Филипинскиот остров Палаван прогласен за најубав остров (Видео) - Канал 5

Филипинскиот остров Палаван прогласен за најубав остров (Видео)

Филипините се составени од повеќе од 7.000 острови, и ако го изберете вистинското време од годината, ќе се чувствувате како островот да е Ваш.

Филипинскиот остров Палаван прогласен за најубав остров (Видео)

Типичен филипински остров е составен од џунгла, планини и прекрасни песочни плажи обрабени со кристално чиста вода и корални гребени. Секако, не секој остров е ист - ги има од мали песочни острови сред, океанот до големи, пренаселени „мега-острови“ како Лузон и Минданао. Љубителите на плажи и нуркачите, сепак, ќе сакаат да се упатат кон архипелагот Висаи, пишува „Политика“.

Таму има многу можности за посета и на други околни острови, а предност се и помалку посетените плажи. А пак, Палаван е избран за најубав остров во светот, објави „Лукслајф“ (Luxlife).

Филипините се дел од Југоисточна Азија - одделен од копното, не само географски, туку и духовно и културно. Тука можете да се види ретка и единствена мешавина од шпанско-филипинска колонијална архитектура - со вековните цркви што се издигнуваат над плоштадите - сѐ тоа благодарение на 350-годишното шпанско владеење на Филипините. Сепак, и покрај овие надворешни влијанија, Филипините се единствен ентитет сам по себе. Филипинците се горди на себе, секогаш расположени и подготвени за забава.

Говорејќи за Филипините, вреди да се напомене дека прекрасна, интимна плажа не е единствениот „луксуз“ тука. Има и прекрасни патеки за пешачење во планините на Северен Лузон, истражување на пештерите Самар, сурфање на бранови, нуркање и кајакарење. Ова место има многу да им понуди на оние кои се авантуристички настроени и го истражуваат.

Палаван, пак, го дефинира водата што го опкружува. Со дивиот свет што се среќава и на копното и во водата, оваа област на Филипините е многу популарна. Со околните помали острови, се протега на 650 километри, сè до Борнео, па затоа важи за навистина совршен избор за опуштање, рекреација, авантура, уживање - за одмор.

Градот Пуерто Принцеса, сместен во средишниот дел на островот, е кујнска престолнина и совршено место за почеток на туристичкото истражување. Повеќето патници се упатуваат кон север кон Ел Нидо или Корон, коишто се идеални ако сакате да посетите повеќе острови. Бреговите на Палаван се алтернативин автопати коишто водат до малите рибарски села. Во јужниот дел, каде што топографијата на островот е малку подива, можно е да се истражат планини и џунгли. Во овој дел има неколку одморалишта и хотели коишто, во таа „пустелија“ ќе му овозможат на посетителот да ужива во ненадминлива удобност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски.

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар.

- За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат. Повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар за полесно секојдневие, помалку метеж и повеќе време со своите семејства. Даден збор. Исполнето ветување – изјави Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветнаесет години без Тоше- Македонија и Балканот денеска тагуваат

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 19 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Деветнаесет години без Тоше- Македонија и Балканот денеска тагуваат

Во животот има моменти за кои секогаѓ ќе паметиме каде сме биле и што сме правеле, и 19 години подоцна, таков момент за цели генерации е кога ја дознавме веста дека Тоше Проески повеќе не е меѓу нас, барем физички, бидејќи неговото присуство и натаму силно се чувствува, дури и кај оние кои се родиле по кобниот 16 октомври – 2007 година.

Во чест на човекот кој беше повеќе од глас и беше душа која допираше до секое срце, денеска се одбележаа бројни настани, а меѓу нив и оној од кој дел беа најмалечките на една од најубавите патеки до училиште во земјава – „Тоше Проески“, која води од школото „Лазо Ангеловски“.

„Тоше те сакаме сите“ – е насловен настанот, а патеката „Тоше Проески“ каде 24 часа 365 дена во годината одекнува неговата музика доби и нов парк. Иницијативата е на родителите. Напревен е велат со љубов, за неговата добрина и емоција, која треба да ја почувствуваат и најмалите.

За Тоше се кажани многу приказни, многу допрва ќе се кажуваат и прераскажуваат, но некои тие приказни лично ги доживеаја, со него ја делеа бината и на некој начин и животот.

На настанот, покрај аматерски, имаше и реномирани изведувачи – меѓу нив и пејачот Ламбе Алабакоски. Тоше вели бил еден од главните причини што и тој денеска се занимава со музика.

19та година по ред се одржува и ултрамаратонот за Тоше, кој стартуваше пред два дена од Нова Градишка. 13те маратонци, на кој им се приклучи и еден во Македонија, попладнево пристигнаа во родното Крушево на Проески.

Тоше загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, токму кога одбележуваше 10 години успешна кариера и беше на прагот на меѓу народен пробив. Албумот „ The Hardest thin“, на англиски јазик, беше објавен постхумно.

Некои гласови се слушаат, а некои, остануваат да живеат со нас. Гласот на Тоше е еден од нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation).

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

За Сиљановска – Давкова, повеќе од три децении Проект ХОУП значајно придонесува во јакнењето на македонските здравствени капацитети, унапредување на професионалните знаења на здравствените работници и воведување нови технологии во здравството.

Претседателката ги поздрави донациите на современа медицинска опрема, примената на инвентивни методи, како и инвестициите во човечки ресурси преку клинички обуки со меѓународна експертиза.

Според неа, меѓународните партнерства се важни во креирањето одржливи системски решенија, коишто на долг рок ќе влијаат на подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

Оценувајќи ја како исклучително успешна и инспиративна работата на Проект ХОУП, Сиљановска-Давкова се заблагодари за нивната посветеност и присуство во државава.

Соговорниците информираа за нивните досегашни и тековни здравствени и хуманитарни програми и активности.

Тие изразија задоволство од соработката со македонските институции, пред сѐ со здравствените работници и ја нагласија подготвеноста за натамошна помош и поддршка.

Проект ХОУП е глобална организација со 65 годишно искуство, присутна во повеќе од 25 земји, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер