителби предмети и пракса навистина ни е потребно да дојдат компаниите, да ни се претстават и ние да можеме да си го пронајдеме нашиот кариерен пат, - Ана Шоповска заменик правобранител на Машински.

Од факултетот најавуваат дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, но очекувањата и на студентите се овие првични средби да прераснат во конкретни можности за пракса но и вработување на младите инженери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер