Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми - Канал 5

Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми

Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми за злоупотреба на договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми.

Финансова поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми

Финансова полиција поднесе кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје Сабахадин Рустеми, против кој има основано сомнение за сторени повеќе кривични дела и тоа „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување исправа” и „проневера во службата” – во обид, склучувајќи договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми, а со намера да овозможи корист на договорните физички лица во вкупен износ од 68,5 илјади евра.

Управата за финансиска полиција преку соопштение информира дека до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против С.Р. во својство на поранешен в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 ст.4 и ст.3 вв ст.1 од КЗ на РСМ, „Фалсификување исправа” од член 378, ст.1 од КЗ на РСМ и кривично дело „Проневера во службата” – во обид од член 354 ст.2 в.в ст.1 в.в. член 19 од КЗ на РСМ.

- Пријавениот С.Р. во својство на в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје, со намера да ги исцрпи сите предвидени финансиски средства од склучениот Договор за интелектуални услуги со правниот субјект ВЕДА ДООЕЛ Скопје, во текот на 2025 година, два дена пред истекот на важноста на договорот, како и ден пред неговото завршување, во име и за сметка на претпријатието склучил пет договори со физички лица, во вкупен износ од 3.608.708 денари, од кои два фиктивни договори со висока нереална вредност од по 775.000 денари за интелектуални услуги - давање совети, имплементирање нови техники за заштита на животната средина во вкупна вредност од 1.550.000 денари, со лица кои биле негови лични познаници и за кои бил свесен дека немаат никаква експертиза во областа на заштита на животната средина. И покрај тоа што бил свесен дека услугите не се извршени, нема да бидат извршени, ниту постои објективна можност да бидат извршени во времетраење на договорот со авторската агенција, склучил три договори со физички лица во вредност од по 686.236 денари за сметководствени услуги и изготвување годишна сметка во вкупна вредност од 2.058.708 денари, иако бил свесен дека едно од лицата немало никаква експертиза во вршење сметководствени услуги и не е регистрирано како овластен сметководител во Регистарот на овластени сметководители - стои во соопштението од Финансова полиција.

По престанокот на важноста на договорот за интелектуални услуги со правното лице ВЕДА ДООЕЛ Скопје, односно откако пријавениот бил одвратен од намерата да го доврши кривичното дело „Проневера во службата” од член 354 ст.2 в.в ст.1 од КЗ на РСМ и да ги исплати средствата, поради навремено откривање на делото од страна на Управата за финансиска полиција, спровел нова постапка и склучил нов договор со правниот субјект ЕСИ СОЛУШН ДООЕЛ Скопје за интелектуални услуги, преку кој склучил договор со трето лице и ангажирал возило (камион) за собирање смет, потпишал патни налози и исплатил 604.461 денари спрема авторската агенција.

Според овие дејствија, Финансова полиција смета дека постои основано сомнение дека пријавениот постапил спротивно на член 40 и член 41 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ бр.24/19 и бр.87/21) и спротивно на утврдените начела на јавните набавки и тоа: начело на економичност, ефикасност и ефективност на користењето јавни средства, начело на конкуренција помеѓу економските оператори, начело на транспарентност, начело на еднаков третман и недискриминација на економските оператори и начело на сразмерност, предвидени во членовите 4-8 во ЗЈН, односно склучил фиктивни договори и договори без да биде спроведена јавна набавка, на кој начин ги сторил кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување”, „Фалсификување исправа” и „Проневера во службата“– во обид, а со намера да овозможи корист на договорните физички лица во вкупен износ од 4.213.169 денари.

Рустеми од октомври минатата година се наоѓа во притвор, откако против него и уште едно лице беше отворен кривичен предмет, поради основано сомнение за сторено дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер