Филовски: Во Албанија никогаш немало Бугари

Нашинците таму сведочат како Бугарија со уцени за пасоши и со подароци, години наназад го манипулирала населението. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Семејството на Бајден бара смена на неговите советници поради неуспешната дебата

Членови на семејството на американскиот претседател Џо Бајден, особено неговата сопруга Џил и синот Хантер, ги обвинуваат советниците на американскиот лидер за неговиот катастрофален настап на неодамнешната телевизиска дебата .

Членови на семејството на американскиот претседател Џо Бајден, особено неговата сопруга Џил и синот Хантер, ги обвинуваат советниците на американскиот лидер за неговиот катастрофален настап на неодамнешната телевизиска дебата и бараат нивна смена, јави денеска Ен-би-си (НБЦ), повикувајќи се на неименувани извори.

Членовите на семејството на Бајден се повеќе ја оспоруваат неговата предизборна стратегија и бараат начини за „ревитализација“. Според нив треба да бидат сменети советничката во Белата куќа, Анита Дан и најверојатно нејзиниот сопруг, Боб Бауер, личниот адвокат на претседателот.

Членовите на семејството Бајден почнаа да анализираат што се случило на дебатата веднаш по нејзиното завршување, во обид да откријат кој го преоптовари претседателот со статистика наместо да му дозволи да „зборува од срце“ наведува Ен-би-си.

Следната дебата Бајден - Трамп ќе се одржи на 10 септември.

НАТО испраќа специјален претставник за Украина

НАТО го проширува своето цивилно присуство во Украина.

Како што потврди портпаролот на Алијансата, 32 членки одлучија да испратат специјален пратеник во главниот град на Украина, Киев. Високиот функционер ќе биде таму за да ја координира политичката и практичната помош на НАТО за земјата нападната од Русија. Засега не се знае кој ќе стане специјален пратеник, пишува Дојче веле.

На самитот следната недела во Вашингтон, НАТО сака да сигнализира почеток на подобра координација на испораката на оружје за Киев и обука на украинските војници.

НАТО има официјално претставништво во Киев речиси десет години. Управува и со Канцеларијата за врски и Центарот за информации и документација, кои постојат од крајот на 1990-тите.

Претставништвото на НАТО се грижи, меѓу другото, и за контакти со украинските министерства. Тоа треба да помогне и во политичкиот дијалог и практичната соработка на Украина со Алијансата. Дополнително, претставништвото на НАТО ги советува украинските власти за реформите во безбедносниот и одбранбениот сектор. И за тоа треба да се стави на располагање повеќе персонал.

Координацијата на испораката на оружје и активностите за обука на украинските војници, кои треба да ги преземе НАТО, досега се вршеше под водство на САД. На крајот на 2022 година, тие формираа тим од околу 300 војници наречени Група за безбедносна помош-Украина (SAG-U) во главната команда на американската армија во Европа во Визбаден, Германија. НАТО сега треба да преземе водечка улога таму.

Овој проект на НАТО е секако превентивна одлука во случај Доналд Трамп да се врати во Белата куќа во јануари 2025 година. Изјавите на Трамп во минатото предизвикуваат сомнеж дека САД под негово водство ќе ѝ помогнат на Украина во иста мера во нејзината одбрана од Русија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не ги охрабри сите членки на НАТО да ветат повеќегодишна воена помош за Украина. Во пресрет на самитот во Вашингтон, 32-те членки на Алијансата успеаја само да се договорат во наредната година да обезбедат помош во износ од најмалку 40 милијарди евра. Конкретен договор за тоа кој колку ќе даде не можеше да се постигне, велат извори од НАТО.

Столтенберг првично ги повика сојузниците да ѝ гарантираат на Украина помош од најмалку 40 милијарди евра секоја година. „Станува збор и за тоа да му покажеме на рускиот претседател Владимир Путин дека нема да победи во неговата агресија против Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО на крајот на мај на состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата во Прага.

Вашингтон веќе најави испраќање дополнителни средства. Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави дека неговата земја наскоро ќе ѝ стави на располагање на Украина дополнителна воена помош во вредност од околу 2,3 милијарди долари (околу 2,14 милијарди евра). Пакетот вклучува „дополнителни противвоздушни ракети, противтенковско оружје и важна муниција од залихите на американската војска“.

„Новиот распоред на одредена странска воена помош“ ќе им овозможи на Соединетите држави побрзо да ја стават на располагање муницијата за „Патриот“ и другите системи за воздушна одбрана, објасни Остин во Вашингтон по повод посетата на неговиот украински колега Рустем Умеров на Соединетите Американски Држави.

Од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година, Соединетите држави ѝ ставија на располагање воена помош во вредност од над 50 милијарди долари за нападнатата земја, објави американското Министерство за одбрана. Откако САД продолжија да доставуваат оружје, украинската армија успеа да ја стабилизира ситуацијата на фронтот долг 1.000 километри, и покрај постојаниот руски притисок.

А руското отворање на нов дел од линијата на фронтот во областа Харков само накратко ја стави украинската армија во тешка позиција. Според медиумите, во меѓувреме Русија истрела само три пати повеќе артилериски гранати од Украина, а не пет пати повеќе од претходно.

Франција во шок: Украден е мечот „Ескалибур“, што 1.300 години бил забиен во карпа

Познатиот меч Дурендал, познат и како француска верзија на Екскалибур, мистериозно исчезнал од карпата каде што стоеше во последните 1.300 години.

Древното оружја биле главната атракција на средновековниот град Рокамадур, а според легендата му припаѓале на Роланд, витез на Карло Велики.

Полицијата ја истражува невидената кражба на меч кој бил заглавен во карпа на висина од 10 метри, пренесува The Sun.

Поема од 11 век го спомнува Дурендал и неговите „магични моќи“. Според народното верување, тој бил фалсификуван од легендарниот ковач Вејланд, а во него „се наоѓале забот на Свети Петар и дел од облеката на Дева Марија“.

Исто така, се верува дека оружјето е „неуништливо“ и способно да „пресече огромни карпи“ со еден удар.

Легендата вели дека Дурендал му бил „подарен од ангел“ на Карло Велики, по што дошол во сопственост на Ролан. Пред неговата херојска смрт, витезот се обидел да го скрши, за да не падне во рацете на непријателот, но не успеал.

Роланд го фрлил мечот во воздух и тој завршил во карпата. Неговото исчезнување го збунило локалното население, а никому не му е јасно како крадецот се искачил толку високо.

„Ќе ни недостасува Дурендал. Тоа е дел од Рокамадур со векови“, рече градоначалникот Доминик Ленфант.

притисни ентер