Финализиран разводот на Путин - екс сопругата Људмила во боите на украинското знаме! - Канал 5

Финализиран разводот на Путин - екс сопругата Људмила во боите на украинското знаме!

По 30 години во брак Владимир и Људмила Путин од денеска се официјално разведени. Екс сопругата на рускиот претседател предизвика бура реакции откако се фотографираше во облека во боите на украинското знаме.

Финализиран разводот на Путин - екс сопругата Људмила во боите на украинското знаме!
Кремљ денеска потврди дека разводот на рускиот претседател Владимир Путин од неговата сопруга Људмила е финализиран - пренесе Франс прес.

Но дали Људмила подготвувала ваква одмазда?

Таа се фотографираше во облека во боите на украинското знаме, во момент кога судирот на Украина и Русија е светска тема број еден - пишува Ало.рс.

Разводот Путин го најави минатиот јуни и рече дека тоа е заедничка одлука. Људмила Путин тогаш изјави дека се разведуваат бидејќи „никогаш не се гледаат“ и рече дека тоа ќе биде цивилизиран развод.

Владимир и Људмила Путин имаат две ќерки кои се држат настрана од очите на јавноста и малкумина знаат како тие изгледаат - пишува sbs.com.au


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Режисерот Кустурица на интервју со Путин: „Москва е третиот Рим. Четврти нема да има“

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика украинските војници да преминат на руска страна, порачувајќи им дека тоа е „вистинската страна на историјата“. Тој го изјави ова во интервју со српскиот режисер Емир Кустурица

Режисерот Кустурица на интервју со Путин:  „Москва е третиот Рим. Четврти нема да има“

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика украинските војници да преминат на руска страна, порачувајќи им дека тоа е „вистинската страна на историјата“.

Тој го изјави ова во интервју со српскиот режисер Емир Кустурица, кое Кремљ го објави во целост.

Разговорот бил снимен за документарен филм насловен „Нашето крштевање: Поглаварот“, посветен на 80-тиот роденден на патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква.

Путин во интервјуто зборува за војната во Украина, односите со Западот и улогата на православието во Русија.

„Што се однесува до украинските војници, не сакам да кажам дека треба да се предадат, бидејќи тоа звучи донекаде понижувачки. На крајот на краиштата, тие се борат – продолжуваат да се борат“, рече Путин, одговарајќи на прашање од Кустурица во врска со односот меѓу Русите и Украинците.

„Би сакал да им порачам да преминат на наша страна, бидејќи тоа е нашата заедничка страна – и вистинската страна на историјата“, продолжи рускиот претседател, кој уште еднаш нагласи дека Русите и Украинците треба да се стремат кон единство.

Во овој контекст, Путин изјавил дека не се залага нужно за повторно обединување на Русија и Украина во една држава.

Тој појасни дека мисли на единство во поширока смисла, како и на соработка меѓу двата народа за постигнување заеднички цели. Путин тврди дека Западот се обидува да ги ослаби и Русија и Украина.

Рускиот претседател ги обвини западните земји дека ѝ даваат поддршка на Украина за да ги остварат сопствените интереси. Според него, нивната цел не е да му помогнат на украинскиот народ, туку да ја ослабат Русија и да посеат раздор меѓу народите што тој ги смета за историски поврзани.

Притоа, Путин се повика на античкиот римски принцип „раздели па владеј“, тврдејќи дека оваа политика се применува против Русија со векови. Како примери ги наведе инвазијата на Наполеон, како и Првата и Втората светска војна.

Според него, западните земји се стремат да ја ослабат Русија, да ја направат попослушна и да ја потчинат на сопствените интереси. Тој им ги припиша истите намери и на земјите кои во моментов ѝ пружаат воена и финансиска помош на Украина.

Путин во разговорот со познатиот режисер тврди дека Украина изгубила голем дел од својата индустрија и население по распадот на Советскиот Сојуз. За таквиот развој на настаните тој го обвини украинското политичко раководство, кое го нарече националистичко.

„Патриотите ја сакаат својата земја, додека националистите ги мразат другите народи“, рече Путин, тврдејќи дека со Украина управуваат националисти, а не патриоти.

Тој уште еднаш ги повика Украинците да размислат за заедничка иднина со Русија.

„Русија може да биде арка што ќе ги спаси луѓето“.

Голем дел од разговорот бил посветен на православието.

Кустурица го прашал Путин дали руската цивилизација би можела да стане еден вид арка што ќе ги заштити христијаните и традиционалните вредности од промените што се случуваат во западните општества.

„Може. Апсолутно“, одговори Путин. Тој објасни дека, според него, Русија би можела да понуди засолниште за луѓето кои сакаат да ги зачуваат традиционалните религиозни и семејни вредности – вклучително и оние што доаѓаат од европските земји.

Во тој контекст, Путин се осврна на концептот за Москва како „Трет Рим“, според кој руската престолнина е наследник на Рим и Цариград како центар на христијанството. Тој нагласи дека Русија нема намера да ги штити само православните христијани. „Москва е Третиот Рим. Четврти нема да има“, рече Путин, на што Кустурица одговори со насмевка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси скијачка

Русокосата  Сината Николина е експлозивна и секси! Босанската скијачка се подготвува за историско деби, но, сите зборуваат за нејзиниот изглед.

Фото: Секси скијачка

Николина Драгољевиќ, 23-годишна скијачка од Босна и Херцеговина, се подготвува за најголемиот предизвик во нејзината досегашна кариера.

Оваа млада спортистка од Пале ќе дебитира во Светскиот куп во алпско скијање, а нејзиниот настап во Леви, Финска, ќе има и историско значење за спортот во Босна и Херцеговина.

Со нејзиното деби, Босна и Херцеговина испишува нова страница во својата скијачка историја, бидејќи за првпат ќе има двајца претставници во Светскиот куп, во различни дисциплини. Покрај Николина, боите на својата земја ќе ги брани и Елведин Музаферија.

Младата скијачка не крие колку ѝ значи можноста да се натпреварува со најдобрите во светот, а пред големиот предизвик упати порака која покажува колку таа верува во своите соништа.

„Доаѓам од мала земја, но моите соништа се големи. Сакам да докажам дека со упорност, напорна работа и верба во сопствените способности, можеш да постигнеш сè што ќе посакаш“, изјави Николина.

Сепак, Николина не се посветува исклучиво на спортот. Таа е студентка на Факултетот за физичко образование и спорт и настапува за Скијачкиот клуб „Јахорина“.

Интересно е и тоа што младата спортистка го привлече вниманието на јавноста и надвор од скијачките патеки. На Инстаграм ја следат повеќе од 10.000 луѓе, со кои таа споделува детали од својата спортска кариера и секојдневието.

За нејзините фанови секако најитересни се фотките на кои Николина е најчесто во секси бикини а во преден план е бујниот задник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ештон Кучер би можел да стане милијардер, но не поради глумата

Холивудскиот актер Ештон Кучер наскоро би можел да стане дел од клубот на милијардери – не благодарение на неговите актерски хонорари, туку преку неговите инвестиции во вештачка интелигенција. 

Ештон Кучер би можел да стане милијардер, но не поради глумата

Неговата рана инвестиција во „Антропик“ (Anthropic) – компанијата што стои зад популарниот чет-бот со вештачка интелигенција, „Клод“ (Claude) – би можела да му донесе огромен поврат.

Според проценките на „Блумберг“ (Bloomberg), инвестициската фирма „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) – чиј соосновач е Кучер – поседува удел во „Антропик“ проценет на приближно седум милијарди долари. Во 2023 година, преку оваа фирма, Кучер – заедно со менаџерот на Мадона, Гај Осеари – учествуваше во првата голема рунда на институционално финансирање на „Антропик“, пренесува „Индипендент“ (The Independent).

Низ годините, инвестициската фирма вложила вкупно 435 милиони долари во „Антропик“ (Anthropic); точниот удел од евентуалната добивка што ќе му припадне лично на Качер сè уште не е познат, пренесува Танјуг.

„Антропик“, компанијата што стои зад чет-ботот „Клод“ (Claude), денес треба да започне со тргување на берзата, при што се проценува дека нејзината пазарна вредност изнесува 1,5 трилиони долари, а почетната цена на акцијата е 83 долари, пишува „Индипендент“ (The Independent).

48 годишната холивудска ѕвезда – познат по своите улоги во филмови и серии како „Што се случува во Вегас“ (What Happens in Vegas) и „Лудите седумдесетти“ (That '70s Show) – ја започнал својата инвестициска кариера во 2010 година, кога заедно со Осеари и милијардерот Рон Беркл ја основал фирмата „A-Grade Investments“. Оваа фирма, меѓу другото, инвестирала во технолошки компании како „Спотифај“ (Spotify), „Убер“ (Uber) и „Ер-би-ен-би“ (Airbnb).

Во 2015 година, Качер и Осеари ја основаа компанијата „Саунд венчрс“ (Sound Ventures), преку која поддржаа голем број технолошки стартапи, вклучувајќи ги „Дуолинго“ (Duolingo) и „Рисерч-гејт“ (ResearchGate).

Според медиумските извештаи, „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) управува со инвестиции во вредност од приближно две милијарди долари, при што околу 800 милиони долари се вложени во компании за вештачка интелигенција, меѓу кои се „Антропик“ (Anthropic), „Опен АИ“ (OpenAI) и „Ворлд лабс“ (World Labs). Претходно оваа година, Качер се повлече од својата раководна улога во „Саунд венчрс“ за да основа нова инвестициска фирма заедно со Морган Белар, поранешен партнер во инвестициската фирма „НФИКС“ (NFX). Новата фирма ќе се фокусира на инвестиции во напредни технологии, инфраструктура, енергетика и таканаречениот сектор на „длабоки технологии“ (deep tech). Качер ќе остане советник во „Саунд венчрс“, додека Гај Осеари и Ефи Епстајн ќе продолжат да ја раководат компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер