ЗабаваФинансиски хороскоп:Кој најмногу троши, а кој е најштедливиот хороскопски знакВашиот однос кон парите, покрај хороскопскиот знак во кој сте родени, зависи и од втората куќа на хороскопот и планетите кои се сместени во неа.Еве што открива знакот во кој сте родени за вашето располагање со финансиските средства. Овен Не сакаат да собираат пари на куп, туку повеќе сакаат секогаш да вложуваат, а не бегаат од ризичните инвестиции кои некогаш им се исплаќаат, а некогаш не. Импулсивни и темпераменти не се занимаваат со размислување за иднината, па и нивниот однос кон парите е таков. Бик Како сите земјени знаци и Биковите се на глас како штедливи и претпазливи со парите. Сепак, луѓето родени во овој знак не се скржави и секогаш ќе ги потрошат со задоволство парите на убава храна, пијалок или уредување на домот, со тоа приказната за нивната штедливост обично не држи вода. Сакаат да собираат пари и работи. Близнаци Близнаците живеат од момент до момент, што е видливо и по нивниот однос кон парите. Невнимателни се и не сакаат да штедат, па често се во долгови, од кои се извлекуваат со барање позајмици или кредити. Рак Овие луѓе се многу внимателни со парите и од мали нозе се штедливи и промислени. Сакаат да „калапат“ пари и не се склони кон расипничко однесување, но не се скржави, па секогаш со задоволство им позајмуваат пари на членовите на семејството или пријателите кои имаат проблеми. Лав Лавовите сакаат луксуз и уживаат да трошат пари на уживање и задоволство. Сакаат другите да им завидуваат, па често имаат најскапа облека, парфеми и накит, а со задоволство вложуваат и во автомобили и уредување на станот. Великодушни се, па не трошат само на себе, туку и на луѓето кои ги сакаат, а со задоволство често се во убави ресторани и одат на патувања. Девица Како и сите аспекти на животот, Девиците се внимателни и по прашњето на финасиите. Штедливи се и секогаш внимаваат како ги трошат, а не се впуштаат во поголеми трошоци без детална анализа. Песимисти се кои стравуваат од неизвесната иднина, па затоа секогаш настојуваат да имаат нешто пари на страна, за црни денови. Вага Вагите вистински уживаат во купување, па затоа за нив може да се рече дека се најрасипничкиот хороскопски знак. Уживаат во убава облека, козметика, козметички третмани и на тоа никогаш не штедат. Често се во минус на сметките, но некако успеваат да спојат крај со крај со пеглање на картичката, позајмување или кредити. Скорпии Скорпиите се вистински мајстори кога се работи за пари. Овие луѓе имаат добар нос за бизнис, а при впуштањето во поголеми инвестиции редовно се потпираат на својата интуиција која ретко ги изневерува. Храбри се и склони на ризик, што може да им биде многу исплатливо. Стрелец Великодушниот Стрелец е еден о знаците кои не се замараат со штедење и стравот од иднината. Трошат како утре да не постои, а со задоволство одат на патувања или често се во ресторани. Сакаат да трошат и на други, и поради тоа што не внимаваат често крајот на месецот го дочекуваат со минус на сметката. Нивен владател е среќниот Јупитер кој секогаш се грижи да не бидат без ниедна пара. Јарец Тие се претпазливи и амбициозни луѓе кои напорно работат за парите, и затоа не сакаат брзоплето и импулсивно да потрошат. Од мали нозе штедат и се откажуваат од луксуз, затоа што парите им претставуваат сигурност и моќ. Обично се смета дека се скржави, но тоа не е вистина, затоа што Јарците секогаш им помагаат на ближните ако се најдат во проблеми. Водолија Водолиите не ретко имаат невообичаен односкон парите. Постојат периоди во животот кога имаат многу, но и периоди кога се во беспарица. Со задоволство трошат на себе и друштвото, делат се што имаат и секогаш им позајмуваат на пријателите. Риби Рибите можат да бидат вистински мајстори во стекнување пари, но не им е лесно да ги задржат. Живеат во некој свој свет каде парите не играат главна улога па често трошат над своите можности. Не е ретко до грло да се во минус и кредити па секој месец некако спојуваат крај со крај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Александар Николоски утре во Само ИнтервјуПочитувани утре во Само Интервју ќе гостува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Како случајот со Михаилова одекна во европските институции, дали Бугарија, како ЕУ и НАТО членка ќе се придржува до меѓународното право? Огномет и факели за Груби, доби ли тој златен медал против правосудството? Почна да се гради и шести автопат - кога ќе бидат готови и колку ќе не чинат? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПадна авион во Висконскин, нема преживенани- и дете меѓу жртвите (ВИДЕО)Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во пад на мал авион во американската држава Висконсин.Ниту еден од лицата во авионот не преживеа, потврди шерифот на округот Сок, Чип Мајстер. Причината за падот сè уште не е позната, обави Си-Би-Ес. Авионот се урна околу 21:31 часот по локално време синоќа во Делона, околу 40 милји северозападно од Медисон, главниот град на Висконсин. Plane crash in Wisconsin kills 5 https://t.co/BMprqRvp7Z — John Solomon (@jsolomonReports) October 14, 2026 Според канцеларијата на шерифот, загинаа пет возрасни лица и едно дете. Нивниот идентитет сè уште не е објавен. Полицијата доби повеќе пријави за пад на авион во областа Парк Лејн, во близина на државниот парк Мирор Лејк. Полицијата, противпожарната служба и службите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот и ги пронајдоа жртвите во остатоците. Според првичните информации, нема повредени меѓу оние на земја и не е пријавена штета на блиските згради. Во истрагата ќе бидат вклучени Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB), кој ги истражува причините за големи несреќи.Тагови: авион дете Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСредношколец остана без око, полицаец е под истрага- страшни сцени во Франција (ВИДЕО)Полициски службеник беше обвинет за сериозно насилство и ставен под судски надзор во вторник, 13 октомври, откако средношколец го изгуби видот на едното око .Полициски службеник беше обвинет за сериозно насилство и ставен под судски надзор во вторник, 13 октомври, откако средношколец го изгуби видот на едното око за време на протестот на средношколците во Тур кон крајот на септември, соопшти обвинителството, како што објави францускиот „Ле Монд“. На полицаецот му е забрането да носи или поседува оружје способно за испукување несмртоносни проектили од типот LBD, додека на друг службеник му беше даден статус на сведок под истрага, според изјавата на обвинителката во Тур, Катрин Сорит-Минар. Маел, 16-годишен средношколец, го изгуби окото на 30 септември за време на инцидентите што избувнаа за време на блокадата на училиште во Тур. Неговото семејство објави дека ќе поднесе жалба за „насилство извршено од лице на позиција на јавна власт“. Видео што кружи на социјалните мрежи го прикажува Маел, 16-годишен средношколец, како седи на тротоарот, видливо зашеметен, со крвава глава и повреда на окото. Други млади мажи се собираат околу него, викајќи во тревога и барајќи да се повика полицијата или бројот за итни случаи 17 во Франција. Потоа се слушаат вресоци, а полицијата ја напаѓа толпата што се собрала околу повредениот млад човек. Видеото е снимено на 30 септември, за време на блокадата на средно училиште во Тур, кога учениците и полицијата се судрија. Обвинителството во Тур објави дека, по медицинските и форензичките прегледи, повредите на окото на тинејџерот се „конзистентни со одбранбен проектил испукан од оружје од типот LBD“. Случајот е пријавен во Националниот генерален полициски инспекторат (IGPN). Истрагата покажа дека „два истрела од оружје LBD биле испукани во рок од една минута еден од друг, од две различни полициски оружја“, рече обвинителот. Отворени се 36 истраги Истрагата посочи на „временската совпаѓање помеѓу првиот испукан проектил и повредата на окото“, но исто така покрена дополнителни прашања за тоа дали биле почитувани законските услови за апсолутна неопходност и строга пропорционалност при употреба на ова оружје. Четири полицајци беа сослушани во полициски притвор во вторник. „По овие сослушувања и спроведените истражни мерки, а со оглед на сложеноста на ваквите полициски интервенции, потребно е да се продолжи со работата за разјаснување на околностите на пукањето и условите под кои младиот човек бил повреден“, рече обвинителот, кој ја започна судската истрага. Од почетокот на протестите на средношколците, Националниот генерален полициски инспекторат отвори вкупно 36 истраги за сомнително полициско насилство, од кои четири се однесуваат на случаи на повреди што довеле до осакатување, објави во вторник францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.Тагови: полицаец Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32