Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
Шоу бизФилмот „Flow“ добитник на наградата на публиката ЛУКС за 2025 година Филмот „Flow“ (во слободен превод „Проток“) на летонскиот режисер Гинтс Зилбалодис е добитник на паневропска награда на филмската публика LUX за 2025 година. Филмот, кој е во летонско-француско-белгиска копродукција, говори за мачката Кет чиј дом е уништен при голема поплава. Во своите напори да се прилагоди на новиот начин на живот, Кет наоѓа засолниште на брод населен со други животни. Филмот се занимава со прашања што се меѓу темите од централно значење на Европската Унија - климатските промени, миграцијата, раселувањето и отпорноста. „Flow“ ја доби наградата во конкуренција на пет филма на церемонија што се одржа синоќа во Европскиот парламент во Брисел. - Наградата на публиката ЛУКС е повеќе од обична награда. Таа е доказ за посветеноста на Европскиот парламент кон демократијата, слободата на изразување и улогата на кинематографијата во одразувањето и обликувањето на нашите општества. Таа ги доближува европските приказни до луѓето и ги доближува луѓето до работата на Европскиот парламент, истакна потпретседателката на ЕП, Сабине Верхајен во обраќањето на церемонијата. Таа посочи дека петте номинирани филмови за наградата оваа година говорат за некои од најитните и најинтересните прашања на нашето време, кои се во сржта на агендата на Европскиот парламент. Почесниот претседател на Комитетот за избор на лауреатот на наградата ЛУКС и претседател на Европската филмска академија, Мајк Дауни истакна дека овогодишните номинирани кандидати претставувале пет привлечни наративи. - Тие се инспирација за филмските работници и јавноста, не само за чествување на извонредната разновидност на европската кинематографија, туку и за демонстрирање на нејзината способност истовремено и да забавува и да воздигнува. Кинематографската уметност во Европа е совршен пример за тоа како културата може да даде значаен придонес во општеството и да се залага за сочувство, емпатија и промени во еден поделен свет, додаде Дауни. Во конкуренција за наградата беа и филмовите „Animal“ („Животно“) од грчката режисерка Софија Егзарху, „Dahomey“ („Дахоме“) на француската режисерка Мати Диоп, „Intercepted“ („Пресретнат“) на украинската режисерка Оксана Карпович и „Julie keeps quiet“ („Жили молчи“) на белгискиот режисер Леонардо ван Дејл. Добитникот на наградата се избира со гласање на јавноста и на европратениците, чии гласови се сметаат во сооднос 50-50. Наградата ЛУКС се доделува од 2007 година на филмови кои третираат теми поврзани со актуелни политички и социјални прашања или поттикнуваат дебата за европските вредности. Номинираните филмови за наградата кои влегуваат во потесниот избор се стекнуваат со право да бидат дистрибуирани со превод на 24 јазици што се во употреба во ЕУ. Тагови: Flow ЛУКС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook