Филмски фестивал во Тетово - Канал 5

Филмски фестивал во Тетово

Триесет и два филма ќе бидат прикажани на четвртото издание на филмскиот фестивал Watch Out што до утре до петок ќе се одржи во Тетово, информираа организаторите на фестивалот од Центарот за балканска соработка Лоја од Тетово на денешната прес конференција.

Филмски фестивал во Тетово
Според Александар Стојановски Цули тие добиле 186 пријави од пет континети, но стручното жири се решило за изборот да се ограничи на 32 филмови кои ќе бидат прикажани за четирите фестивалски денови. Веќе се познати и победниците во трите постојани категории.

- За документарен филм наградата ја доби Сеп Вербум од Белгија за филмот Rope hope, во кетегоријата анимиран и експериментален филм наградата оди кај Леа Видаковиќ од Хрватска за филмот The last landscape, додека во категоријата кратки играни филмови наградата оди кај Дон Раца од Косово за филмот Пет Евра.

Во рамките на фестивалот ќе биде организирана и работилница под наслов Тетово Транформерси под раководство на американскиот ТВ продуцент Скип Блумберг и на која ќе учествуваат петнасеттина млади луѓе од Тетовско.

- Watch Out е навистина светски фестивал и со задоволство учествувам на него. На работилницата младите ќе учат за направат видео но она што сакам да постигнам е овие млади луѓе да покажат како Тетово може да се направи подобро место за живеење, рече Блумберг.

Проекциите на одбраните филмови традиционално се одржуваат на отворено во Музејот на тетовскиот крај во куќата на Јованоски во тетовската населба Два бреста во Тетово. Во случај на непогодни временски услови проекциите ќе се одржуваат во мини кино салата на ЦБС Лоја. По свеченото отворање и проекциите на првиот дел од кратките играни филмовви што ќе се одржи утре со почеток од 20 часот ќе биде одржан и концерт на кој ќе настапи групата Амон Мра од Скопје.

Филмскиот фестивал Watch Out се организира со финасиска подршка од германскиот институт Гете со седиште во Скопје додека работилницата е подржана од Амбасадата на САД во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот.

Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните.

Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници.

„Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна и централна потерница поради убиството на Дурмиши

30-дневен притвор за Ива Михаилова определи кочанскиот суд по предлог на ОЈО Кочани,  два дена откако таа побегна во Бугарија .

30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна и централна потерница поради убиството на Дурмиши

30-дневен притвор за Ива Михаилова определи кочанскиот суд по предлог на ОЈО Кочани, два дена откако таа побегна во Бугарија иако против неа и натаму беа на сила мерки за претпазливост, а и беше одземена и патната исправа. Ова значи дека Михаилова веднаш откако ќе биде обезбедена ќе заврши во ефективен притвор, а во меѓувреме, за неа ќе биде распишана и меѓународна и централна птоерница.

„Основниот суд Кочани, постапувајќи по службена должност, а по претходно добиено известување од ОВР Кочани, за кое веднаш го известил ОЈО Кочани, и определи мерка притвор од 30 дена на обвинетата Ива Михаилова, сметано од датумот и часот на лишување од слобода. Врз основа на решението, издадена е наредба до МВР ОВР Кочани, со барање, доколку истата се крие или е во бегство, да биде распишана меѓународна и централна потерница. Наредбата е доставена и примена од страна на ОВР Кочани.“

Од МВР пак ниту денеска нема одговор како Михаилова побегнала, ниту пак дали е во тек внатрешна истрага на МВР за евентуален пропуст на граничните службеници....Според поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓучевски, пак, полицијата во оваа фаза од постапката и не треба да открива детали од истрагата, но треба темелно да ги разгледа сите можни сценарија за бегството на Михаилова.

– Еден од основите е поминување на границата со коруптивни елементи – коруптивните елементи значат дека некој полициски службеници кои биле на смена требало да евендтираат, да скенираат личен документ дали е патна исрапава и така натаму...Тоа се дејсвија кои биле должни да ги преземат. Вториот момент е со фалисфикувани документи – фалсификувана патна исправа, за што република бугарија е позната, по однос на издавање на фалсификувани патни документи, а тоа го имавме и ние во република македонија.

За бегството на Ива Михаилова во Бугарија македонската јавност дозна опо нејзиното пристигнување во Бугарија – Таа и нејзиниот адвокат за тамошните медиуми изјавија дека легално ја поминале границата, а дека причина за заминувањето во Бугарија на Михаилова е нејзината влошена здравствена состојба состојба. Иако Михаилова тврди дека за излез од Македонија и за влез во Бугарија користела лична карта, официјално, МВР соопшти дека во системот за гранична контрола не е евидентирано дека ниту таа, ниту нејзиниот адвокат ја напуштиле земјава и влегле во Бугарија. Преку заедничкиот контакт-центар меѓу двете земји пак, било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез на овие две лица. На Ива Михаилова, која има двојно државјанство, и македонско и бугарско, и се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со трагичен крај, а во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши, од скопското село Љуботен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување на насилство и зголемување на безбедноста во сообраќајот

Денеска (13.10.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачје на ПС Центар реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“.

Превентивни активности за спречување на насилство и зголемување на безбедноста во сообраќајот

Денеска (13.10.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачје на ПС Центар реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Стави појас“, со цел да им се укаже на возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, како и за потребата од користење на сигурносниот појас и од страна на возачите, но и од страна на сопатниците, како и доследно почитување на сите сообраќајни правила. Во Кочани пак, полициски службеници од ПС БПС Кочани акцент ставија на обврската за прописно паркирање на возилата, со цел да не се загрозува безбедноста на другите учесници во сообраќајот, пред се пешаците.

Отсекот за превенција при СВР Куманово во текот на изминатиот викенд, во склоп на активностите организирани за одбележување на 11 Октомври, учествуваше во организацијата на традиционалната велосипедска трка во Куманово, како и литературен конкурс на кој учествуваа ученици од основни и средни училишта. Полициски службеници од ПС Пробиштип реализираа едукативни предавања во ПОУ „Браќа Миладиновци” Општина Злетово, со цел спречување на меѓуврсничко насилство и безбедно користење на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер