ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата и паниката на Филипче и СДС кои ги бројат чешмите, водата во Гостивар е чиста и безбедна
2ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата и паниката на Филипче и СДС кои ги бројат чешмите, водата во Гостивар е чиста и безбедна
3СДСМ: Aроганцијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ нема крај - ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните
Шоу бизФилмот за најбогатиот човек на светот: Кој ќе го игра Илон МаскВо подготовка е филмот за најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск. Филмот ќе се базира на авторизираната биографија на Волтер Ајзаксон објавена во септември.Проектот ќе го реализира продуцентската куќа А24, а режисер е Дарен Аронофски, потврдија од „Варајети“. За книгата на Ајзаксон наводно се бореле неколку студија и филмаџии, но продукциската куќа А24 триумфирала, зад проектите „Месечева светлина“, „Лејди Бирд“, „Соба“. Биографијата на Исаксон „Стив Џобс“ доби и филмска адаптација пред споменатата биографија; во истоимениот филм од 2015 година, ко-основачот на „Епл“ беше портретиран од актерот Мајкл Фасбендер. Милијардерот Илон Маск е основач на компанијата „SpaceX“ која се занимава со производство на вселенски летала и е поранешен претседател на мултинационалната компанија „Tesla“. Моментално е претседател, сопственик и директор на компанијата X, поранешен Твитер. Педесет и двегодишниот Маск моментално е најбогатиот човек на светот. Финансискиот трон е благодарение на богатството кое Блумберг и Форбс во октомври го процениле на повеќе од 200 милијарди долари. - Мило ми е што Дарен ќе го направи тоа. Тој е еден од најдобрите - ја коментираше Маск веста на Х.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИзвонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта на џез вечерите на „Охридско лето“Четирите џез вечери на фестивалот „Охридско лето“ изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта.Честа да ја затвори џез програмата синоќа на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми. Музиката без граници ја одбележа уште една незаборавна џез-вечер на „Охридско лето“. Завчера, Питер Сомуа и неговиот состав ѝ подарија на фестивалската публика енергично музичко доживување, во кое топлиот звук на трубата се сретна со џезот, африканските ритми и современите музички влијанија. Со својата интернационална музичка приказна, Питер Сомуа уште еднаш покажа дека џезот навистина е универзален јазик – способен да ги поврзе културите, континентите и луѓето. Истата вечер, Сомуа и неговиот бенд , по завршувањето на концертот, фестивалската сцена на Долни Сарај им ја отстапија на Нубаја Гарсија и нејзиниот состав - Лајл Бартон, Макс Лутерт и Сем Џонс. Тие ја поведоа фестивалската публика низ современ музички свет во кој џезот се преплетува со класичната музика, дабот, R&B и афро-карипските влијанија. Со својот препознатлив звук и енергија, Гарсија уште еднаш покажа зошто е една од највозбудливите фигури на современата британска џез-сцена. На 14 август, за љубителите на овој жанр музика, концерти одржаа Националниот џез оркестар кој ја претстави својата исклучителна концертна програма „Македонски сновиденија“ – енергична фузија од македонски фолклор и современ џез. Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот приреди магично музичко патување, инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Специјалниот гостин, трубачот Питер Сомуа од Гана, ѝ даде дополнителна енергија на вечерта, внесувајќи го својот препознатлив звук и африканските музички влијанија во оваа впечатлива музичка приказна. Dine Doneff и „Storytales“, заедно со Харис Ламбракис и Кирјакос Тапакис, ја поведоа публиката низ имагинарен свет од балади, приспивни песни, приказни и обредни мотиви инспирирани од македонското народно поетско наследство. Преку препознатливиот авторски јазик на Doneff, во кој се среќаваат балканската традиција, слободната импровизација, џезот и современата музика, „Storytales“ ја претвори личната приказна за идентитетот и меморијата во универзално музичко доживување Честа да ја отвори џез програмата на „Охридско лето“ ја имаше македонскиот гитарист и композитор Крсте Роџевски кој живее и работи во САД. Тоа беше вечер исполнета со авангарден звук, византиска традиција и современ џез.Во црквата „Света Софија“, Роџевски заедно со неговиот ансамбл Христијан Моневски, Дамјан Палоски, Андреа Мирческа и Оливер Јосифовски ја претставија концертната премиера на „Orthodoxia Kai Thanatos“ - проект во кој византиското пеење се сретна со експерименталниот и слободен џез, создавајќи уникатен музички јазик. Според директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, воведувањето на џез програмата претставува природно проширување на фестивалската понуда и одговор на интересот на публиката за различни музички жанрови, без притоа, како што вели, да се наруши основниот концепт и идентитет на фестивалот кој полни 66 години важи за една од најголемите и на реномираните музичко-сценски манифестации во регионот. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата и паниката на Филипче и СДС кои ги бројат чешмите, водата во Гостивар е чиста и безбеднаСДС никако да сопре со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните.Ќе заврши со една тема, ќе почни со друга. Ќе заврши со водата за пиење во едно населено место, ќе се префрли во други. Па така, СДС почна со Гостивар, со неуспешниот обид за ширење дезинформации за квалитетот на водата, за што експресно беа демантирани, се префрли во Скопје, за на крај да заврши на селската чешма со кисела вода во Кривогаштани. И за тоа немаат ниту грам срам, грижа на совест, ниту одговорност, ниту пак имаше извинување од нив за хистеријата и дезинформациите кои ги ширеа по насока на двоецот Венко Филипче и Зоран Заев додека уживаат на јахта во Грција. Но додека СДС се препелкаат во сопствениот талог и кал, институциите работат и ги решаваат проблемите, меѓу кои и тие со водата. Така, во Гостивар надлежните институции за неполн месец целосно, како никогаш до сега, го исчистија градскиот водоводен систем и по сите потребни направени испитувања, се потврди дека водата е безбедна за пиење. Гостиварци веќе имаат безбедна питка вода, а СДС, наместо да ги прифати фактите, со своите настапи продолжува да создава сомнеж кај граѓаните. Граѓаните не треба и не смеат да бидат заложници на партискиот хаос и паника кој владее во СДС и кои сега, додека Филипче е на Паљури со Заев, се поголеми од кога било. Затоа им порачуваме на СДС, наместо да измислуваат кризи, подобро повеќе да се занимаваат со самите себе, да се справат и да го решат сопствениот хаос и дезориентираност во кој длабоко се заглавени. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаСДСМ: Aроганцијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ нема крај - ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓанитеПо враќањето на Христијан Мицкоски од „научната екскурзија“, речникот на ВМРО-ОКГ стана уште поарогантен.Сега ја исмејуваат грижата за здравјето на граѓаните. СДСМ деновиве постојано предупредува за загадена вода низ Македонија, токму затоа што власта на Мицкоски и неговата организирана криминална група ги крие податоците. Поради таа тајност еден цел град од 50.000 жители беше изложен на труење - над 5.000 луѓе побараа лекарска помош. Мицкоски од екскурзија „пушти“ вода за пиење во Гостивар. А документ за исправност на водата сè уште нема. Клековски, кој исто така беше на екскурзија, сè уште не се огласил, иако самиот најави дека првите резултати ќе ги има дури околу 20 август. Наместо премиерот и министерот за здравство - полицаец држи здравица и објаснува колку е „вкусна“ водата. Во случајот со Гостивар видовме целосна негрижа: иако анализите покажаа дека водата е загадена со фекалии, никој не ги предупреди граѓаните. Тие со денови пиеја отруена вода. Се отру и самата болница. Прво еден „полицаец“ (министерот Тошковски) ја хиперхлорираше, потоа друг (Ангелов) ја пушти во употреба со здравица. Од почетокот на кризата - нема ниту едно стручно лице. Ниту еден документ со анализи. Ниту една институција и одговорно лице што стои зад исправноста. Обвинителството на чело со Савевски е целосно на екскурзија. Ниту трага, ниту глас. Пет недели - ниту еден одговорен за Гостивар. Единствено што слушаме се соопштенијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, преку нивните и Орбановите медиуми, дека „сончаницата му го заматила мозокот“ на проф. д-р Венко Филипче и на целиот СДСМ. Откако повеќегодишните лажни вести и измислени афери граѓаните веќе ги препознаа, сега преминуваат на нов вид кампања - отворено исмејување. Над 50 места во Македонија немаат објавени анализи на водата. Само во последните три дена - уште два случаи со отровни материи во водата во Демир Капија и минералната вода во Кривогаштани. Четири реки се загадени - сè уште нема одговорни. Ова е власт составена од тендер-патриоти, предводена од човек кој во најголемата здравствена криза во последните две години (труење со вода, епидемија на жолтица и западнонилска треска) одлучи да оди на екскурзија - заедно со половина од својата влада. Ароганцијата нема крај. А одговорност сè уште нема. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29