Finance Think: Еколошката такса е еднократно зголемување на цените со постојан ефект

Воведувањето на еколошката такса за горивата ќе има краток но и долгорочен ефект врз зголемувањето на инфлацијата и според институтот Фајнанс Тинк истите не треба да се потценуваат. 

Пораст на цените уште првиот месец од воведување – ќе предизвика еколошката такса за горивата од 3,5 денари или 4,13 денари со вклучен ДДВ. Ова го покажува анализата на Фајненс тинк. Оттаму велат дека еколошката такса и на краток, но и на долг рок ќе предизвика пораст на цените.. Со цел да се ублажи ударот кој ќе го почуствуваат граѓаните, од Фајненс тинк препорачуваат воведувањето да биде во фази...

„Воведувањето на еколошката такса да биде направено во фази, етапно. Прв дел од 1,5 денар во јули сега, второ од 1ден во јануари следна година и трето од 1ден во јули наредна година. На овој начин ценовниот ефект ќе биде разводнет и би се почуствувал многу помалку во однос на еднократното зголемување на еколошката такса.“ истакна Благица Петрески, Фајненс тинк

Измените на законот се веќе со Собрание, но се уште не се ставени на дневен ред за гласање, иако најавите се дека ќе почне да се применува од 1ви јули. Според премиерот Заев законот треба да се носи со европско знаме бидејќи е дел од зелената агенда на ЕУ, но вели последниот збор ќе го има Собранието.

„Следните денови ќе се разгледаат сите можни опции бидејќи е поврзана со зелената агенда која е преокупација на ЕУ. Не постојат основи за коренсподентни табели, нема директива и регулатива, но ЕУ агенда е и те како поврзана. Секако правните служби ја разгледуваат опцијата. Веруваме се надеваме парламентот ќе изнајде начин да се донесе закон, бидејќи со еколошката такса дефинитивно нафтата останува најефтина од било која земја на Европскиот континент.“ изјави Зоран Заев, претседател на Влада

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак повикувањето на европското законодавство е неосновано и бараат законот да биде повлечен.

„ Според предложениот закон никаде не може да се најде дека истиот е усогласен со европските регулативи, за да имаат право да се повикуваат на европското знаме. Овој кризен данок кој Заев сака да го прикаже како еколошка такса е најскап во Европа. Така македонските граѓани ќе плаќаат 5,7 евроценти за литар гориво поскапо, исто колку што плаќаат во Велика Британија..“ истакна Љупчо Пренџов, пратеник ВМРО-ДПМНЕ

Со поскапувањето на горивата се очекува на годишно ниво да се собираат по 50 милиони евра и тие пари да се користат за еколошки проекти.

Скандал: Советничка го јава градоначалникот на Бања Лука во неговиот кабинет (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири видео на кое се гледа како девојка во канцеларија седи на грбот на градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, додека тој ја учи како да јава коњ.

Според блогот на Слободан Васковиќ, станува збор за Олга Бабиќ, вработена во Градската управа, за која се вели дека е негова десна рака, пренесува Кликс.ба.

„Го исправаш грбот и ми ги земаш јаките, како да се узди од коњ ...“, вели Станивуковиќ, додека девојката што седи на грбот вика „иха“. Потоа и дава инструкции како да управува со коњот, која нога, каде и како да удри, симулирајќи јавање. После тоа, девојката паѓа во прегратките на градоначалникот.

„Каков коњ си ...“, вели девојката и двајцата се смеат.

Медиумите во БиХ ја објавуваат веста за снимката, нарекувајќи ја скандалозна.

Израелскиот премиер за нуклеарната програма на Иран: Ги преминаа сите црвени линии

Премиерот на Израел, Нафтали Бенет изјави денеска дека, што се однесува до „нуклеарната програма“, Иран во голема мера ја минал недозволената граница и рече дека Израел нема да дозволи Техеран да поседува нуклеарно оружје.

Во својот прв говор пред Генералното собрание на ОН, Бенет рече дека Иран се обидува да добие доминација на Блискиот Исток под „нуклеарен чадор“ и повика на посилни меѓународни напори за запирање на иранските нуклеарни активности.

"Иранската нуклеарна програма е на крстопат. Сите црвени линии се преминати, инспекциите се игнорирани. И сето тоа минува низ нив", рече Бенет, кој во јуни оваа година стави крај на 12-годишното владеење на Бенјамин Нетанјаху како премиер.

Тој, исто така, стави до знаење дека Израел исто така може да дејствува еднострано против Иран.

"Иранската нуклеарна програма е во пресвртница, како и нашето трпение. Зборовите не можат да го запрат вртењето на нуклеарните центрифуги", рече Бенет.

Особено, тој побара американскиот претседател Џо Бајден да заземе построг став кон исламскиот режим во Техеран.

Бенет се противи на напорите на новата американска администрација насочени кон враќање во рамката на меѓународниот нуклеарен договор меѓу големите сили и Иран од 2015 година.

Под раководство на Доналд Трамп, САД се повлекоа од договорот во 2018 година.

Посебното мени за храна на Роналдо ги разбесни соиграчите од Јунајтед

Кристијано Роналдо вовел ново мени во тренинг центарот на Јунајтед, Карингтон, пишува The Sun. На него нема повеќе јаглехидрати, сокови и слатки.

Роналдо го прилагодил менито по своја желба, и тоа не им се допаднало на некои играчи на Манчестер Јунајтед. Португалецот обожава бакалар со салата, традиционално португалско јадење. Тука се појавил проблемот, бидејќи тоа не им се допаѓало на останатите соиграчи.

Наводно, играчите мрчат и му велат на Роналдо дека не е нутриционист, туку фудбалер.

"Роналдо обожува октопод, но остатокот од тимот не. Тој е зависник од протеини и авокадо, па готвачите често го среќаваат на општо разочарување на другите играчи во соблекувалната на Јунајтед. Тој побара од своите соиграчи да се откажат од пудингот што традиционално го јадат после ручек во петоците “, откри неименуван извор за британски Сан.

Роналдо ова лето се врати во Манчестер Јунајтед од Јувентус.

притисни ентер