Финансиската полиција поднесе кривична пријава за градоначалникот на Росоман - Канал 5

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за градоначалникот на Росоман

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднела кривична пријава против С.Н. во својство на градоначалник на Општина Росоман.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за градоначалникот на Росоман

Како што денеска соопштија од Финансиската полиција, пријавениот С.Н .во својство на градоначалник на Општина Росоман, во текот на 2022 и 2023 година постапил спротивно на Закон за градење чл. 58 став 2 (Службен весник на РМ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 138/13, 163/13, 27/14. 28/14, 42/14, 154/14, 194/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16 и 35/18), а во врска со член 205 став 1 и чл. 209 од Закон за општа управна постапка (Службен весник на РМ бр. 38/05, 110/08, 124/15 и 65/18) на начин што изготвил 6 лажни јавни исправи, од кои 4 одобренија за градење и 2 одобренија за реконструкција на улици.

- Истите во текот на 2022 и 2023 година ги употребил како вистински во правниот промет, а при тоа иако бил должен не ги водел во јавната евиденција, односно, во информацискиот систем „е-Одобрение за градење“, на кој начин за период од 2022 до 2024 година искористени се парични средства во износ од 14.023.318 денари обезбедени од страна на Центар за развој на Вардарски плански регион - Биро за регионален развој, парични средства во износ од 6.740.517 денари обезбедени од страна на општина Росоман и парични средства во износ од 15.134.066 денари обезбедени од страна на Министерство за транспорт, на кој начин спротивно на законските прописи за период од 2022 до 2024 година со изготвување на 6 лажни јавни исправи, одобренија за градење и реконструкции на штета на буџетот на општина Росоман, Центар за развој на Вардарски плански регион - Биро за регионален развој и Министерство за транспорт противзаконски искористени се парични средства во вкупен износ од 35.897.901 денари со што пријавениот го сторил кривичното дело фалсификување исправа чл. 378 став 1 и 3, а во врска со член 45 од КЗ, се појаснува во соопштението.

Се додава дека пријавениот свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист во својство на градоначалник на Општина Росоман од 08.11.2021 година, ги надминал предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за репрезентација донесени од страна на Совет на општина Росоман во текот на 2021 година за износ од 184.744 денари, за 2022 година за износ од 800.348 денари, за 2023 година за износ од 821.821 денари и за 2024 година за износ од 310.662 денари, ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за горива и масла (моторни возила) донесени од страна на Совет на општина Росоман во текот на 2022 година за износ од 159.351 денари, за 2023 година за износ од 44.102 денари потпишувајќи и овозможувајќи од сметката на општина Росоман да се исплатат парични средства за нафтени деривати за возила кои не се во сопственост на општината.

Тој ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за прехранбени производи и пијалаци донесени од страна на Совет на општина Росоман во текот на 2021 година за износ од 40.188 денари, за 2022 година за износ од 135.440 денари и за 2023 година за износ од 66.920 денари набавувајќи производи кои не се за потребите на општината, односно, купени биле повеќе видови на млечни и сувомеснати производи, поголеми количини на алкохолни пијалаци, и друг вид на производи кои по својата природа се наменети за домашна потрошувачка кошничка.

- Неосновано склучил договори за вршење на определени работи од областа на управување со градежно земјиште во сопственост на Македонија со лица вработени во Општина Кавадарци за 2023 година на износ од 242.000 денари, на кој начин пријавениот злоупотребувајќи ја службената положба и овластување пријавениот причинил штета на буџетот на општина Росоман за 2021 година износ од 226.811 денари, за 2022 година износ од 1.081.059 денари, за 2023 година износ од 1.183.597 денари и за 2024 година износ од 384.862 денари, односно, за период од месец ноември 2021 година до месец септември 2024 година пријавениот причинил штета на буџетот на општина Росоман вкупен износ од 2.876.329 денари, со што пријавениот го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и став 4 од КЗ, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Тоа мора да е Албанецот“ – белгискиот премиер среде прес конфренција се најде во прегратките на Еди Рама (ВИДЕО)

Голем број европски претставници и украинскиот претседател Володимир Зеленски одржаа состанок во Берлин, каде што разговараа за продолжување на помошта за Украина.

„Тоа мора да е Албанецот“ – белгискиот премиер среде прес конфренција се најде во прегратките на Еди Рама (ВИДЕО)

Голем број европски претставници и украинскиот претседател Володимир Зеленски одржаа состанок во Берлин, каде што разговараа за продолжување на помошта за Украина, а неочекувано, ѕвездите по состанокот станаа албанскиот премиер Еди Рама и неговиот белгиски колега Барт де Вевер.

Белгискиот премиер Барт де Вевер разговараше со новинарите по состанокот, кога Еди Рама му се приближи одзади и одеднаш го прегрна.

Де Вевер не се сврте, туку веднаш ја коментираше ситуацијата.

„Мора да е Албанецот. Тој секогаш се приближува одзади“, рече белгискиот премиер, предизвикувајќи смеа кај присутните.

Според соопштението од германската влада, Коалицијата на волјата се согласи да продолжи со силната заедничка поддршка за Украина следната година, со цел да се зачува безбедноста на сите вклучени.

Партнерите ја потврдија својата подготвеност да ѝ обезбедат на Украина безбедносни гаранции по прекинот на огнот, а особено ја нагласија важноста на воздушната одбрана и зимската помош за украинскиот енергетски систем.

Изненадување на состанокот беше учеството на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, а британскиот премиер Енди Бернам оцени дека нивното присуство претставува значаен чекор напред и ја приближува можноста за одржување вистински преговори.

По состанокот, германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека наскоро би можеле да започнат мировни преговори, во кои ќе учествуваат Украина, Русија, Европа и САД.

Тој, исто така, предупреди дека „форматот од Јалта нема да донесе мир“, и ја наведе постојната линија на контакт како почетна точка за разговори за територијални прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ја пронашле среде пустината во Аризона само со пелена- двегодишно девојче било случајно спасено (ВИДЕО)

Двегодишно девојче е пронајдено како талка во оддалечен дел од пустината во Аризона, речиси шест часа откако беше пријавено дека е исчезнато од семејниот дом.

Ја пронашле среде пустината во Аризона само со пелена- двегодишно девојче било случајно спасено (ВИДЕО)

Вела Кампиљо исчезнала во вторник околу 18:30 часот по локално време од нејзиниот дом во близина на Силвер Бел Естејтс, во близина на градот Елој. Нејзините родители, Џозеф Кампиљо и Дајана Фриц, за FOX 10 изјавија дека девојчето залутало додека си играло со своите браќа и сестри додека друг член на семејството се грижел за неа, објави Дејли Меил.

„Само што контактирав...“

Потрагата траела со часови, а веднаш по полноќ се случила пресвртница. Девојчето го пронашол Џеј Стјуарт, човек кој се пријавил доброволно да се придружи на потрагата откако слушнал што се случило.

Стјуарт ја забележал Вела како талка во пустината во темница. Подоцна рекол дека ја повикал по име, а потоа го слушнал како вреска.

„Се свртев и го насочив фенерчето кон грмушките, и таа едноставно се појави“, рекол Стјуарт.

Додаде дека моментот му го променил животот засекогаш, според Дејли Меил.

„Само ја испружив раката, ја зграпчив и ја прегрнав цврсто. Бев толку среќен што беше безбедна“, рече тој.

Според канцеларијата на шерифот на округот Пинал, девојчето било пронајдено во пелена, со температура од околу седум степени Целзиусови.

На снимката од полициската камера, која беше објавена, може да се види како Стјуарт го носи девојчето кај полицајците и го предава. Тој останува во близина додека полицајците проверуваат за повреди.

„Неверојатно сме благодарни“

Во интервју за FOX 10, тој рече дека Вела не сакала да го пушти кога се обидел да ја предаде на органите за спроведување на законот.

„Таа многу се приврза кон мене и бев изненаден. Никогаш порано не сум доживеал нешто вакво“, рече тој.

За време на речиси шестчасовната потрага, канцеларијата на шерифот на округот Пинал распореди два хеликоптери, десетици возила, единици за кучиња трагачи и повеќе од 100 луѓе на земја.

Мајката на девојчето им се заблагодари на сите вклучени, особено на човекот што ја пронајде нејзината ќерка.

„Многу сме благодарни на човекот што ја пронајде и на сите други што дојдоа да помогнат во потрагата и да ѝ покажат колку им е грижа“, рече таа.

За своите постапки, Џеј Стјуарт доби и посебно признание. Шерифот Рос Типел му врачи благодарница и значка со која беше прогласен за почесен член на единицата за пребарување и спасување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неочекувана средба во Париз: Макрон ја прими Камала Харис, познато е за што разговарале

Францускиот претседател Емануел Макрон ја угости поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, во Елисејската палата во Париз, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Неочекувана средба во Париз: Макрон ја прими Камала Харис, познато е за што разговарале

Како што е наведено, средбата се одржала на приватен начин, како кратка средба од учтивост, на која присуствувал и сопругот на Камала Харис, а која Макрон повремено ја организира на барање на поранешни државни лидери, објавува бриселскиот портал Политико.

Француските медиуми претходно објавија дека Макрон и Харис требало да вечераат заедно, што Елисејската палата првично го потврди, но подоцна објави дека ќе се одржи само приватна средба.

Според бриселскиот медиум, средбата се одржала по убедливата победа на демократите на изборите за Конгресот во САД и во време на зголемени несогласувања меѓу Париз и Вашингтон во врска со мировните преговори за војната во Украина.

Односот на Макрон со сегашниот американски претседател Доналд Трамп, кој ја победи Харис на претседателските избори во 2024 година, помина низ различни фази во последните години, а двајцата лидери неодамна разменија остри коментари во врска со немирите во Франција, додава порталот.

Трамп и неговите сојузници ги поврзаа немирите со неконтролираната имиграција, што Макрон ја опиша како „глупост“.

За разлика од неговиот однос со Трамп, односот на Макрон со Харис се смета за значително подобар.

Според медиумските извештаи, Харис не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД на изборите во 2028 година.

Макрон, од друга страна, ќе ја напушти претседателската функција во мај следната година, бидејќи францускиот Устав не му дозволува да служи трет последователен мандат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер