Финансиски „дуел“ Антонела Меси - Георгина Родригез, која е побогата? - Канал 5

Финансиски „дуел“ Антонела Меси - Георгина Родригез, која е побогата?

Финансискиот судир на сопругите на најдобрите светски фудбалери: Која е побогата, Антонела на Меси или Георгина на Роналдо.

Финансиски „дуел“ Антонела Меси - Георгина Родригез, која е побогата?

Антонела Рокузо, сопругата на Лионел Меси и Георгина Родригез, поубавата половина на Кристијано Роналдо, моментално се најпознатите жени на фудбалери, популарните „WAGSICI“ во светот.

Иако Антолена и Георгина поради својата убавина се секогаш се интересни за јавноста, очекувано двете девојки како и нивните посилни половини беа посебно интересни за јавноста за време на Светското првенство во Катар.

Сега во медиумите се постави и прашање која од нив две е побогата.

Имено, богатството на Георгина се проценува на 12 милиони евра, што е речиси половина од богатството на Антонела, чие богатство се проценува на повеќе од 20 милиони евра.

Според неофицијални информации, и Меси е побогат и од Роналдо. Нето богатство на Меси се проценува на 560 милиони евра, а на Роналдо на 470 милиони евра.

И додека приходите на атрактивната Георгина најмногу зависат од „џепарлакот“ од Роналдо, тоа не е случај со милата Антонела.

За време на студентските денови сопругата на Меси, Антонела потпишала договор со аргентинска компанија, а потоа започнала и сопствен синџир на женски чевли.

Роналдо пак секој месец на Георгина и дава околу 100.000 евра, за кои јавноста вели дека се „џепарлак“ што славниот и богат фудбалер ги дава во знак на внимание за грижата за нивните деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува 45. Скопски џез фестивал

 Словенечкиот перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич, вечер, во Националната опера и балет, ќе го отвори 45. Скопски џез фестивал (СЏФ). Ќе настапи со својот состав „Комбо БЦ“ и проектот Bravery of the Brave („Храброста на храбрите“).

Почнува 45. Скопски џез фестивал

По Каучич, концерт ќе одржи тенор-саксофонистот, кларинетист и композитор Леонхард Скорупа, предводник на квинтетот со меѓународен состав – Quispel Quintet. За отворањето на 45. Скопски џез-фестивал, Скорупа е ангажиран да компонира ново музичко дело, при што својот базичен петочлен ансамбл ќе го прошири со тројца македонски музичари (Божидар Пеиќ – виолончело, Бојан Талевски – виола и Ѓорѓи Петрушевски – обоа) и заедно ќе настапат како октет (Quispel Octet).

Полноќниот термин е резервиран за италијанско-американското дуо, вибрафонистот Пасквале Мира и вокалистот Хамид Дрејк, кој се смета за еден од најзначајните перкусионисти на сцената на импровизираниот џез.

Утре настапува норвешкото дуо Еивинд Орсет (гитара, електроника) и Јан Банг (лајв семплинг), од Исланд доаѓаат композиторот и бас-гитарист Скули Сверисон и композиторката и мултиинструменталистка Олоф Арналдс, а полноќниот концерт е посветен на музичкиот фестивал Punkt во градот Кристијансанд и ќе гостуваат неговите основоположници, Норвежаните Јан Банг и Ерик Хоноре.

Вечерта на 17 октомври ќе биде отворена со концерт на македонскиот квинтет предводен од вокалистката Андреа Мирчевска и нејзиниот проект Lullaby for Lunatics, а од 22 часот е настапот на јужноафриканскиот композитор и пијанист Ндудузо Махатини, кој подолго време снима за Blue Note.

На полноќ на малата сцена во НОБ ќе гостуваат британскиот композитор, пијанист и органист Александар Хокинс и шведската вокалистика родена во Етиопија – Софија Јернберг, со нивниот заеднички проект Musho.

Последната фестивалска вечер, на 18 октомври, пред публиката ќе биде бразилско-американското трио „Сао Пауло андерграунд“ (Sаo Paulo Underground), кое, како што велат од СЏФ, ги редефинира можностите на електроaкустичната композиција, спонтаното компонирање и звучната инвенција.

Фестивалот ќе биде затворен со концерт на квинтетот Living Being предводен од францускиот хармоникаш Винсент Пеирани. Полноќен концерт нема да има.

Годинава на СЏФ учествуваат рекорден број изведувачи од тринаесет земји. Во четирите фестивалски дена на програмата се вкупно осум концерти од 20 и од 22 часот на големата сцена во Националната опера и балет и уште три полноќни концерти, кои, наместо во МКЦ како во минатите години, ќе се одржуваат на специјално подготвената мала сцена во НОБ.

Традиционално и оваа година, Скопскиот џез фестивал го избра најдобриот македонски џез музичар за 2026 година – кларинетистот и саксофонист Нинослав Спировски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: Ова не се и никогаш не можат да бидат раце на студенти

Премиерот Еди Рама реагираше од зградата на колеџот во Тирана, кojа беше  оштетена  од пожар, по актите на насилство за време вчерашните студентски протести. 

Рама: Ова не се и никогаш не можат да бидат раце на студенти

Преку порака од зградата, Рама го осуди демолирањето на институцијата, нагласувајќи дека студентите ја претставуваат иднината и дека насилството не може да ги претставува нивните аспирации.

„До вчера, ова беше канцеларијата на Колеџот на Европа, училиштето на обединета Европа, кое европските лидери заеднички го отворија во Албанија. Денес, ова е пропаст на раце кои не се и никогаш не можат да бидат раце на студенти“, рече Рама.

Студентските демонстрации во Тирана излегоа од контрола вчера откако демонстрантите се судираа со полицијата повеќе од 10 часа, при што палеа згради, влегуваа во владини институции и ограбуваа.Иако Албанија е сведок на секојдневни протести од крајот на мај, поттикнати од плановите за изградба на луксузно одморалиште на Јадранскиот брег, пред два дена и студентите излегоа на улиците за да протестираат против условите во универзитетите и студентските домови и трошоците за живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск: Време е Зеленски да си оди!

Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), милијардерот Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Маск: Време е Зеленски да си оди!

Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), милијардерот Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, отворено порачувајќи дека е дојдено време тој да поднесе оставка за да запре крвопролевањето.

Маск жестоко реагираше на објава на социјалните мрежи во која се коментираше новото интервју на Зеленски за британскиот водител Пирс Морган, каде беше истакнато дека најголемиот страв на првиот човек на Украина е тоталниот крај на војната и одржувањето на претседателските избори.

– „И така крвопролевањето ќе продолжи. Време е Зеленски да си оди!“, напиша кратко и децидно Маск.

Оваа жестока реакција на Маск доаѓа во момент кога и американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Киев. Трамп јавно порача дека Зеленски мора итно да организира нови претседателски избори и потсети дека украинскиот лидер пропуштил повеќе шанси да стави крај на судирот и да потпише мировен договор со Москва.

Инаку, претседателскиот мандат на Зеленски формално истече уште на 20 мај 2024 година, но властите во Киев одбиваат да организираат гласање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер