Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех
1Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех
3АНБ: По претреси на повеќе локации во Скопје пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.
ЗабаваФинале од првиот циклус на квизот „Седмо небо” на Државна лотаријаКој ќе го освои седмото небо на знаење, податоци и точни одговори?Преку прашањата кои ве водат низ историјатот на Државна лотарија ќе дознаеме интересни информации. Кој од финалистите Биљана од Гостивар, Ирена од Кичево и Силвана од Скопје ќе се искачи на самиот врв на „Седмо небо” и ќе ја освои главната награда? Не го пропуштајте финалето во недела, во 22:30 часот, на Канал 5 телевизија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успехПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успехПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, одржано во Скопје, постигнаа историски успех: машката кадетска селекција го освои златниот медал и се закити со титулата светски училишен шампион, а женската кадетска селекција освои сребрен медал и стана светски вицешампион. Честитајќи им за извонредниот успех, претседателката им се заблагодари за витешката битка, личната и тимска победа, како и достојното претставување на државата на светската ракометна сцена. Таа смета дека освоените медали се резултат на истрајната работа, темелната посветеност и исклучителниот талент, како и награда за манифестираната способност за рамноправен натпревар со најдобрите училишни селекции во светот, што ги прави најдобри македонски спортски амбасадори. Сиљановска-Давкова потенцираше дека ракометот има посебно место во македонската спортска историја, во којашто и самите се вградија. Исто така, претседателката потсети дека македонскиот ракомет изнедри генерации врвни спортисти, кои инспирира низа генерации. Осврнувајќи се на значењето на спортот во развојот на физичкото и менталното здравје на младите, таа заклучи дека ракометот е повеќе од игра, тој е животна филозофија во којашто се спојуваат дисциплината и страста, умот, вештината и храброста, личниот напор и колективниот дух. Според неа, преку спортот младите учат како индивидуалниот придонес да го насочат кон врвната заедничка цел, преку доверба, солидарност и свест за општо добро. Младите ракометари и ракометарки во извонредното достигање препознаваат потврда и признание за трудот, но и силна мотивација за стремеж кон освојување нови ракометни спортски врвови. Посакувајќи им успешна иднина, Сиљановска-Давкова им посака да го задржат и негуваат шампионскиот дух. На средбата присуствуваа и претставници на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, предводени од претседателката Елена Мицковска, која на претседателката Сиљановска-Давкова ѝ врачи Благодарница за посебен придонес во развојот и афирмацијата на училишниот спорт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНорвешката принцеза со трансплантација доби нови бели дробовиНорвешката принцеза Мете-Марит успешно претрпе трансплантација на бели дробови и се опоравува од процедурата, објави канцеларијата на кралското семејство. На 52-годишната сопруга на норвешкиот престолонаследник Хаакон ѝ беше дијагностицирана белодробна фиброза во 2018 година, хронична болест која предизвикува лузни на белите дробови и доведува до намален внес на кислород. Универзитетската болница во Осло на 5 јуни потврди дека Мете-Марит е ставена на листа на чекање за трансплантација на бели дробови по значително влошување на нејзиното здравје, поради што, според проценките, ѝ останала само една година живот без операција. „Како и сите новотрансплантирани пациенти, принцезата ќе остане во болница уште неколку недели“, изјави професорката Аре Холм од Универзитетската болница во Осло во соопштение доставено од палатата. Престолонаследникот Хакон во декември изјави дека семејството забележало промена во состојбата на Мете-Марит и дека таа се соочува со сè потешкотии во дишењето. Премиерот Јонас Гар Сторе ја пофали принцезата за отвореното зборување за нејзината состојба, велејќи дека тоа би можело да им помогне на другите кои страдаат од слични заболувања. Мете-Марит имала 25 години, обична жена и немажена самохрана мајка кога го запознала Хакон на музички фестивал во 1999 година. Тоа беше почеток на неочекувана кралска романса што започна со медиумска фанфара и на крајот го привлече вниманието на јавноста.Тагови: норвешката принцеза Трансплантација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВајц за Канал 5: Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија„Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија“, вели во ексклузивно интервју за Канал 5 известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц.Тој признава дека не ја поддржувал спорната терминологија и одредбите кои се однесуваат на билатералните прашања меѓу Скопје и Софија и оценува дека тие не требало да бидат дел од извештајот за напредокот на земјата. Во видеото погледнете го целото интервјуто на Јован Ѓорговски со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц. Тагови: ЕП Томас Вајц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00