ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шокови
3САД полека се опоравуваат од силното невреме на Денот на благодарноста- метеоролозите со лоши прогнози (ВИДЕО)
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветФилмот на Навални за палатата на Путин е прегледан 130 милиони пати (ВИДЕО)Почина лидерот на опозицијата Алексеј Навални (47), кој отслужуваше затворска казна во регионот Јамало-Ненец на крајниот север на Русија.Ова денеска го соопштија руските новински агенции, повикувајќи се на управата на затворот, објави Скај Њуз. Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија и жесток противник на војната во Украина, беше осуден 19 години затвор за измама, непочитување на судот и прекршување на условната казна. Навални и многумина на Запад ги отфрлија тие обвинувања како измислени и политички мотивирани. Движењето на Навални беше забрането, а повеќето негови главни поддржувачи избегаа во странство. Пред да биде осуден и да биде испратен во затвор, тој живеел во Москва со сопругата Јулија и двете деца. Додека беше во притвор во предградие на Москва во јануари 2021 година, Навални продолжи да биде трн во окото на рускиот претседател Владимир Путин. Неговиот тим потоа ги објави резултатите од големата истрага за богатството на Путин и на јавноста ѝ го даде првиот поглед на наводната палата на Путин на брегот ан Црното Море. Документарецот, кој беше објавен заедно со истражувањето, за еден ден на YouTube го погледнале 22 милиони луѓе. До денес, бројот на прегледи само на YouTube достигна речиси 130 милиони. Истрагата вклучува наводи за обемна корупциска шема поврзана со, како што велат, недвижен имот на Путин од 1,4 милијарди долари. Руските власти тогаш негираа сè: "Тоа е повторување на стара приказна. Ако не се лажам, во 2017 или 2016 година прво се појави приказната за таканаречената палата на Путин во Геленџик. Тоа не е точно. Нема палата, тој не е сопственик на ниту една палата“, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков. Приказната за овој имот првпат се појави пред десет години кога претприемачот Сергеј Колесников објави отворено писмо во кое го повикува тогашниот претседател Дмитриј Медведев да ја запре корупцијата за финансирање на изградбата на палатата. Извештајот и двочасовниот документарец објавени од Фондацијата на Навални против корупцијата (ФБК) нудат опширен увид во палатата. Од ФБК тврдат дека од подизведувачот добиле детални градежни цртежи, како и список на купен мебел и фотографии од примероци од подот. Со помош на собрани документи и фотографии изградиле 3Д модел на ентериерот. „Ова е како држава во држава со која владее вечен император“, рече Навални во документарецот. „Направен е така што никој не може да му пристапи од копно, море или воздух. На илјадниците луѓе кои работат во палатата им е забрането да носат дури и обичен мобилен телефон со камера, но ние ќе ѕирнеме внатре.“ Истрагата на Навални тврди дека имотот има површина 39 пати поголема од онаа на Монако. Според плановите, самиот замок е 17.691 квадратни метри, а се состои од 11 спални соби, неколку дневни соби и сали, приватен театар, кино, казино, две бањи, турски бањи, пекара и „валкана соба“ со непозната намена. Собите имаат мермерни подови и столбови, а на таванот има раскошни украси по примерот на кралските палати во Санкт Петербург. Тие се опремени со кадифе и богати теписи. Посебен дел од извештајот е посветен на описите на неверојатно скапиот мебел направен по нарачка од луксузен италијански бренд. Меѓу наведениот мебел има маса од 56.000 долари и софа од 27.000 долари. Собата што ја нарекоа „најконтроверзната соба во палатата на Путин“ е салон за наргиле со нешто што личи на шипка за танцување. Тимот на Навални тврдел дека трошоците за изградба на палатата вртоглаво пораснале поради постојаното реновирање. Уште од самиот почеток се појавиле проблеми со проветрувањето и високата влажност, поради што настрадале многу делови од луксузниот ентериер. Палатата се наоѓа на 68 хектари земја, но вистинската големина на имотот е и до сто пати поголема, велат тие. Исто така, наводно, прикачено на имотот е и земјиште за кое тие тврдат дека припаѓа на ФСБ, Федералната служба за безбедност на Руската Федерација. Се вели дека земјата на ФСБ е 70 квадратни километри. Според видеото од дронот на ФБК, имотот вклучува подземно лизгалиште за хокеј, приватна црква, амфитеатар и стаклена градина од 2.500 квадратни метри. Земјиштето го чуваат вооружени чувари, а над него е прогласена зона за забранети летови. До палатата има лозје и винарија каде 24 часа се слуша класична музика, која наводно помага во зреењето на виното, изјави за ФБК еден од лозарите од околината. Тоалетот сместен во лозјето е опремен со четки во вредност од 850 долари, а тоалетната хартија е на држачи во вредност од 1.250 долари, велат од тимот на Навални. Навални тврдеше дека производството на вино е „многу скапо хоби“ на Путин и дека рускиот претседател им го послужува тоа вино на своите пријатели, вклучувајќи го и кинескиот претседател Си. Навални, исто така, тврдеше дека тој и неговиот тим откриле корупциски рекет кој го финансирал имотот на рускиот претседател и други приватни трошоци. Наводно, Путин на почетокот на својот мандат се договорил со руски олигарси и богати бизнисмени дел од приходите да „донираат“ на инвестициска компанија, а потоа 35 отсто од таа сума да се префрлат на посебна сметка во Швајцарија. „Со овие пари му изградија палата на својот шеф“, вели Навални во видеото. Во 2014 година, Ројтерс пишуваше и за финансиската мрежа околу недвижен имот на Црното Море.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија Полетувањата и слетувањата на аеродромот Келн-Бон во Германија беа прекинати околу два и пол часа откако дрон беше забележан над аеродромот вчера вечерта.Портпаролот на аеродромот изјави дека објектот бил забележан кратко пред 22 часот, што предизвикало прекин на целиот воздушен сообраќај, објави денес „Велт“. Германската контрола на летање го истражи инцидентот и дозволи летовите да продолжат околу 00:30 часот, соопшти операторот на аеродромот. Ниту операторот ниту германската контрола на летање не објавија дополнителни информации за околностите на инцидентот.Тагови: аеродром дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаНова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“. Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица. Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден. На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.Тагови: Виена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави сѐ да нема никакви ценовни шоковиВенко Филипче и талогот на СДС никако да престанат да живеат во филм чија основна содржина се лагите и ширењето паника.Ќе се обидеме, кратко да им ја објасниме ситуацијата во Македонија секако со желба да излезат во филмот во кој живеат. Прво, Македонија не е изолирана од регионот, Европа и светот, затоа глобалните движења се дел и од македонската реалност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема мерки за намалување на цена на дериватите. Тука секако се грижи и ако е потребно согласно светските движења цените да може да бидат што пониски. И второ, ова се економските показатели во Македонија. Растот на БДП, поточно реалниот раст на бруто-домашниот производ изнесуваше 3,8% во 2024 и во 2025 година, а во вториот квартал од 2026 година достигна 4,3%. Инфлација во септември 2026 година беше 2,7%, а просечната во третиот квартал околу 2,5%. Еве податоци и за платите и пензиите. Во ноември 2026 година, просечната нето-плата се зголеми од 41.252 денари во мај 2024 на 49.141 денар во септември 2026 година, а просечната пензија од 21.209 денари на 28.935 денари. Реалната нето-плата во септември 2026 година пораснала за 5,2%. Дополнително, во следните две години треба да се вратат околу 5 милијарди евра стари долгови и камати. Оттука, се што зборува Филипче и талогот од СДС е единствено ширење лаги и хистерија меѓу граѓаните, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook