3Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
1Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
3Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
МакедонијаФинансиска полиција: Кривична пријава за сопственичка од Кавадарци за затајување данокУправата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т. во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т. во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ по член 279 став 3, Продолжено кривично дело по член 45 став 1 и став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. -Пријавената С. Т. во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ, во периодот од 01.01.2013 година до 31.12.2018 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, набавувала трговска стока на отворен пазар од физички лица во готово, набавената трговска стока не ја евидентирала на залиха на ТД Руж Експорт, издала вкупно 2.785 излезни фактури и изјави за потекло на земјоделски производи со потпис и печат, извршила вкупно 2.785 извози на трговска стока во Р.Албанија, Р. Србија, Р. Црна Гора, Р.Косово и Русија преку 14 царински испостави во вкупен износ од 514.031.324 денари за кој износ не пресметала, не пријавила и не платила данок на добивка во износ од 50.854.180 денари на штета на Буџетот, соопшти Управата за финансиска полиција. Со цел да ги прикрие инкриминираните дејствија со кои се стекнала со противправна имотна корист, а да ја избегне законски пропишаната обврска за пресметување и плаќање Данок на добивка, пријавената С. Т. , како што се наведува во соопштението, свесно и со намера во име и за сметка на ТД Руж Експорт поднела завршни сметки за 2013, 2014, 2015, и 2016 година до Централен Регистар и до УЈП со невистинита содржина. -Со цел да ги прикрие инкриминираните дејствија со кои се стекнала со противправна имотна корист, а да ја избегне законски пропишаната обврска за пресметување и плаќање Данок на добивка, целокупната книговодствена документација од работењето на ТД Руж Експорт ДООЕЛ свесно и со намера е уништена од страна пријавената С. Т., велат од Управата за финансиска полиција. Оттаму посочуваат дека пријавената С.Т. со умисла извршила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности, односно извршила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат остварување на истородни дела. -Пријавената С. Т. свесно и со намера во име и за сметка на ТД Руж Експорт, а со цел да ги прикрие трагите на стореното кривично дело во име и за сметка на ТД Руж Експорт ДООЕЛ не поднела завршни сметки за 2017, 2018 и 2019 година до Централен Регистар и до УЈП и од 27.02.2020 година има статус на ИЗБРИШАН СУБЈЕКТ врз основа на чл.552-а и 552 –б од ЗТД. Со горенаведените инкриминирани дејствија пријавената С. Т. преку правниот субјект: „РУЖ ЕКСПОРТ“ се стекнала со противправна имотна корист од затаени парични средства на име данок на добивка во вкупен износ 50.854.180 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на Република Македонија, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција. Тагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРубио: „Не сме нападнати“ Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема докази оти неодамнешните технолошки дефекти кај американските авиокомпании, банки и технолошки фирми се поврзани или се резултат на сајбер-напад.„Не сме изложени на систематски напад. Овие настани немаат никаква меѓусебна поврзаност“, изјави Рубио, откако зачестените технички проблеми поттикнаа шпекулации за можна координирана акција, пренесува Би-Би-Си. Прекините во функционирањето ги зафатија услугите на „Мајкрософт“ и „Епл“, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ и компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а поради технички дефект, сите летови во САД беа запрени во траење од повеќе од четири часа. Привремено недостапна беше и внатрешната комуникациска мрежа на Агенцијата за национална безбедност на САД. Американски претставници и експерти за сајбер безбедност изјавија дека нема докази оти инцидентите се поврзани, како и дека проблемите настанале поради технички дефекти и ажурирање на застарени системи.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЕн Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во ЊујоркХоливудската ѕвезда, актерката Ен Хатавеј го доби своето трето дете со сопругот, филмскиот продуцент Адам Шулман.Мегапопуларната актерка е забележана на прошетка во Њујорк, а фотографиите на кои се гледа како носи новороденче во носилка открија дека во нивното семејство пристигнал нов член. 43-годишната актерка беше сама за време на прошетката, со постојана насмевка на лицето додека внимателно се грижеше за бебето. Фотографиите беа објавени од медиумот TMZ. Ѕвездата од филмовите „Дневниците на принцезата“ и „Клетници“ сè уште нема дадено јавна изјава во врска со раѓањето на нејзиното трето дете, затоа, засега не се познати ниту името, ниту полот на бебето. Ен и нејзиниот сопруг Адам веќе имаат два сина. Нивниот постар син, Џонатан, има десет години, додека помладиот, Џек, овој месец ќе го прослави својот седми роденден. Актерката уште во јуни ја сподели веста дека повторно е бремена, објавувајќи фотографија на Инстаграм на која се гледаше нејзиниот труднички стомак. На фотографијата таа е прикажана во бело здолниште и краток топ, со опис: „x Бебе, јас сум твоја x“. Два месеца подоцна, Ен гордо го покажа својот труднички стомак на црвениот тепих, на премиерата на филмот „Крајот на улицата Оук“ (The End of Oak Street). За таа пригода, таа се одлучи за фармерки со низок струк и лелеава блуза; споделувајќи снимки од подготовките за настанот, таа истовремено одговори на шпекулациите дека ангажирала сурогат-мајка и дека носи вештачки труднички стомак. View this post on Instagram A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway) „Лажна коса, вистински стомак“, изјави тогаш актерката. Ен Хатавеј и Адам Шулман стапија во брак во Калифорнија во септември 2012 година. Тие го добија својот прв син, Џонатан, во март 2016 година, додека нивниот втор син, Џек, се роди во ноември 2019 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСи отстапи од протоколот поради Трамп – лично го пречека на аеродромот (ВИДЕО)Кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот во Шенжен, по повод неговото пристигнување на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако стана шеф на државата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг им ја придава на односите со Соединетите Држави. Trump arrives in China, where he is personally welcomed by Xi Jinping. https://t.co/bTt8haeSMl — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Според кинескиот дипломатски протокол во последните години, шефот на државата вообичаено не ги пречекува гостите при нивното пристигнување на аеродромот. За споредба, рускиот претседател Владимир Путин, кој пристигна во Шенжен претходно денес, беше пречекан од Цаи Ќи, шефот на кабинетот на Си – што, само по себе, се сметаше за невообичаено високо ниво на почест. Xi Jinping once again holds a welcoming ceremony for Trump as he arrives in China. https://t.co/yntHotnlWv — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Овој потег уследи по настанот од претходно оваа година, кога Трамп лично го пречека Си при неговото пристигнување во воената база „Џоинт бејс Ендрјус“ во Соединетите Држави.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00