2На денешен ден пред 19 години загина македонскиот славеј Тоше Проески, неговите песни живеат и денес
КултураФилмот „ Жаплу“ на Кристијан Дугвај во Кинотека на Македонија По повод деновите на франкофонијата, a со поддршка од Францускиот институт во Скопје, вечер ќе биде прикажан филмот „Жаплу“ на Кристијан Дугвај. Филмот е француско-канадска продукција и е снимен во 2013 година, по сценарио на Гијом Кане, која ја толкува и една од главните улоги. Во другите главни улоги настапуваат Марина Хендс и Даниел Отје. Проекцијата на филмот е во рамки на Францускиот кино клуб во Кинотеката на Македонија со почеток во 20 часот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ШишаркиВо петок (09.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Соња Манасиевска КоневскаСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. корнфлекс од какао 250 гр. маргарин 200 гр. чоколадо за готвење 150 гр. шеќер во прав 150 гр. сусам 150 гр. сецкани ореви 8 големи лажици мед Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач откри мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, лишен од слобода 27-годишник од Гостивар.-Случајот се случил вчера попладне во 16:20 часот, кога полициските службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи регистрирале мотор од марката „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки. На делница каде што ограничувањето на брзината е строго поставено на 80 километри на час, пресретнувачот измерил движење од дури 188 километри на час, што претставува повеќе од двојно над дозволеното ниво. Возачот В.Б.(27)од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот. Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
СветИран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец? Централната команда на САД (CENTCOM) ги отфрли трите тврдења на Иран, наведувајќи на платформата X дека Соединетите Држави и регионалните партнери сè уште го контролираат Ормускиот теснец.Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот брод бил погоден од ракета истрелана од Иран и потонал „додека бил влечен кон брегот“. ЦЕНТКОМ исто така ги отфрли тврдењата дека Иранската револуционерна гарда „убила стотици американски војници во Јордан“. „Тројца американски војници загинаа во борба во јули, додека партнерските сили ги бранеа своите позиции од ирански напади“, соопшти Централната команда на САД.Тагови: Иран Ормускиот теснец САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter