Финска е на чекор од затворање на сите граници со Русија

Финскиот премиер Петери Орпа денеска изјави дека владата е подготвена брзо да воведе нови ограничувања на источната граница со Русија и дека ситуацијата внимателно се следи.

Според него, во моментов е во тек разгледување и подготовка на понатамошни мерки.

„Подготвуваме доволно силни мерки и подготвени сме брзо да ги преземеме доколку е потребно“, изјави Орпо.

Премиерот деновиве е во посета на граничната станица Вартиус.

Тој исто така рече дека е жално што Русија не ги променила своите активности.

„Се чини дека феноменот овде продолжува. Ние не го прифаќаме ова. А ако треба, преземаме нови чекори“, рече Орпо на прес-конференцијата.

Според него, Финска треба да биде загрижена што соседна Русија долго време се однесува непредвидливо.

„Не можете да бидете подготвени за сите можни сценарија во секое време, ако некој друг има намера да внесе конфузија во финското општество. Затоа мора да бидете подготвени за фактот дека сè може да се случи“, рече тој.

Кортни Кокс (60) се сними како излегува од замрзнувачот: „Одлично се чувствувам“

Кортени Кокс, актерката позната по улогата на Моника во серијата Пријатели, минатиот месец го прослави својот 60-ти роденден.

Својата рутина ја објави на Инстаграм за која вели дека одржува одлична фигура, но дури и самата призна дека понекогаш претерува.

„Само што го прославив роденденот... Не ми се допаѓа кој број беше, но немам избор“, почна со овие зборови во видеото снимено во теретана. Кокс рече дека треба да дадете сè од себе, а рутината за вежбање која таа им ја претстави на своите следбеници вклучуваше вежби за раце, влечење, вежби за гради, стомачни мускули и кардио.

Кортни носеше црн спортски градник и хулахопки во иста боја кои ја истакнаа нејзината витка фигура. Иако нејзиниот сет за вежбање е прилично стандарден, кон крајот на видеото работите се сменија. Актерката ја замени својата црна облека за вежбање за бикини и се сними како излегува од замрзнувачот.

„Што, ова ли е криотерапија? се пошегува познатата актерка. Инаку, криотерапијата или студената терапија вклучува употреба на ниски температури во медицинскиот третман и е пофалена за придобивки во намалувањето на воспалението и промовирањето на закрепнувањето. Иако на јавноста не и е познато дали Кокс тоа го прави секој ден, таа претходно објави видео на кое се обидува да влезе во ледена бања.

Кокс претходно изјави за „Glamour“ дека мислела дека ќе го мрази трендот на велнес, но го засакала со текот на годините. „Се чувствувам одлично со часови по влегувањето во замрзнувачот“, објасни таа и додаде: „Колку и да се плашите да влезете, знајте дека потоа ќе се чувствувате многу добро“. Таа истакна дека го сака напливот на допамин што го добива кога влегува во замрзнувачот.

Извор: Индекс.хр

Алиев: Азербејџан би можел да извезува гас преку Украина

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави денеска дека Украина и Европската унија се заинтересирани Азербејџан да ја снабдува Европа со природен гас преку Украина oткако ќе истече постоечкиот договор со Русија на крајот на годината.

„Продолжуваат разговорите со властите во Украина и ЕУ, како и со Русија, и се чини дека сите страни се заинтересирани за продолжување на снабдувањето. Ќе помогнеме ако можеме“, рече Алиев на прес-конференција, пренесе Блумберг.

Тој посочи дека производството на гас во неговата земја ќе се зголеми благодарение на новите и постоечките проекти во Каспиското Море. Во 2022 година, Азербејџан потпиша меморандум за разбирање со Европската комисија со намера да го удвои извозот на гас во Европа на 20 милијарди кубни метри до 2027 година.

„Земјата се движи кон целта. Извозот во Европа ќе се зголеми на близу 13 милијарди кубни метри оваа година од 11,8 милијарди кубни метри во 2023 година и осум милијарди кубни метри во 2021 година. Испораките ќе се испраќаат преку т.н. Јужен гасен коридор што го поврзува Азербејџан со Европа преку Грузија и Турција“, рече Алијев./MИА

Норис стартува прв на Хунгароринг

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Унгарија, откако постави најбрзо време во квалификациите благодарение на кругот што го извозе за 1:15.227 минути.

Првиот стартен ред го комплетира неговиот тимски колега Оскар Пјастри со заостанување од 0,022 секунди. Трет трката ќе ја започне актуелниот шампион Макс Верстапен, кој беше за 0,046 секунди побавен од возачот на Мекларен.

Исходот од квалификациите го реши несреќата на Јуки Цунода на две минути пред крајот. Возачот на РБ малку пошироко излезе од свиокот 3, помина преку тротоарот, „скокна“ во воздух и нанесе штета на својот автомобил, како и појавата на црвени знамиња.

Трката на Хунгароринг е закажана за в недела во 15 часот./МИА

притисни ентер