Филиповска: Зрачењето од 5Г не е опасно, со новите технологии поефикасно се искористува мрежата - Канал 5

Филиповска: Зрачењето од 5Г не е опасно, со новите технологии поефикасно се искористува мрежата

Се работи за истите технологии односно за истото зрачење на тие фреквенции што не се опасни за луѓето.

Филиповска: Зрачењето од 5Г не е опасно, со новите технологии поефикасно се искористува мрежата

На незнаење и страв од непознатото во 90 проценти се темелат негативните коментари за 5Г мрежата, а најдобар одговор на тоа е борбата со лажните вести, оценија учесниците на дебатата „Дигитални предизвици за општествена транформација", што се одржа денеска во Скопје.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски соопшти дека Агенцијата за електронски комуникации наесен планира да го објави првиот оглас за изразување на интерес за користење на фреквенции за 5Г согласно нашиот Национален оперативен бродбенд план (НОБП)

Добро е, потенцираше Манчевски, во меѓувреме да ја смириме паниката, но мислам дека и луѓето полека почнаа да сваќаат. Важно е и како ќе се постават самите медиуми и да не отвораат дилеми кај граѓаните.

Според Манчевски, борбата со лажните вести е секогаш најефикасниот механизам за да се создаде вистинска слика за новите технологии.

– Се работи за истите технологии односно за истото зрачење на тие фреквенции што не се опасни за луѓето. Јонизирачките зрачења се нешто друго и затоа кога се оди на ренген, се снимаш еднаш и треба да помине време за повторно да може да се оди. Тука јасно е докажано зрачење што може да биде штетно, а ова се технологии и вид на зрачења што не се штетни по здравјето на луѓето. Потребно е заеднички да ја шириме пораката. Се работи за ист тип на зрачење само на повисоки фреквенции што не се во нивоата во кои се штетни за здравјето на луѓето. Да, има други технологии што се во позадината, но станува збор за истиот тип на радиобранови само на повисоки фреквенции, појасни Манчевски.

Професорката од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) во Скопје, Соња Филиповска, пак, потенцираше дека со новите технологии поефикасно се искористува мрежата, односно како што рече, 5Г користи нејонизирачки фрекфенции што не се поврзуваат со фрекфенциите што предизвикуваат рак.

– Вообичаено за 5Г многу се користи терминот – револуционерно, односно дека тоа е нова револуционерна мрежа и оти такво нешто немало претходно. Тоа создава еден вид психолошка паника кај луѓето и веднаш почнуваат теории на заговор. Проблемот е што всушност кога кажуваме дека 5Г е револуционерна мрежа мислиме за технологиите коишто се користат во неа, а не се користеле во претходните генерации на мобилни технологии. Тие технологии се таму всушност за поефикасно да се искористува мрежата. Значи она што го добивате, револуцинерното, што го нарекуваме софтеризација на мрежата, софтверско радио итн., всушност се технологии што овозможуваат истите зрачења и бранови да се користат на многу поефикасен начин, рече Филиповска.

Најголем проблем на тие теории на заговор, дополни, е при користењето на зборот зрачење.

– Кога ќе се спомене зрачење некој тоа го асоцира на рак што е многу далеку од вистината, затоа што 5Гкористи фреквенции што се нејонизирачки и што воопшто не се поврзуваат со фреквенциите што предизвикуваат рак. Сите проблеми околу здравјето, 5Г и лошото искуство во над 90 проценти се темелат од незнаење и страв од непознатото и новото, оцени Филиповска.

На крајот на април годинава домашните оператори, заинтересирани странски компании и граѓани доставија мислења и забелешки до AЕК во врска со планираното издавање одобренија за користење радиофреквенции за 5Г-технологијата. Тие мислења треба да бидат соодветно имплементирани во законската постапка, предвидена согласно Законот за електронските комуникации (ЗЕК) за доделување на овие радиофреквенции.

На денешната дебата беа претставени и досегашните активности за дигитализацијата во јавниот сектор и беше истакната потребата од дигитална писменост и промени во наставните програми во училиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобус

Штрајкот на работниците во јавниот превоз и во претпријатието „Чистоќа“ продолжи во Загреб. 

Штрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобус

Утринава на улиците има еден трамвај и еден автобус, додека „Чистоќа“ ангажираше 20 камиони.

Јавниот превоз и комуналното претпријатие утрово го продолжија штрајкот во Загреб. Утрово на улиците во Загреб има еден трамвај и еден автобус, како и 20 камиони на компанијата „Чистоќа“ (Čistoća), кои ќе го собираат отпадот од болниците, училиштата, градинките и касарните.

Претседателот на Синдикатот на возачи и сообраќајни работници на „Загрепски електричен трамвај“ (ZET), Владимир Јозиќ, изјави дека денеска ќе се одлучува дали штрајкот е законит.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно изјави дека ги цени работниците, но дека не може да се согласи со ултиматумите на синдикалните лидери, пренесуваат хрватските медиуми. Тој наведе дека платите на возачите во „Загрепски електричен трамвај“ се зголемиле за повеќе од 60 проценти во изминатите три години, а на комуналните работници во „Чистоќа“ – за повеќе од 85 проценти. Томашевиќ изјави дека синдикалните лидери сега бараат зголемување од над 20 проценти за една година, што е финансиски неодржливо.

Окружниот суд во Загреб ќе одржи подготвителни рочишта по тужбите поднесени од „Загреб холдинг“ (во чиј состав се „Чистоќа“ и „Загрепски електричен трамвај“) против репрезентативните синдикати, со барање за забрана на најавениот штрајк. Работниците во јавниот превоз во Загреб штрајкуваат од вчера, бидејќи синдикатите бараат повисоки плати и подобри материјални права во новиот колективен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. 

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644.

Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура

Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови.

Мицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави:

„Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 месеци. Од коишто половина се директно од Министерството за образование, во делот на студентските домови. Еве, утре еден таков нов, реконструиран, модерен, современ студентски дом ќе биде пуштен, тоа е студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат и веќе почнат е тој процес на нивна реконструкција и обновување. Нешто што со децении не било направено. Има многу работи коишто треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме. И отприлика уште 45 милиони евра преку АА програмата, односно преку оној проект на децентрализирање средства од централниот буџет кон општините се наменети за проекти во образованието, реконструкција на основни и средни училишта.

Така што, инвестициите се огромни и тоа можам да кажам дека претставува еден приоритет на оваа Влада и ве поканувам еве утре заедно да, мислам дека утре е потврден настанот, во рамките на „Стив Наумов“ студентскиот дом, да можеме заедно да го отвориме, да прошетаме, да видиме како сето тоа изгледа и какви услови ќе имаат нашите студенти.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер