Филм за загадувањето „Зошто?“ најдобар на 7. Мобил фестивал - Канал 5

Филм за загадувањето „Зошто?“ најдобар на 7. Мобил фестивал

Наградата „Ратка Илиевска-Лале“ за најдобар краток филм снимен со мобилен телефон на 7. Мобил фестивал ја доби филмот „Зошто?“ на Мурат Жерка. Наградата е стипендија од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје.

Филм за загадувањето „Зошто?“ најдобар на 7. Мобил фестивал


- Филмот со својата социјална ангажираност успешно му нуди одговор на гледачот. Одлично го поставува проблемот со загадувањето, особено актуелен денес, а нуди и успешен приказ на невиноста на децата и наближувањето на опасноста која се наѕира во мечето што носи гас-маска, оцени жирито на фестивалот: Ванчо Мираковски, монтажер, Дамјана Ивановска, филмолог и Сребра Ѓорѓијевска, новинар.

На фестивалот што се одржа во Кинотеката на Македонија беа избрани најдобрите автори во пет категории. „Рекурзија“ во режија Анастасија Точевска доби награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти“, „Сонар“ на група уметници од Филмската академија Баден-Виртемберг во Лудвигсбург, Германија, доби награда за најинвентивен филм, „Еден, Два, Монолози“ во режија Блерина Гоце од Албанија доби награда за најоригинална приказна и филмот „Меурчињата не лажат“ во режија Штепан Етрих од Чешка е награден за најдобра идеја.

Фестивалот го организираше „КТ Филм и Медиа“ со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, Град Скопје, МЕПСО, Кинотеката на Македонија и Младинскиот културен центар.

Во рамки на 7. Мобил фестивал беа одржани две работилници за стоп-анимација - едната за деца, во соработка со фестивалот „Синедејс“, а другата во соработка со гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер