Филмот „Домаќинство за почетници“ премиерно на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција - Канал 5

Филмот „Домаќинство за почетници“ премиерно на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција

Репризното издание ќе се прикаже утре, седми септември, со почеток во 15.30 часот.

Филмот „Домаќинство за почетници“ премиерно на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ денеска ќе ја има својата светска премиера со почеток од 17 часот, на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција. Филмот е во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје.

Репризното издание ќе се прикаже утре, седми септември, со почеток во 15.30 часот.

„Домаќинство за почетници“ ќе биде дел од натпреварувачката програма „Orizzonti“ во конкуренција за наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио, специјална награда од жирито и најдобра машка и женска улога.

Третиот долгометражен филм на режисерот Столевски е прво негово македонско мнозинско остварување. Неговиот дебитантски филм „Нема да си сама“ (You won’t be alone) беше премиерно прикажан на Sundance Film Festival во 2022 година, а истата година, неговиот втор филм „Доволно возрасни” (Of an Age) го отвори Интернационалниот филсмки фестивал во Мелбурн. „Домаќинство за почетници” е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а продуцент на филмот е Марија Димитрова од Лист продукција - Скопје.

- Многу ме радува тоа што со продуцентката Марија Димитрова се враќаме токму во Венеција, каде што за првпат концептот за „Домаќинство за почетници“ го развивме во работилницата на Биенале Колеџ Синема во 2019. Во меѓувреме имавме прекрасно креативно искуство и створивме безброј убави спомени со нашата неуморна, феноменална екипа составена од ценети ветерани и возбудливи дебитанти. Мило ми е што сите емоции кои заедно ги вложивме во снимањето се најдоа и во завршениот филм, од кој бескрајно се гордеам, изјави режисерот Горан Столевски.

Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, ја нагласи исклучителната важност на повторното учество на еден македонски филм на фестивалот во Венеција.

- Македонската кинематографија продолжува да реди успеси и да е дел од најреномираните светски филмски настани. По многу години, Македонија лани со мнозински филм се врати во официјалната селекција на фестивалот во Венеција, а оваа година македонски филм финансиран од Агенцијата за филм повторно е дел од најстариот фестивал. Се радувам на успехот на Горан и целата екипа и се надевам ќе успееме да освоиме значајни награди на најстариот филсмки фестивал во светот, посочи Лазаревски.

Филмската приказна на Столевски се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Анамариа Маринка и Алина Сербан од Романија, Владимир Тинтор од Хрватска, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Северна Македонија. Во споредните улоги се: Сара Климоска и Ајше Усеини од Македонија и Розафа Целај од Косово и многу други професионални и непрофесионални актери од Северна Македонија. Снимањето на филмот се одвиваше во јули 2022 година во Скопје, а додека пост-продукцијата се работеше на релација Европа – Австралија и тоа во Мелбурн, Аделаида, Гетеборг и Варшава.

Меѓународниот филмски фестивал во Венеција (Мостра) започна пред неколку дена, а во конкуренција за наградата Златен Лав се наоѓаат вкупно 23 филмски остварувања. По повод 80-годишнината од постоењето на фестивалот, во трката за престижната награда во годинашната конкуренција се филмовите на прославените режисери Лук Бесон, Бредли Купер, Дејвид Финчер, Софија Копола, Мајкл Мен, Роман Полански и други.

Во натпреварувачкиот дел од програмата, публиката ќе има можност да го погледне новиот филм на Дејвид Финчер, „Убиец“, во кој главните улоги ги толкуваат Мајкл Фасбендер и Тилда Свиндон, како и „Јадници“ (Poor Things) на Јоргос Лантимос, во фантастичната приказна во која Ема Стоун глуми жена, која во живот ја враќа брилијантниот научник Годвин Бакстер. Режисерот и актер Бредли Купер ќе и се претстави на публиката со филмот „Маестро“, во кој главните улоги ги толкуваат токму тој и Кери Мулиган. Ова остварување претставува режисерски кам-бек на Купер, по оскаровецот „Sвездата е родена“ од 2018 година. Во биографскиот филм на Купер е прикажана брачната битка на легендарниот композитор Леонард Бернштајн и неговата сопруга Фелиција Монтеалегре. Мајкл Мен годинава се претставува со филмот „Ферари“, во кој ќе биде раскажана приказната за бившиот тркач Енцо Ферари, кој пробува да го спаси своето семејство и работа, обложувајќи се на легендарната трка Mile Miglia.

Филмскиот фестивал во Венеција е најстариот фестивал во светот и е дел од петтте најзначајни фестивали во светот од А категорија, заедно со фестивалите во Кан, Берлин, Торонто и Санденс./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Џонг-ун ја повикува војската да се подготви за војна

На севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му се дадени дополнителни уставни овластувања, вклучително и команда на нуклеарните сили, а исто така ги повика воените команданти да ги засилат подготовките за можна војна.

Ким Џонг-ун ја повикува војската да се подготви за војна

Промените доаѓаат во време на затегнати односи со Јужна Кореја, од чие обединување Пјонгјанг официјално се откажа, пишува „LADbible“.

Северна Кореја неодамна го објави текстот на својот устав, речиси три години откако беше отстранет од нејзината официјална веб-страница. Уставот беше изменет во март оваа година, дополнително консолидирајќи ја моќта на Ким.

Ким добива повеќе овластувања

Изменетиот устав му дава на Ким Џонг-ун право на вето на одлуките за парламентот и можност да ги разрешува претставниците кои ја губат довербата на народот. Како претседател на Комисијата за државни работи, тој исто така доби експлицитно овластување да командува со нуклеарните сили и можност да го пренесе овластувањето за употреба на нуклеарно оружје на надлежното воено тело.

Промените дополнително ја зајакнуваат неговата позиција на чело на земјата, која технички сè уште е во војна со Јужна Кореја. Корејската војна заврши во 1953 година со примирје, но мировен договор никогаш не беше потпишан.

Северна Кореја се откажа од обединувањето

Изменетиот устав повеќе не содржи одредби за обединување на двете Кореи и ја дефинира Јужна Кореја како посебна земја. Ова го потврди пресвртот во политиката на Пјонгјанг, што Ким го објави на крајот на 2023 година.

„Промената на севернокорејскиот устав го одразува она што го знаеме веќе три години - Северна Кореја не сака ништо да има со Јужна Кореја“, изјави за Newsweek Едвард Хауел, автор на „Новата оска на превирањата: Северна Кореја, Русија, Кина, Иран“.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг повика на воспоставување траен мир, но Пјонгјанг ги отфрла обидите за зближување на двете земји.

Ким Џонг-ун претходно изјави дека Северна Кореја нема апсолутно никаква работа со Јужна Кореја. Хауел верува дека Пјонгјанг испраќа јасна порака дека не е заинтересирана за напорите на јужнокорејската влада за обновување на односите.

Ким ја повикува војската да се подготви за војна

Тензиите дополнително се зголемија во последните недели поради воените активности на Северна Кореја. Според извештаите, Пјонгјанг тестирал балистички ракети, а претходно овој месец тенкови биле забележани во близина на границата со Јужна Кореја.

Сестрата на Ким, исто така, се закани со „безмилосно уништување“, додека севернокорејскиот лидер ги повика воените команданти да ја зголемат борбената готовност на своите единици.

„Главната револуционерна задача на командантот на чета е да ја заврши борбената готовност на своите единици за да бидат целосно подготвени за војна. Ова мора да се постигне со значително подобрување на интензивната воена обука“, рече Ким.

Тој додаде дека неговата крајна цел е да изгради што е можно посилна армија и да ја забрза нејзината модернизација. Уставните промени дополнително ја зајакнаа неговата контрола врз вооружените сили, вклучително и нуклеарниот арсенал.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Естонија се подготвува да ја затвори границата со Русија по обидот за саботажа

Естонскиот премиер Кристен Михал нареди подготовки за евентуално целосно затворање на границата со Русија по обидот за напад врз компанија што произведува воени дронови.

Естонија се подготвува да ја затвори границата со Русија по обидот за саботажа

Естонските безбедносни служби се сомневаат дека руската воена разузнавачка служба ГРУ стои зад обидот за саботажа, објави естонскиот јавен радиодифузер „ERR“.

Во сабота, 14 ноември, осум латвиски државјани беа приведени по обид за провала во фабриката „Треод Системс“ во Виимси, северно од Талин. Според естонските власти, целта на нападот била да се предизвика експлозија и да се запали објектот, кој, меѓу другото, произведува дронови за извидување со долг дострел и борбени летала.

Премиерот нареди подготовки за затворање на границата

Михал денес објави дека разговарал за евентуалното затворање на источната граница со министерот за внатрешни работи Игор Тара. Тој им наложи на министерството и владините оддели да ги подготват сите потребни мерки за да може границата да се затвори доколку безбедносната ситуација дополнително се влоши.

Естонскиот премиер предупреди дека руските разузнавачки служби ги експлоатираат граничните премини за да дејствуваат против Естонија. Затворањето на границата, според него, би ги намалило безбедносните ризици и би испратило порака до Москва дека нападите врз естонската одбранбена индустрија не се прифатливи.

Веќе втор напад врз одбранбената индустрија

Најновиот инцидент не е прв ваков случај во Естонија. Во август, беше извршен прикриен напад врз компанијата „Милрем Роботика“ во Талин, која се занимава со развој на беспилотни воени возила и други одбранбени технологии.

Естонската служба за внатрешна безбедност проценува дека обидот за напад врз „Треод Системс“ бил извршен по наредба на руската ГРУ. Премиерот Михал рече дека целта на ваквите операции е да се заплаши населението и да се ослабне поддршката за Украина.

Естонија, нагласи тој, нема да ја намали својата помош за Киев, туку ќе продолжи да ја зајакнува соработката со сојузниците и да го зголемува притисокот врз Русија.

Граничните премини работат со намален капацитет со месеци

Естонија во моментов има три отворени гранични премини со Русија: Нарва, Лухамуа и Коидулу. Сите се отворени од 7 до 19 часот, а ноќни затворања се воведени за зајакнување на граничната безбедност и поефикасен надзор.

Владата во август одлучи дека ограниченото работно време ќе важи до понатамошно известување. Во тоа време, министерот за внатрешни работи рече дека нема доволно причини за целосно затворање на границата, но најновиот безбедносен инцидент го отвори повторно ова прашање. Естонските власти сè уште не го објавија датумот на евентуалното затворање, ниту потврдија дека е донесена конечна одлука.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Јемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.

Јеменските Хути ослободија 600 воени заробеници

Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“.

„Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК.

Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер