Филков-Божовиќ: Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи - Канал 5

Филков-Божовиќ: Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи

 Министерот за правда Игор Филков денеска оствари работна средба со неговиот колега од Црна Гора, Бојан Божовиќ, со кој потпишаа заедничка изјава за соработка во областа на владеењето на правото и независноста на судството. 

Филков-Божовиќ: Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи

Филков истакна дека двете држави делат многу сличности во процесот на реформи, особено во рамки на евроинтеграцијата и затоа, како што рече, на средбата биле разменети искуства и практики кои ќе помогнат во надминување на предизвиците на патот кон Европската унија.

– Со министерот Божовиќ потпишавме заедничка изјава за соработка во областа на владеењето на правото и независноста во судството која ја реафирмира нашата заложба и размена на искуства во неколку клучни области. Тоа се зајакнување на владеењето на правото и независноста на судството во контекст на ЕУ интеграцијата; подобрување на судската независност и правната сигурност; заеднички напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал; поддршка за правни реформи и зајакнување на институциите вклучувајќи можности за институционална и финансиска поддршка; дигитализација на судските процеси и зголемена транспарентност преку е-услуги, изјави Филков.

Црногорскиот министер за правда посочи дека двете земји немаат отворени прашања и дека соработката би можела да се продлабочи повеќе, со оглед на успешната соработка во делот на владеењето на правото.

– Како што веќе знаеме Црна Гора и Македонија немаат отворени прашања, но имаат простор за тесна и успешна соработка особено во делот на владеењето на правото. Оваа соработка може да биде навистина многу интензивна, а тоа се гледа во нашите заеднички заложби на патот кон ЕУ. Денеска видовме дека Министерствата за правда навистина можат заедно да соработуваат на сите технички и експертски полиња, а тоа навистина може да резултира со членство во Европската унија, рече Божовиќ.

На новинарско прашање за тоа дали Црна Гора има добиено некакви гаранции по вчерашната посета на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Каја Калас, Божовиќ рече планот на Црна Гора е до крајот на 2026 година да ги затвори сите преговарачки поглавја, а во 2028 година да влезе во Европската унија.

– Планот е Црна Гора до крајот на 2026 година да ги затвори сите преговарачки поглавја. Република Хрватска не даде согласност за затворање на едно поглавје, тоа е 31-то, кое се однесува на надворешната политика. Преговарачкото поглавје е едно од последните кои инаку се затвораат, така што, верувам дека преку дијалог со Република Хрватска ќе ги решиме сите отворени прашања, рече Божовиќ.

Министерот Филков, пак, прашан дали смета дека бил добро образложен предлогот до Советот на јавни обвинители за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кусо одговори дека „апсолутно бил добро образложен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

Додека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДС се обидува политички да профитира преку ширење страв и паника меѓу граѓаните.

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

Последен пример е ширењето на лаги и манипулации за наводна загадена вода во Скопје. Прво пласираат обвинувања, а кога ќе бидат демантирани со факти, нема ниту извинување ниту одговорност.

Исто беше и со водата во Гостивар. Надлежните институции ги направија потребните испитувања и потврдија дека водата е безбедна за пиење. Наместо да ги прифати фактите, СДС продолжува да создава сомнеж кај граѓаните.

Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на СДС. Водата во Гостивар е безбедна, а институциите ја следат состојбата и постапуваат одговорно.

Додека Филипче е на Паљури со Заев, хаосот во СДС е поголем од кога било. Наместо да измислуваат кризи, во СДС треба да се справат со сопствениот хаос.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ:По Гостивар и над 50 места низ цела Македонија, четири реки, сега и лоша вода во Кривогаштани

Македонија без безбедна вода.

СДСМ:По Гостивар и над 50 места низ цела Македонија, четири реки, сега и лоша вода во Кривогаштани

По пет недели од труењето на над 5.000 луѓе во Гостивар, по новиот случај, од пред два дена, во Демир Капија и по предупредувањата дека во повеќе од 50 места низ државата нема редовни анализи - еве нов случај.

Во јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани утврдено е присуство на бактеријата Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa и зголемен број на колиформни бактерии.

Водата и од оваа јавна чешма не е безбедна за пиење.

Ова веќе е системски колапс.

Гостивар.

Демир Капија.

Кривогаштани.

И уште десетици места за кои јавноста нема никакви информации.

Додека премиерот Мицкоски оди на увид на фекална канализација во Идризово и држи здравици преку посредници, граѓаните низ цела Македонија продолжуваат да пијат вода со фекални бактерии.

За Гостивар сè уште нема официјален документ со кој се потврдува чистотата на водата и комплетна анализа.

Сè уште нема одговорна личност која стои зад таа одлука - освен „чувството“ на Мицкоски.

Сè уште Обвинителството не дало одговор кој дозволил Гостивар со недели да пие отруена вода.

Одговорноста не може вечно да се избегнува.

Скопје, 16.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови нападнаа повеќе цели близу Москва, Русија возврати со ракетни напади врз Киев

Украинските сили во текот на ноќта извршиле напад врз цели во московскиот регион во Русија. 

Украински дронови нападнаа повеќе цели близу Москва, Русија возврати со ракетни напади врз Киев

Според каналите што ја следат војната, меѓу целите биле магацин на големиот руски онлајн-трговец „Wildberries“, како и неколку населени места во близина на Москва.

Каналот „Exilenova Plus“ известува дека избувнал пожар во најголемиот магацин на „Wildberries“ во Русија – лоциран во селото Коледино близу Москва – по украинскиот напад. Истиот извор пренесува дека за време на нападот се запалил и производно-логистичкиот комплекс „Северен Домодедово“ во градот Домодедово.

„Exilenova Plus“ исто така известува за украински напади и дејствување на противвоздушната одбрана во градот Чехов. Руските власти сè уште официјално не ги коментирале нападите. „Kyiv Independent“ не можеше независно да ги потврди овие наводи. Украина редовно изведува напади врз воената инфраструктура длабоко во руската територија и на окупираните територии. Целта на овие операции е да се ослабат воените капацитети на Русија.

„Exilenova Plus“ исто така известува за украински напади и дејствување на противвоздушната одбрана во градот Чехов. Руските власти сè уште официјално не ги коментирале нападите.

„Kyiv Independent“ не ги потврди овие наводи.

Украина според овие медиуми редовно изведува напади врз воената инфраструктура длабоко во руската територија и на окупираните територии. Целта на овие операции била слабеење навоените капацитети на Русија.

Руските сили, пак, извршија ракетни и беспилотни напади врз Киев рано утрината, предизвикувајќи пожари во најмалку два округа на главниот град на украина, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко, посочувајќи дека најмалку три лица биле повредени..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер