Филмското творештво на браќата Манаки на фестивалот во Кан - Канал 5

Филмското творештво на браќата Манаки на фестивалот во Кан

Новоизбраниот директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ - Битола, Димитар Николов-Таки соопшти дека филмското творештво на браќата Манаки ќе биде претставено на фестивалот во Кан.

Филмското творештво на браќата Манаки на фестивалот во Кан
Фестивалот во Кан ги чествува сите браќа што придонеле за развојот на филмската индустрија во Европа од нејзиното постоење до денес, а со оглед дека опусот на браќата Манаки е од исклучително значење, и нивното творештво ќе биде пред светскиот и европскиот аудиториум во Кан, потврди Николов.

- Ние ќе направиме се за делото на браќата Манаки биде достојно презентирано на фестивалот во Кан. На тој начин ќе им оддадеме поголема меѓународна поддршка и почит на творештвото и активностите што како пионери ги имале браќата Манаки за филмската дејност во Македонија и на Балканот, истакна Димитар Николов-Таки, директор на ИФФК „Браќа Манаки“.

Димитар Николов-Таки потврди дека во рамките на идејата „Битола филмски град“, во моментов се врши избор на локации за снимање филм со меѓународна филмска екипа од три европски држави.

- Работам со италијанско-романско-бугарска екипа со која ќе снимаме филм што ќе се врши во текот на овој месец на локации во Битола и околината. Се надевам дека тоа ќе биде поттик за уште повеќе филмски екипи да дојдат во нашата држава, со што ќе придонесме Битола да има третман на вистински филмски центар не само во Македонија, туку и во регионот, вели Николов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која со пригодни активности ја одбележа 82-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 1944 година.

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.

13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, ден кој ја симболизира слободата, единството и непокорот на неговите граѓани. Одбележувањето на овој ден претставува потсетник за обврската да го негуваме историското наследство и вредностите врз кои се темели иднината на градот.

Со почит,

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Форум на уставни судови во Охрид: Ниската доверба во судството е одраз на целиот систем

Историски ниската доверба во судството и слабото владеење на правото се одраз на проблемите во целиот институционален систем, а политичките притисоци и натаму претставуваат сериозен предизвик за независноста на уставните судови во регионот.

Форум на уставни судови во Охрид: Ниската доверба во судството е одраз на целиот систем

Ова се дел од пораките од денешната меѓународна конференција во Охрид, каде што во рамките на четвртиот годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови, претседатели и уставни судии од регионот и Европа разговараа за независноста на судството, правната сигурност и враќањето на довербата на граѓаните во правосудните институции.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, оцени дека кај нас недовербата на граѓаните не е проблем само на судската, туку и на останатите власти.

- Било која од властите, ако се соочува со историски ниска доверба, таа е резултат на целиот систем. Не можеме да речеме дека судската власт има два процента доверба, а другите власти имаат огромна доверба. Немаат. Затоа што тоа е резултат на системот – изјави Костадиновски.

Костадиновски оцени дека со измените на Кривичниот законик се легитимирала неказнивоста, што претставува тежок удар врз правната држава. Тој предупреди и на постојаните обиди за политичко влијание врз уставните судови, нагласувајќи дека судиите имаат обврска да им одолеат на притисоците и да ја зачуваат независноста на институцијата.

Дека недовербата во судството е директно поврзана со кризата на владеењето на правото, предупреди и уставниот судија Осман Кадриу.

„Прашањето за недовербата во судството се однесува и се одразува и на владеењето на правото. Кај нас, во нашата земја и во соседните земји, правото е во криза. Правото е во криза кога не се почитува и погрешно се применува. Правото е во криза и кога законодавниот дом носи ептен лоши закони. Лоши закони во смисла што се противуставни, со штетни последици. Школски пример за тоа е лошиот Кривичен законик и неговите измени од 2023 година.“ изјави – Осман Кадриу, уставен судија.

На конференцијата во Охрид, на која учествуваат претставници на уставните судови од регионот и Европа, беше истакната потребата од поголема независност, транспарентност и заштита на уставните права на граѓаните.

На четвртиот годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови е предвидено усвојување на Охридска декларација, со која се настојува да се зајакнат независноста на уставните судови и довербата на граѓаните во нивната работа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележан Денот на Инженерискиот баталјон

Денес, со воена свеченост се одбележа 13 Ноември, Денот на Инженерискиот баталјон од составот на 1.пешадиска бригада.

Одбележан Денот на Инженерискиот баталјон

На свеченоста присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорот на Генералштабот бригаден генерал Орце Јордев, командантот на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на Првата пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, пензионирани генерали, поранешни команданти на единицата, претставници од Армијата и Министерството за одбрана и други гости.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, упатувајќи честитки до сите припадници на Инженерискиот баталјон по повод Денот на единицата посочи дека денешниот празник се совпаѓа со Денот на ослободување на градот Скопје, што носи силна симболика – Ослободувањето го означува почетокот на изградбата на едно ново и слободно утре, а Инженерискиот баталјон со посветеноста и професионалноста е продолжение на таа визија, во насока на изградба на посилна Армија и побезбедна држава.

„Вие, припадниците на оваа единица сте меѓу оние кои ги создаваат условите за успешна реализација на армиските задачи. Од изградба и одржување на инфраструктурата, обезбедување проодност на патните правци и поддршка на вежбовни активности, до помош на граѓаните и локалните заедници. Токму затоа, инженериската поддршка е еден од темелите на секоја функционална и подготвена Армија“.

Министерот Мисајловски ги истакна и бројните активности на оваа единица ширум општините во државата, за подобро поврзување на населените места, пробивање, поправка и одржување на патната инфраструктура во руралните средини со цел полесен пристап и подобри услови за живот на локалното население со што уште еднаш покажаа дека Армијата е секогаш со граѓаните и подготвена да помогне таму каде што е најпотребно.

Командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, во своето обраќање ја истакна важноста на одбележувањето на датумите кои нè потсетуваат како се сака и како се брани татковината и се нашата водилка во иднината. При тоа на припадниците на Инженерискиот баталјон им порача „Драги инженерци, бидете горди што сте дел од единствената инженериска единица во Армијата, продолжете да работите вредно и посветено и секогаш нека ве води вашето мото – “Секогаш напред“.

Командантот на Инженерискиот баталјон, потполковник Ласте Георгиев со гордост ја истакна професионалноста, посветеноста и значајната улога на припадниците на единицата во поддршка на Армијата и граѓаните, осврнувајќи се на реализираните задачи, обуки и вежби во изминатата година.

„Инженерискиот баталјон не гради само патишта, туку гради доверба, сигурност и иднина. Нашата најголема сила не е само во опремата, туку пред сè во нашиот персонал, неговото знаење, срце и посветеност, а патот на инженерецот е секогаш напред!“ рече потполковник Ласте Георгиев.

По повод Денот на единицата, беа прочитани наредби за унапредување и стимулативни мерки за припадниците на баталјонот кои постигнале високи резултати во работата. Како најдобар вод од составот на Инженерискиот баталјон е избран Првиот инженериски вод од Четата за општа инженериска поддршка.

За остварените резултати во повеќегодишната соработка, командантот на Инженерискиот баталјон им додели благодарници на претставниците од општините: Делчево, Јегуновце, Боговиње, Македонски Брод и Старо Нагоричане.

Во рамки на свеченоста беше реализирано дефиле и тактичко-технички збор на опремата и средствата со кои располага единицата.

Со одлука на претседателот и врховен командант на Вооружените сили, за ден на Инженерискиот баталјон е одреден 13 Ноември, како датум од историско значење на кој единицата е носител на традициите на инженериската бригада на Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер