Одземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на час
2Одземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на час
КултураФилмот „Стела“ дел од образовните програми во Шведска за учење на македонскиот јазик и култураМакедонскиот долгометражен филм „Стела“ ќе биде дел од образовните програми во Шведска. Ова признание е од исклучителна важност за македонската кинематографија бидејќи филмот ќе се користи како средство за учење на македонскиот јазик и за запознавање со културата и природата на Македонија. „Стела“ е првата македонска зелена продукција, создадена во копродукција меѓу „Дрим фактори“ (Македонија), „Акција Продукција“ (Србија) и „Моуна“ (Германија), со поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот фонд на Баден Вуртемберг во Германија. Режисер на филмот е Стојан Вујичиќ, а продуцент е Огнен Антов. Како што информира продуцентската куќа „Дрим фактори“ (Dream Factory), филмот ја раскажува емотивната приказна за Никола, младо момче кое заедно со својот дедо и шарпланинката Стела се соочува со предизвици како булингот и семејните потешкотии. - „Стела“ е повеќе од филм – тоа е универзален симбол на љубов, храброст и заемна поддршка, кој ги поврзува генерациите преку својата топлина и автентичност. Филмот „Стела“ е избран како едукативна алатка во шведските образовни центри заради неговиот визуелен и емоционален карактер, кој го прави наставниот процес побогат и повпечатлив, се вели во соопштението. Иницијатори на проектот се професорките по македонски јазик Павлина Велјаноска и Тереза Шалевска-Мирчева. Професорката Павлина Велјаноска, го изрази своето мислење за значењето на филмот во едукативен контекст: „Филмот како медиум, претставува моќна алатка која преку својот визуелен и емотивен карактер го прави наставниот процес поинтересен, инспирира креативно пишување и развива критичко размислување. Нашата цел е филмот „Стела“ да ја поттикне свеста кај учениците за темата врсничко насилство, да поттикне емпатија кај нив и да им овозможи да истражуваат културни и општествени аспекти на мајчиниот јазик, збогатување на лексиката и секако запознавање со убавините на Македонија“. - Филмот „Стела“ е мост помеѓу Македонија и светот, нудејќи можност за истражување на јазикот, културата и вредностите што нашата земја ги нуди. По премиерата, „Стела“ освои награди и признанија на фестивали низ Европа, а со оваа нова соработка со шведските образовни институции продолжува да инспирира и да ги поврзува младите генерации со македонската култура, стои во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“Организирната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата.Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс. Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот. ЗНАМ, партија која практично престана да постои, која изгуби пратеник, советници и која се распаѓа пред очите на јавноста, сега излегува со став дека се „задоволни од работењето на нивните функционери“. Прашањето е едноставно: Кој работи во ЗНАМ кога таму повеќе нема никого? Единственото нешто што ЗНАМ и нивните кадри одлично го работат во изминативе две години се тендерите и парцелите. Тендери за свои блиски, тендери за советници, парцели со земјиште, тендери без контрола и без одговорност. Сè друго - од економија, до европски пат, е целосен неуспех. Наместо реконструкција која ќе значи промена, добиваме театарска претстава во која Мицкоски и неговите сателити се обидуваат да ја продолжат истата политика на долгови, сиромаштија и изолација. Граѓаните не сакаат нова шминика. Сакаат вистинска одговорност и вистински резултати. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
МакедонијаОдземено возило „Порше“ – лишен од слобода возач од Република Србија кој управувал со 188 километри на часПоради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.На 18.06.2026 во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија. При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час. Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка. Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево и топло со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена. До средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter