Филмови на сите времиња на Канал 5:„Биќе скоро пропаст свет“ –едно од најзначајните остварувања на таканаречениот „црн бран“ - Канал 5

Филмови на сите времиња на Канал 5:„Биќе скоро пропаст свет“ –едно од најзначајните остварувања на таканаречениот „црн бран“

Југословенско – француски игран филм снимен во 1968 година, во режија на Александар Петровиќ, познат како едно од најзначајните остварувања на таканаречниот црн бран.

Филмови на сите времиња на Канал 5:„Биќе скоро пропаст свет“ –едно од најзначајните остварувања на таканаречениот „црн бран“
„Биќе скоро пропаст свет“, во меѓународната дистрибуција е познат под францускиот назив Il pleut dans mon village (Дожливо во моето село) е југословенско – француски игран филм снимен во 1968 година, во режија на Александар Петровиќ, познат како едно од најзначајните остварувања на таканаречниот црн бран.

Иако филмот од делот на критиката добил добри оценки, како и Голема бронзена арена во Пулскиот фестивал, неговата мрачен и песимистички приказ на живот во село во Војводина од страна на бројните кругови во тогаш владејачкиот Сојуз на комунистите е сфатен како неприфатлива критика на комунистичкиот режим , па е, како и другите слични остварувања во тоа време со текот на времето покренал реакција која Петровиќ ќе го доведе во немилост. Петровиќ подоцна во интервју го навел како негов најдобар филм заедно со „Собирачи на пердуви“.

Дејствието се одвива во едно село во Војводина каде кафеџија е во кавга со свињар и за да му наштети го наговара да се ожени со отмена девојка. Но, во селото доаѓа млада учителка во која свињарот се вљубува и сметајќи дека сопругата му е препрека, тој ја убива, За да го спаси синот, таткото ја презема вината врз себе, но жителите го откриваат вистинскиот убиец, го мамат во ѕвоник, го врзуваат помеѓу ѕвоната и свињарот умира растргнат.

Режија: Александар Петровиќ
Продуцент: Georges Laurent
Сценарист:Александар Петровиќ
Улоги: Ана Жирардо, Иван Палих, Мија Алексиќ, Ева Рас, Драгомир Бојниќ Гидра
Датум на премиера: 30 октомври 1968 година
Траење: 84 минути
Емитување на Канал 5: 13.04.2018 во 22:00 часот
YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Комисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот совет

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија.

Комисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот совет

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира македонското собрание.

На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар.

Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира собранието беше поништен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Во среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. шпагети

250 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 ќесичка Болоњезе сос

малку магдонос

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. 

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци.

Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите.

Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер