Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
МакедонијаФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ, ќе се доградуваат по нови проектиДвата недовршени објекта кај Ректоратот на УКИМ, чија изградба е стопирана повеќе од десет години, ќе се доградуваат кога ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи. Од Министерството за образование и наука велат дека во петокот (30 јанаури) завршил рокот за аплицирање на тендерот за нови проекти за градба, кој МОН го објави на крајот од 2025 врз основа на стручната анализа за состојбата во која се сега недоградените објекти и согласно со потребите на нивните идни корисници. Некои од тие потреби, како и стандардите за градење во меѓувреме, односно од 2013 кога почна изградбата, се сменети и затоа е одлучено, и наведено во тендерот, двата објекта да ги користи само Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бидејќи само една зграда не ги задоволува потребите ниту на овој факултет ниту на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, за кој беше наменет другиот објект. Од МОН ни соопштија дека и за овој факултет се планира нова зграда на местото каде што тој се наоѓа. Повикот за понуди за репроектирање на објектите беше објавен откога МОН ја доби анализата направена од стручно тело координирано од проф. д-р Горан Марковски од Градежниот факултет. Во работната група беа вклучени и други факултети на УКИМ: ФЕИТ, Машинскиот и Архитектонскиот факултет, како и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Во разговор за МИА проф. Марковски рече дека двата објекта, кои се простираат на вкупно 22 753 квадратни метри, ќе го задржат постојниот габарит и ќе немаат барокна фасада. Во нивната внатрешност ќе има прераспоредување на просториите, ќе има промени во инсталациите за греење, компјутерската инсталација итн. - Двата објекта се подземно поврзани со паркиралиште, а ќе има и топла врска помеѓу нив бидејќи ќе бидат за еден факултет, откако се заклучи дека ќе добиеме две згради, но ниту едната ниту другата нема да ги задоволи потребите ни на двата факултета. Сега треба да се најде проектант, потоа да се најде изведувач и да ги доврши работите. Проектната задача е доста обемна од сите аспекти. Дадени им се одредени насоки на идните проектанти каде треба да се движат и во однос на архитектонскиот облик, но, се разбира, не премногу детаљно затоа што на проектантот треба да му се даде слобода, изјави проф. Марковски. При истражувањето на состојбата на недоградените објекти, вели, се изненадиле од силна карбонизација во бетонот што потврдува дека има енормно загадување во тој дел од Скопје. Марковски појаснува дека карбонизација на бетонот на толку зачудувачки високо ниво е утврдена на некои места на објектите како последица на комбинацијата од влага и големо присуство на јаглерод диоксид и дека тој процес може да доведе до корозија на арматурата. Со новиот проект треба да се заштитат загрозените делови, а останатиот дел од конструкацијата, како што рече, е солиден и нема показатели на деградација. - Бетонот е во принцип базна средина, со висок pH-фактор и затоа арматурата во него е заштитена од корозија. Но, овој процес ја намалува базичноста и арматурата може да биде изложена на забрзана корозија. Објектите стојат отворени и оставени на атмосферските влијанија – дожд, мраз, снег, внатре влегувала вода и стоела додека не испари итн. Тоа траело со години. Во арматурата засега не е почната корозијата, но добро е што ќе се преземаат активности за завршување на овие објекти. Ако така остане уште некое време, дополнително ќе треба да поскапи целата алтернатива. Сега има мерки кои се релативно евтини и лесно применливи за да може да се стопира тој процес. Од една страна, имаме недовршени работи, тоа се фрлени пари, што е и најголемата штета, а второто што го откривме во анализата е дека токму тој дел, крстосницата кај Ректоратот, е еден од најзагадените во Скопје. Ова е доказ дека таму навистина имаме енормно загадување со јаглерод диоксид бидејќи во толку кус период од десетина години имаме толку голема карбонизација навлезена во длабочината на бетонските елементи. Има и на мостовските конструкции, кои се изложени на надворешни влијанија, но тоа е процес кој треба да трае стотина години. А овде имаме за само десет години. И од научна гледна точка за нас тоа е интересен податок и потврда за тоа колку во Скопје е загаден воздухот, рече Марковски. Динамиката со која ќе продолжи изградбата на објектите ќе зависи од расположивите средства во буџетот. Кога МОН, УКИМ, Градежниот факултет и Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) лани во мај го потпишаа меморандумот за формирање на работната група за увид во физичката состојба на објектите, беше соопштено дека според договорите за реализација на проектите од пред десетина години, изградбата на ФИНКИ требало да чини 784 милиони денари, а градењето на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, требало да чини 432 милиони денари. - Скапите работи допрва доаѓаат. Кога се почнуваат објекти и од која било причина остануваат недовршени, потоа секогаш има проблем од различни аспекти. Покрај тоа што фирмата изведувач заврши неславно, главната причина за многу години статус-кво беше политичка, за жал, како што и најчесто бива. На тие објекти и не им беше таму местото, надвор се од кампусот на УКИМ, таа локација е за парк. Почнаа да се градат без урбанистичка и архитектонска логика. Но, сега двете можности се или да се доградат или да се урнат. Тешко оди уривањето на вакви започнати објекти од повеќе причини. Веднаш ќе има реакции во јавноста дека се урива нешто што е изградено. Најдобро урбанистичко решение е нив да ги нема, меѓутоа кога веќе ги има треба да ги направиме така што ќе извлечеме максимум од нив. Заинтересираност и ангажман да се спаси она што е веќе направено и да се обезбеди квалитетен простор за ФИНКИ гледам и во Министерството за образование и наука, почнувајќи од министерката. Сакам да нагласам и дека од МОН немавме никакви ограничувања, услови или барања како тие би требало да изгледаат. Сè беше оставено на струката, имавме одврзани раце во поглед на тоа колку може максимално тие објекти да се усогласат со постојните во кампусот на УКИМ, посочи професорот од Градежниот факултет. Стручната анализа за состојбата на двата објекта е направена бесплатно од работната група што тој ја кооридинираше затоа што, вели, чувствувале општествена одговорност и затоа што тоа е најмалку што можат да направат за наш факултет и за наши студенти. Работната група понатаму не е вклучена во процесот, но му стојат на располагање на МОН во следните фази од овој проект. Марковски смета дека новото проектирање ќе трае до есен и дека би било добро ако до крајот на оваа година МОН распише тендер за изведувач на градежните работи. Градежниот и Архитектонскиот факултет почнаа да работат и на проектот на Македонски железиици – Инфраструктура за чистење и целосно реновирање на Железничката станица-Скопје, што треба да почне да се реализира наредната година. Марковски за МИА вели дека идејата е да ѝ се врати некогашниот сјај на главната железничка станица, со тоа што ќе бидат вметнати модерни материјали и содржини, но ќе се задржи автентичноста. Неговата порака е дека објектите кои се белег на главниот град мора да ја зачуваат суштината и, како што рече, да се има цивилизациски однос кон историското наследство и авторските дела. /МИА.Тагови: МОН ФИНКИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24