ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите? - Канал 5

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот „WebEmpower“. Наместо класичен академски пристап, настанот отвори директен и понекогаш неудобен дијалог за реалната состојба на дигиталната пристапност во Македонија.

Преку серија интерактивни сесии, работилници и меѓународна тркалезна маса, учесниците – од институции, ИКТ секторот и граѓанските организации – не зборуваа само за стандарди, туку за конкретни предизвици со кои се соочуваат корисниците секојдневно.

„Дигиталната трансформација нема вистинска вредност ако не ги вклучува сите. Нашата цел со овој настан беше да ја придвижиме темата од декларативно ниво кон практични решенија и конкретни чекори“, изјави проф. д-р Граматиков, координатор на проектот „WebEmpower“, нагласувајќи дека пристапноста мора да стане составен дел од секој дигитален процес – од дизајн до имплементација.

Особено внимание привлече тркалезната маса, на која меѓународни експерти споделија искуства од европски контекст, отворајќи прашања за тоа каде се наоѓа Македонија во однос на примената на стандардите за веб пристапност.

„Дигиталната инклузија е клучен елемент на современите демократии. Европските искуства покажуваат дека пристапноста не е само техничко прашање, туку дел од поширока општествена одговорност“, истакна амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер, посочувајќи ја важноста од усогласување со европските политики и практики.

Дискусиите се насочија кон практични решенија – од подобрување на јавните дигитални услуги до подигнување на свеста кај институциите и компаниите.

Маша Маловрх, експерт за веб пристапност, споделувајќи искуства и добри практики од регионот и Европската Унија меѓу другото истакна - „Пристапноста треба да се вгради уште во почетната фаза на развој, а не да се додава подоцна како корекција. Само така можеме да создадеме дигитални услуги што навистина функционираат за сите корисници“.

Настанот успеа да направи нешто што ретко се случува – да ги стави на иста маса креаторите на политики, техничките експерти и оние кои директно ги чувствуваат последиците од недостапноста. Во таа смисла, програмата не беше само едукативна, туку беше и со повик за одговорност.

Проектот „WebEmpower“ преку вакви активности има за цел да поттикне системски промени, но и да изгради нова култура на дигитален развој – онаа што не ги остава корисниците на страна.

Дводневниот настан на ФИНКИ не понуди одговори на сите прашања, но јасно покажа едно: дигиталниот напредок нема смисла ако не е еднакво достапен. А токму тука, дебатата дури сега започнува.

Проектот WebEmpower е поддржан од Министерството за дигитална трансформација на РСМ, а финансиран од Центарот за меѓународна соработка и развој (CMSR) на Република Словенија, во рамки на програмата Slovenia Aid & Partnerships.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер