Фискален совет: Можни се две сценарија за раст на јавниот долг по заем од 2 милијарди евра - Канал 5

Фискален совет: Можни се две сценарија за раст на јавниот долг по заем од 2 милијарди евра

При презентација на истражувањето од влијанието на фискалните политики врз економскиот раст, од Фискланиот совет во земјава велат со заемот од околку 2 милијарди евра ќе расте и јавниот долг.

Фискален совет: Можни се две сценарија за раст на јавниот долг по заем од 2 милијарди евра

Со заемот од околу 2 милијарди евра со кој државата планира да ја гради брзата прга и здравствени капациетите - ќе расте и јавниот долг, предупредупредуваат од фискалниот совет, од каде велат во игра според нив се две сценарија. Според првото, доколку дражавата повелкува пари од 2027 до 2029 година, по 667 милиони евра годишно, тогаш според нивните пресметки јавниот долг ќе се зголеми на 64,7 % , додека во второто сценарио, кое според нив е поодржливо и носи помаллку макроекономски ризици, јавниот долг би достигнал 63 %, ако годишно до 2032 година се повлекуваат по околу 400 милиони евра годишно.

„Овдека се вклучени оние информации кои до денеска ги имаме на располагање а тоа е законот што се усвои во парламентот, меѓутоа не со конкретни податоци, и не со конкретни услови за задолжувања затоа што исисте не се обајвени. Меѓутоа ние напраивме хипотетички претпоставки што би било кога би се задлжиле за дополнителни 2 милијарди евра.... “

При презентацијата на резулатите од истражувањето за влијанието на фискалните политики врз економскиот раст ов Македонија, Косово и Албанија, членот на фискалниот совет Абдуламенаф Беџети посочува во македонскиот буџет доминантна е социјалната компонента.

„Две третини од целокупните јавни расходи сенаменети за социјални фондови и социјална заштита, ако ги земаме вкупната компонента во расходаната страна на буџетот тој ни е доминантен со социјална компоненета, многу малку ни останува за економската компоненета....“

По потпишувањето на договорот Влада со Влада со Велика Британија, Македонија може да искористи 6 милијарди евра, за кои Британија ќе биде гарант. Од овие средства, кои не мора да се искористат во целост, државата планира првично да земе околку 2 милијарди евра, средства со кои ќе се гради брзата пруга од Табановце до Гевгелија, клиничката болница, медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип, болницата во Кичево, како и реновирање на болницата во Тетово.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028

 По одигрувањето на сите преостанати натпревари во Лигата на нации, познат е составот на сите шешири за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

Познати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по очајните резултати во Лигата на нации е во третиот шешир, што значи дека за противници во квалификациите не може да ги добие селекциите на Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија....

Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи на 7 декември во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, еден од кодомаќините на ЕУРО 2028 заедно се Велика Британија.,

Составот на шеширите е следен:

Прв шешир: Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Холандија, Грција, Италија, Белгија, Данска, Германија, Хрватска, Норвешка

Втор шешир: Велс, Чешка, Србија, Турција, Швајцарија, Шведска, Австрија, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Ирска, Унгарија, Ирска

Трет шешир: Македонија,, Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија, Словачка, Црна Гора, Исланд, Албанија

Четврти шешир: Белорусија, Финска, Кипар, Естонија, Бугарија, Луксембург, Фарски Острови, Ерменија, Молдавија, Казахстан, Латвија, Сан Марино

Петти шешир: Малта, Азербејџан, Литванија, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн .

Термините за одигрување на квалификациските кола за Европското првенство 2028 се следни:

1. коло: 26–27 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

2. коло: 29–30 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

3. коло: 11–12 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

4. коло: 14–15 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

5. коло: 23–25 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

6. коло: 26–28 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

7. коло: 30 септември – 2 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

8. коло: 3–5 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

9. коло: 11–13 октомври 2027 г. Ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи)

10. коло: 14–16 ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) .

Полуфиналните натпревари од плеј-офот се играат од 23 до 25 март 2028 година, а финалето од плеј-офот – од 26 до 28 март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: И Трамп пристигна во Шенжен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Шенжен, град во јужната кинеска провинција Гуангдунг, каде што ќе присуствува на дводневниот 33-ти самит на економски лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Видео: И Трамп пристигна во Шенжен

Претседателот на Кина Си Џинпинг лично го пречека Трамп на аеродромот во Шенжен.

Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако ја презеде функцијата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром.

Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Соединетите Држави.

Трамп инаку е првиот американски претседател кој го посетил овој град во Кина за време на неговиот тековен мандат. Шенжен инаку е еден вид престолнина на вештачката интелигенција (ВИ) и кинески одговор на Силиконската долина, каде што се наоѓаат кинеските технолошки гиганти, според CNN.

Се очекува Трамп во Шенжен да оствари историска средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, а невидената трилатерална средба е закажана за утре.

Пред Трамп, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Шенжен, а тој веќе се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, според руските и кинеските медиуми.

Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна вториот ден од конститутивната седница на српското собрание

Започна вториот ден од конститутивната седница на Парламентот на Србија, пратениците се во пратеничките клупи, присутни се 128 пратеници.

Започна вториот ден од конститутивната седница на српското собрание

Пратениците на Собранието на Србија денес продолжуваат со својата работа и конститутивната седница на новото свикување. Седницата започна во 10 часот о. Вчера беше конституирано новото, 15-то свикување на Народното собрание на Србија.

Формирани беа и пратеничките групи на Студентската листа, предводена од Јово Бакиќ, и Единствена Србија, предводена од Александар Вучиќ.

Кандидати за претседател на Парламентот се Александар Чупиќ и Стојан Раденовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер