СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
1СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
КултураФилмот „Медена ноќ“ го отвори 18. Скопски филмски фестивалНовиот филм на режисерот Иво Трајков „Медена ноќ“, кој вчеравечер беше прикажан премиерно на отворањето на 18.Скопски филмски фестивал, е инспириран од новелата „Уво“ на чешкиот писател и врвен сценарист Јан Прохаска. Книгата е напишана во 1965, а по неа набргу е снимен и истоимен филм на чешкиот режисер Карел Кахиња. Филмот веднаш завршил во трезор на забранети книги и е прикажан во 1991, а новелата од заборав била извлечена со повторното објавување во 1989 година. Трајков денеска на прес-конференција рече дека филмот го гледал во 1980-тите додека студирал на ФАМУ и кога тој бил забранет, а книгата ја прочитал подоцна и таа повеќе го инспирирала за да направи адаптација за филмот „Медена ноќ“. - Кога ја прочитав, разбрав дека политичката актуелност на филмот, кој е работен според новелата, во одредена мерка неа ја повредува, затоа што речиси целиот фокус е на политичкиот акцент. Мене ми беше жал дека е така, затоа што во книгата е фантастичен односот меѓу мажот и жената, т.е. односот во бракот, сместен во една ноќ, кој ескалира во драмска ситуација. Има политички бекграунд, т.е. политички трилер во позадина, но пред се е фокусиран на двата главни лика, истакна Трајков. Според него, огромен и многу важен сегмент кој постои во новелата и во неговиот филм, а не постои во филмот на Кахиња е во завршницата. Наспроти филмот на Кахиња, кој завршува со моментот на страв на протагонистите кога дознаваат дека некој се знае за нив, во својот филм Трајков го вклучил крајот од новелата - тие (ликовите) да ја побараат вината и кај себе, односно да се потенцира дека ние сме одговорни за своите животи и постапки. - Во новелата и во нашиот филм крајот вели: да, стравот е тука, ама ние сме виновни. Затоа што ние сме конформисти, затоа што ние се плашиме, затоа што ние го правиме ова, затоа тие можат да ја управуваат државата или политички да ја водат така како што им треба. Жал ми беше што ова не влегло во тој филм и што во него има премногу: тие се лошите, нас не узурпираат и се виновни за се. Тоа е еден алибизам. По мое видување, ние сме самите одговорни за своите животи и нашите одлуки овозможуваат да ни се случуваат евентуални нешта..., рече режисерот. Филмот е копродукција меѓу Македонија („Кавал филм“), Чешка и Словенија, снимен е во Скопје во 2013 година. Дејството е на почетокот на 1990-тите во Македонија, кога е 10-годишнината од бракот на Ана и Никола (ги играат Верица Недеска и Никола Ристаноски). Низ флеш-бек секвенци од прославата на државен празник, се следи втората наративна линија на приказната - брачната криза од која се отсликува професионалниот живот и искушенијата на Никола - заменик-министер инволвиран во скандал со приватизација на државно претпријатие. На виделина излегуваат сите нивни проблеми, фрустрации и тајни... Женскиот лик, според Трајков, бара голем драмски потенцијал зашто е комплексен и со амплитуди, истовременео трагичен и смешен. Актерката Верица Недеска истакна дека и било предизвик повторно да работи со Трајков и со Ристановски. - Беше огромна комоција да се работи во такво друштво, а да се игра женска карактерна улога кои и во светската кинематографија се многу ретки, кои можат да покажат поголема плејада на способности на самиот актер. Тоа за мене беше огромна чест, но и огромна одговорност, додаде Недеска. Во екипата се појавуваат и други македонски актери. Директор на фотографија е Милорад Глушица, монтажата е на Андрија Зафрановиќ, сценограф е Иван Бартлинг, костимограф Жаклина Крстевска, а музиката ја компонираше Тони Китановски. Филмот ќе биде редовно на репертоарот на кино „Милениум“ од 25 април, по завршувањето на Скопскиот филмски фестивал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУДокументите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија.Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар. Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура. Тоа значи дека токму владата на СДС и ДУИ ја разгледувала и ја прифатила можноста за воспоставување деловна соработка со истата банка и истиот сопственик, за кои денес, Филипче и СДС шират обвинувања. Исто така, невистинити се и тврдењата дека Алта банка имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка. Податоците објавени на официјалната веб-страница на Адико банка во Виена покажуваат дека Алта банка Белград поседувала 9,63 проценти од акциите на оваа банка, а тој удел банката го има до ден денес. Дополнително, Алта банка склучила договор со Рајфајзен банка од Виена во врска со планираното преземање на Адико банка и идното пренесување на нејзините филијали во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ваквата одлука е активна до моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија, по што Рајфајзен банка носи нова одлука со која ја прекинува соработката со српската банка. Овие факти се во спротивност со политичките тврдења на СДС дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ. Особено е важно да се потенцира дека македонските институции постапуваат врз основа на законите и надлежностите, а не врз основа на политички конструкции и неаргументирани обвинувања. Банката не само што не била забранета, туку била дел од сопственичките структури на ЕУ банка. Од друга страна, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто во 2023 година нивната влада ја разгледувала деловната соработка со Алта банка, а денес истата таа банка ја користат за политички конструкции и напади, со кои свесно шират паника за да ја нарушат довербата во финансискиот систем и државата, а тоа нема да им успее. Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги истражи сите овие основни сомнежи и да започне постапка против претседателот на СДС, Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook