Филков упати денеска по повод 31 Март, Денот на македонското правосудство - Канал 5

Филков упати денеска по повод 31 Март, Денот на македонското правосудство

„Само со независно и непристрасно судење можеме да градиме општество во кое законите важат еднакво за сите“.

Филков упати денеска по повод 31 Март, Денот на македонското правосудство

Независноста на судскиот систем е темел на правната држава и гаранција за владеење на правото. Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува. Судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем кој ќе обезбеди правда за секого. Само со независно и непристрасно судење можеме да градиме општество во кое законите важат подеднакво за сите, порачува министерот за правда Игор Филков во честитката што ја упати денеска по повод 31 Март, Денот на македонското правосудство.

Како што наведува Филков, владеењето на правото не смее да биде само декларативна заложба, туку реалност во секоја судница и институција, а правда и одговорност мора да има.

Според министерот, судството мора да има капацитет и знаење да изгради ефикасен, транспарентен и одговорен систем кој ќе обезбеди правда за секого.

-Интегритетот и стручноста на судиите, јавните обвинители, правобранителите, вршителите на јавни овластувања, адвокатите, медијаторите, нотарите, извршителите, судските службеници и судските советници, судската полиција и сите вработени во судовите се клучни за брза, ефикасна и правична правда, наведува министерот во честитката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Големо откритие во Босна и Херцеговина: Пронајден нов вид на човечка рипка

Новите истражувања покажаа дека човечката рипка  не е еден вид, туку дека постојат девет вида. Меѓу нив е и босанската човечка риба од Краина.

Големо откритие во Босна и Херцеговина: Пронајден нов вид на човечка рипка

Човечката рипка , еден од најпознатите жители на подземните води на Динарскиот карст, со децении се сметаше за единствен вид.

Сепак, новите меѓународни истражувања покажауваат дека зад тековното име *Proteus anguinus* всушност се кријат дури девет различни видови.

Три од нив се сосема нови за науката, а меѓу нив е и босанската човечка рипка (*Proteus bosniensis*), чие издвојување како посебен вид е од особено значење за Босна и Херцеговина.

Во истражувањето, објавено во списанието *Amphibia-Reptilia*, учествувале и босанските биолози Емина Шуње од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Сараево и Аднан Зимиќ од Националниот музеј на Босна и Херцеговина.

*Proteus bosniensis* е поврзан со подземните водни системи на Краина, особено со областа под планината Грмеч во Босна и Херцеговина.

Како и другите единки од видот „човечка рипка“, тој го поминува поголемиот дел од својот живот во целосна темнина на подземните води. Поради тоа, многу е тешко да се истражи неговата распространетост и прецизно да се утврди големината на популацијата.

Важно е да се напомене дека тоа не значи оти животното е тукушто откриено.

„Човечката рипка“ во областа на Краина е позната со децении, но дури современите истражувања потврдиле дека таа претставува посебен вид – *Proteus bosniensis*.

Покрај босанската „човечка рипка“, на територијата на Босна и Херцеговина живее уште еден вид, *Proteus carrarae*, кој е поврзан со подземните води на херцеговскиот карст.

„Човечките рипки“ се многу слични меѓу себе. Имаат издолжено тело, закржлавени очи и бледа кожа, а животот во целосна темнина го обликувал нивниот изглед.

Поради големата сличност, било речиси невозможно да се утврди колку различни еволутивни линии се кријат зад името *Proteus anguinus* врз основа само на надворешните карактеристики.

Современите генетски и морфолошки анализи покажаа дека некои од овие лози еволуирале независно во текот на милиони години. Иако по изглед се речиси идентични, тие претставуваат различни видови.

Според тоа, *Proteus bosniensis* е пример за таканаречената криптична разновидност – појава при која различни видови изгледаат толку слично, што нивните разлики долго време остануваат незабележани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска

Четири лица се уапсени на поширокото подрачје на Бенковац под сомнение дека се поврзани со подметнување пожар, соопшти денеска Полициската управа на Задар ,Хрватска.

Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска

Полицијата интервенирала откако граѓаните пријавија сомнителни активности синоќа, по 20 часот.

Полицијата брзо го лоцирала и го запрела возилото во кое се наоѓале осомничените.

Сите четири лица биле одведени во службени простории на криминалистичка обработка, со цел да се утврдат околностите на нивното движење и евентуалната поврзаност со пожарите во областа на Задар.

Како што неофицијално дознава хрватскиот RTL, уапсени се тројца хрватски државјани и еден странски државјанин.

Наводно, брачен пар ги забележал во близина на Раштевиќ, недалеку од Бенковац, токму додека палеле оган, по што веднаш ја повикале полицијата.

Истражителите се сомневаат дека четворицата можеби се поврзани со неколку пожари што избувнале во тој крај во изминатите денови. И HRT известува дека, според нивните неофицијални информации, станува збор за хрватски државјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасен маж скршеници на двете нозе на Пелистер

Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесен

Спасен маж скршеници на двете нозе на Пелистер

Спасувачките екипи од неколку институции успешно извлекле повредено лице од непристапен терен на Пелистер, откако преку бројот 112 била пријавена несреќата.

Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 12:04 часот била примена пријава за лице кое се наоѓало над Мало Езеро, под антените на Пелистер. Повредениот се здобил со скршеници на двете потколеници и бил свесен, но при движењето имал и крварење.

По пријавата биле известени Итната медицинска помош, СВР Битола, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Битола и Националниот парк „Пелистер“.

Екипа на ДЗС Битола веднаш се упатила кон повредениот, а ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“ била активирана за помош при интервенцијата. Поради тешко пристапниот терен била побарана и воздушна поддршка, но во меѓувреме екипата на ДЗС успеала да стигне до повредениот и со теренско возило да започне неговиот транспорт.

Во 13:45 часот екипите на ДЗС Битола и Националниот парк „Пелистер“ се пресретнале кај месноста Ловечка куќа, каде што лекар од Итната медицинска помош му укажал медицинска помош на повредениот.

Потоа лицето треба да биде пренесено до Инфоцентарот на Пелистер, каде што ќе го преземе екипа на Итната медицинска помош и ќе го транспортира до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер