Филков до идните судии и јавни обвинители: Можете и потребно е да направите многу!

„Вие како долгоочекувана нова енергија во правосудството, можете и потребно е да направите многу!“

Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на церемонијата по повод доделувањето на уверенија на VIII -та генерација слушатели кои ја завршија почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители . Посакувајќи им успех, министерот Филков во своето обраќање посочи дека стручното, етичкото постапување е повеќе од клучно во овие моменти кога сме соочени со предизвици и кога недовербата во правосудството е голема.

,,Вашиот интегритет и стручност како клучен фактор, а понатаму и вашата професионалност во постапувањето во предметите се суштинските елементи во креирање на систем кој ги штити правата и интересите на граѓаните.

Токму вие како долгоочекувана нова енергија во правосудството, можете и потребно е да направите многу, да докажете дека сте вистинскиот избор на државата, која во вас вложила ресурси и време.

Пред вас претстојат многу предизвици. Ќе се соочите со реалноста и со голем број на предмети по кои ќе мора да постапувате или одлучувате во многу кратки рокови. Токму затоа вашиот процес на едукација не престанува тука со моментот на завршување на почетната обука”,порача министерот за правда Игор Филков.

Министерството за правда останува посветено да работи на сите процеси во обезбедувањето на сите предуслови кои се потребни за подигнување на ефикасноста на судските постапки. Само со заеднички придонес ќе успееме да ја вратиме довербата на граѓаните во правосудните институции.

Екотип донира 255 системи за филтрација на воздух вредни 1 милион евра, за градинки, училишта

Екотип донира 255 системи за филтрација на воздух во вредност од 1 милион евра, за градинки, училишта, болници.

Денеска и формално владата го потпиша договорот за донација на 255 системи за филтрација на воздух со ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, компанија лидер во оваа област, во вредност од 1 милион евра.

Уредите кои ги донира компанијата ќе бидат распределени во градинките, училиштата, болниците и други критични јавни установи...

Во март во Скопје концерт на Пласидо Доминго за прв пат во Македонија

Светски познатиот тенор Пласидо Доминго, во март за прв пат доаѓа во Македонија. 

Ќе одржи концерт на 14-ти следниот месец, во салата Борис Трајковски, а настанот ќе биде вистински спектакл, вели директорот на Националната опера и балет, Оливер Арсовски.

Вели, со голема посветеност ќе се работи на пробите, со цел концертот да помине одлично.

Организаторите велат дека иако Димонго е светска ѕвезда, сепак имал многу скромни барање, во однос на некои нови ѕвезди кои не се понзати надвор од границите на Балканот.. Очекуваат овој настан да биде одлична можност за земјава да го развие и ваквиот вид туризам, со оглед големиот интерес и во соседните држави

Билетите за концертот се пуштени во продажба од претходно и се движат од 2.000 до 5.000 денари. Доминго во својата богата кариера која трае пет децении има над 150 оперски улоги на италијански, француски, германски, шпански, англиски и руски јазик во најпрестижните оперски куќи во светот.

Тој има освоено 12 Греми награди. Имал повеќе од 4.400 настапи како тенор и повеќе од 600 настапи како диригент. Бил генерален директор на Операта во Лос Анџелес и на Националната опера во Вашингтон.

Барбов: Не знаев дека ќе бидам распореден на друг оддел

„Јас не знаев дека ќе бидам распореден на друг оддел во клиниката за неврологија. .

„Јас не знаев дека ќе бидам распореден на друг оддел во клиниката за неврологија. Никој не ме повика да ми ја објасни причината зошто сум на друг оддел кога две деценија работам со пациенти со невромускулни заболувања“, изјави за Канал 5 професорот од Клиниката за неврологија Иван Барбов. Тој моментално е на боледување и се уште го нема потпишано решението. Но и дека и претходно имало одредени дисциплински постапки за него.

За директорот на Клиниката за неврологија Фатмир Меџити нема проблем преместувањето на Барбов од еден на друг оддел и дека промената е направена со стручни и организациски критериуми.

„Новиот раководител има докажано знаење и искуство во областа, како и ангажман во Комисијата за ретки болести што овозможува подобра координација на здравствените политики и третманите за оваа категорија пациенти“.-Клиника за неврологија.

Од Здруженијата на пациенти со реакција дека внатрешните недоразбирања во клиниката да не бидат на товар на пациентите. Не може некој што со децении лекувал пациенти да не ги лекува. Сепак тие пациенти во секое време имале контакт со професорот Барбов и бил достапен за нив, велат од здружението за ретки болести. Пациентите бараат професорот Барабов да се врати на претходниот оддел. Досега нема никаков одговор од министерството за здравство за промената на раководни места на доктори од клиниката за неврологија каде што доктор е и министерот за здравство Арбен Таравари.

притисни ентер