Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
2Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
3Претседателката на Молдавија го алармира НАТО: Русија ја напаѓа Европа на два фронта, едниот е особено опасен
3Серија инциденти на Мис Универзум: Мисица е отруена, друга паднала по скали, Бугарката имала тешка сообраќајка
МакедонијаФилков: Измените на законите за Судски совет и Јавно обвинителство се готовиИзмените на законите за Судски совет и Јавно обвинителство се готови, при крај и измените на Кривичниот законик.Министерот за правда Игор Филков денеска на прес-конференција информираше за реформската агенда и подготвените предлог-закони страна на Министерството за правда во изминатите десет месеци. Посочи дека сите закони кои се дел од реформската рамка се подготвени и се во финална фаза на усвојување, додека, пак, за речиси две третини изработено е целосно ново законско решение. Филков истакна дека веќе е изготвен Предлог законот за Судски совет, за кој рече дека рокот за носење е во јуни годинава и истиот е веќе доставен за мислење до Венецијанската комисија. Клучните новини се засновани на предлозите од Оценската мисија, нагласи Филков, се прецизно уредување на постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, која би се поведувала по образложено барање на најмалку четири члена на Советот кои имаат право на глас. -Прецизно се уредува постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, која се поведува по образложено барање на најмалку четири члена на Советот со право на глас. Се предвидува јавност во постапката и таа не смее да биде исклучена во ниту еден случај. Одлуката за разрешување се носи со најмалку осум гласа. Појаснување на поимот истакнат правник, се подразбира дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство. Зајакнување на легитимитетот на процесот и постапката за избор на членови на Судски совет од редот на судиите, рече Филков. Други измени со кои се адресираат препораките од Оценската мисија и со кои се унапредува правната рамка, Филков го наведе Предлог законот за Јавно обвинителство, за кој, рече, рокот за носење е декември годинава. – Во делот на Јавното обвинителство првпат се предвидува сопствен буџет од најмалку 0,5 отсто од државниот буџет, транспарентна постапка за избор на јавен обвинител и прецизни рокови за унапредување на дисциплински постапки. Направена е градација на дисциплинските повреди – лесни, потешки и најтешки, и предвидени се соодветни дисциплински мерки. Утврдени се и конкретни рокови до кога мора да се заврши дисциплинската постапка, односно во рок од шест месеци со исклучок од посложените случаи девет месеци. За првпат предвиден е рок од три месеци до кога мора да заврши постапката по жалба пред Советот на јавните обвинители, рече Филков. Понатаму, министерот наведе дека изготвен е Предлог закон за платите на јавните обвинители, со рок за носење јуни годинава. Целта на овој закон, појасни Филков, е да се регулираат правата во делот на платата, додатоците, правото на здравствена заштита и надоместоците на трошоци побрзани со извршување на функцијата во странство на јавен обвинител кој е упатен на работа во странство. - Прикрај е подготовката на Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во кој ќе бидат вградени најургентните измени и дополнување, заради надминување на лоцираните недостатоци. Во тек се последни консултации со МВР заради усогласување на кривичното дело – Безобзирно управување со моторно возило, составен дел од проектот „Безбеден град“, наведе Филков. Посочи дека рок за носење на Кривичниот законик е декември 2025 година, како и дека изготвена е работна верзија на нов предлог Кривичен законик, којшто Владата ќе го проследи на мислење до Европската комисија. – Изготвена е работна верзија и за Предлог закон за кривична постапка, како и за Предлог закон за судска служба, Предлог закон за измени и дополнувања на Законот за прекршоци. Во план и подготовка се и следниве закони: Предлог закон за судски буџет; Предлог закон за Советот на јавни обвинители; Предлог закон за јавно-обвинителска служба; измени на Изборниот законик; закони со кои се регулираат платите на судиите, јавните обвинители и јавно-обвинителската служба; Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер; Закон за помилување; Закон за вештачење; Закон за нотаријат; Закон за извршување; Закон за пробација; Закон за извршување санкции; Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка; Закон за заштита на лични податоци, подвлече Филков. Министерот, исто така, истакна дека започнува едукативната кампања „Наша надлежност – твое право“, со цел зголемување на правната информираност на граѓаните, за тоа што претставува Министерството за правда и кои се неговите надлежности. – Денес ја започнуваме едукативната кампања „Наша надлежност – твое право“. Целта е да ја зголемиме правната информираност на граѓаните и да изградиме појасна слика за тоа што претставува Министерството за правда, кои се надлежностите, каде се позиционира во правосудниот систем. Мотивот прозилегува од искуството во изминатите 10 месец во комуникацијата со граѓаните. Во работата се водиме според начелата за отвореност и транспарентност. Во изминатиот период ни пристигнаа повеќе од 500 мејлови, дописи со различни предлози и конкретни барања, што не доведе да реагираме соодветно и да ја започнеме оваа кампања, рече министерот. Недостатокот, вели, не е само административен проблем, туку и пречка за функционална демократија. – Преку кампањата сакаме да разјасниме што претставува Министерството за правда, не како апстрактна институција, туку како сервис на граѓаните. Ќе збориме за тоа кои се нашите надлежности и ингиренции. Кампањата ќе се реализира преку јавни настани и работилници во соработка со граѓанскиот сектор, таа ќе биде отворена, инклузивна, но пред се едукативна. Ги охрабрувам сите граѓани, медиуми и организации да се приклучат поставуваат прашања и да споделуваат информации, рече Филков.Тагови: Игор Филков Судскиот совет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаЖена, прогласена за мртва се разбудила во мртовечница- доктор потоа ја убил за да си ја прикрие грешката 73-годишна Русинка била прогласена за мртва во декември 2025 година од страна на лекар за реанимација, но два часа подоцна покажала знаци на живот во мртовечницата. Докторот е обвинет дека ѝ инјектирал смртоносен лек за да ја прикрие својата грешка. Тој е уапсен и е задржан во притвор. Можеби мислите дека ова е сценарио за ТВ серија. Сепак, оваа приказна навистина се случила во Русија минатата година. Лекар за реанимација е осомничен дека ѝ инјектирал смртоносен лек на 73-годишна пациентка, која погрешно била прогласена за мртва, за да ја прикрие својата грешка, објави оваа недела рускиот новински портал Газета.ру. Против него е покрената истрага. На 17 декември 2025 година, Галина, 73-годишна жена, била примена во болница во Северодвинск, Архангелска област, поради акутна тромбоза. Сепак, за време на третманот, нејзиното срце застанало. Речиси половина час, Олег Г., 29-годишен лекар, се обидувал да ја реанимира, но без успех. Потоа специјалистот ја прогласил за мртва. Тој ѝ инјектирал пропофол Сепак, според првичните резултати од истрагата, срцето на жената наводно повторно почнало да чука без лекарот да забележи. Кратко потоа, 73-годишната жена, која била прогласена за мртва, била однесена во мртовечница. Сепак, два часа подоцна, еден од вработените забележал знаци на живот и го известил лекарот. Потоа случајот добил сосема поинаков пресврт. Наместо да ѝ пружи итна медицинска помош, лекарот за реанимација ѝ инјектирал пропофол, интравенски анестетик што се користи за индуцирање и одржување на анестезија и кој може да предизвика респираторна депресија. Истражителите веруваат дека Олег Г. ѝ го дал овој смртоносен лек за да ја прикрие својата првична грешка. Покрената е истрага за „убиство на лице во беспомошна состојба“. Олег Г., кој дипломирал во 2023 година, бил уапсен и потоа задржан во притвор. Тој ги негира обвиненијата и тврди дека постапил во согласност со медицинскиот протокол. На телото на жената ќе биде спроведен токсиколошки тест за да се утврди со сигурност причината за смртта на 73-годишната жена.Тагови: Доктор мртовечница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСтудентка во Калифорнија брутално убила бездомник, па побарала помош од мајка ѝ Студентка од колеџ во Сан Хозе и нејзината мајка се осомничени дека избоделе маж до смрт, а потоа го скриле неговото тело во клисура во близина на Ливермор! Двете се уапсени, соопшти полицијата, откривајќи детали за грозоморното злосторство. Алесија Ниевес Солас (22) и нејзината мајка, Вероника Рангел (55) се уапсени под обвинение за убиство, соопшти полициската управа во Сан Хозе. Жртвата, идентификувана како Марселино Перез Хименез (44), престојувал во засолниште за бездомници во Сан Хозе, објави „Меркјури њуз“. Последен пат бил виден на 22 август, кога влегол во стан во апартманите „Павона“ на Северната 7-ма улица во Сан Хозе, соопшти канцеларијата на шерифот. Влегол во станот со Солас, носел пакување пиво од 24 парчиња. Следниот ден, безбедносните камери во комплексот наводно ги снимиле Солас и нејзината мајка како се борат со голема, тешка кутија. Според судските документи добиени од „Меркјури њуз“, мајката и ќерката користеле рачна количка за да ја пренесат кутијата до нивниот изнајмен автомобил. Шерифската канцеларија соопшти дека подоцна го следела движењето на автомобилот од станбениот комплекс до улицата Тесла. California nursing student, 22, stabs man to death then dumps him in ravine with help from her mom: cops https://t.co/t4J5hVoaZ9 https://t.co/m1IeuqB4MH — California Post (@californiapost) November 23, 2026 Мистеријата почнала да се одгатнува попладнето на 25 август, кога возач го запрел својот автомобил за да направи пауза во близина на улицата Тесла и улицата Иглс Ран. Погледнал во клисура и видел нешто што личело на човечко тело, па се јавил во канцеларијата на шерифот на округот Аламеда. Полицајците го пронашле телото скриено под ѓубрето што луѓето го фрлале од автомобилите што минувале. Мажот бил избоден со нож, соопшти канцеларијата на шерифот. Солас била уапсена во Лос Анџелес, а подоцна екстрадирана назад во Сан Хозе, каде што е притворена во затворот во округот Санта Клара. Нејзината мајка била уапсена истиот ден во Сан Хозе. Ренџел, која работи во болница, била ослободена од затвор под надзор. Таа рекла дека верува оти нејзината ќерка дејствувала во самоодбрана. Не е јасно како Солас и Хименез се познавале. Мотивот за наводното убиство е под истрага, соопштија властите на Калифорнија.Тагови: Калифорнија студентка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
БизарноАмериканската влада објави документи за суштеството „Бигфут“, деталите го зачудија светот (ВИДЕО)Американската влада објави документи поврзани со едно од најпознатите митски суштества од локалниот фолклор - Бигфут, познат и како Саскуч.Тие содржат извештаи за необични траги, сведоштва на ловци и детали од истраги кои привлекуваат внимание на јавноста со децении, објави Пипл. Случаи од Монтана и Орегон Следејќи го примерот на Пентагон, кој на почетокот на 2026 година ја прошири јавно достапната архива за неидентификувани летечки објекти, Шумската служба на својата веб-страница објави и помала збирка документи за мистериозното суштество. Федералната агенција, која работи во рамките на Министерството за земјоделство на САД, објави документи со наслов „Bigfoot/Sasquatch Records“ на 15 октомври, во согласност со Законот за слобода на информации. Според веб-страницата, историските документи потекнуваат од нивната канцеларија во Вашингтон, но се однесуваат на средби и случаи поврзани со Бигфут во сојузните држави Монтана и Орегон. Меѓу нив е исечок од весник од 2003 година за мистериозни отпечатоци пронајдени во Монтана. Текстот, преземен од изданието на Clark Fork Valley Press, опишува „стотици неидентификувани траги“ пронајдени во близина на патот. Вклучува и интервјуа со локалните жители кои ги откриле. Заедно со написот беа објавени и фотографии од наводните стапалки, за кои жителите претпоставуваа дека „припаѓаат на Сасквач“. „Што друго би можело да биде? праша еден од нив. Вториот документ ја претставува истрагата на американското Министерство за земјоделство за пријавени „траги пронајдени во шумата во Орегон во 1982 година“. „Чудни индиции“ Извештајот се занимава со друго наводно откритие на стапалки од Бигфут во сливот на Мил Крик, во Националната шума Уматила во Орегон. Документот, од 18 јуни 1982 година, опишува три случаи во кои биле забележани наводните траги и вклучува фотографии од тие наоди. Според извештајот, во текот на истрагата биле направени и гипсови од отпечатоците, пренесува People. Родни Џонсон, идентификуван во документот како биолог на дивиот свет, напишал дека заклучил дека големите отпечатоци „не биле направени од суштество кое оди на две нозе и тежи повеќе од 136 килограми“, опис кој многу наликува на вообичаените поими за Бигфут. Во извештајот од 1982 година, Џонсон исто така изјавил дека, доколку траките се лажни, некој ќе мора „да вложи извонреден напор и внимание во нивното создавање“. „За малку ќе се посомневав дека за да се направат тие „лажни“ стапала, мора да се употреби гипс направен од вистинско стапало. Меѓутоа, ако беше така, другите набори на стапалото треба да се видат“, се наведува во документот. Третиот документ претставува лично сеќавање на уште една средба со „невообичаени траги“ во Монтана, за време на ловечка експедиција во 1949 година. Историски извештај од областа Пети Крик беше составен од Лео Кини, кој се сеќава дека видел „низа отпечатоци“ во таа прилика. Група од четворица ловци верувале дека трагите му припаѓаат на суштество кое украло елен што го застрелале за време на претходниот лов. Наводни средби во Охајо Кини најпрво напиша дека мислеле дека е „голема мечка“, бидејќи заедно со отпечатоците забележале „силен мирис“ и „грчење звук“. „Меѓутоа, мечките не одат само на задните нозе, освен на кратки растојанија, и нормално би влечеле толку голем труп“, напиша тој. „Што и да беше, го крена лосот целосно, така што не ја допираше земјата“, додаде Кини. Сепак, иако објавувањето на документите е ново, тие не мора да претставуваат нов доказ дека Bigfoot всушност постои. Дејвид Дејглинг, професор по антропологија и автор на книга за наследството на Бигфут во американската култура, изјави за Њујорк Тајмс дека документите објавени од Шумската служба се „вообичаената приказна за Бигфут“. „Објавувањето на овие документи во никој случај не е револуционерно“, рече тој. Објавувањето доаѓа неколку месеци откако серијата наводни средби со мистериозното суштество во Охајо повторно го разгореа интересот за Бигфут претходно оваа година. Таму случаите беа најбројни од крајот на седумдесеттите. Отприлика во исто време, документарецот Марк Еванс сними филм, чија премиера беше прикажана на фестивалот SXSW, за кој тврди дека конечно докажува дека најпознатата снимка од Бигфут на сите времиња е всушност „неверојатна измама“.Тагови: суштество Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook