Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече - Канал 5

Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Темата на денешната прес-конференција е Законот за високо образование, кој што од страна на партиската комисија беше детално анализиран и сакам да ги изнесам во јавноста нашите согледувања. 

Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Тука се вклопени секако и се забелешките согласно увидот на голем број универзитетски професори надвор од нашата партиска структура и може да кажам дека буквално сите без исклучок ги имаат овие забелешки кои што денеска ќе ги презентирам.

Имено сметаме дека предложените измени на Законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, образовен една форма тоталитаризам, создаваат дискриминација кај младите ја рушат автономијата на универзитетите и отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди.

Со една реченица класична вмровска работа на партизација и контрола на секој еден од секторите во државата.

Прашање е дали ваква форма на закон може да се поправи со амандманска расправа и затоа дозволите ми е една по една да ги образложам овие забелешки.

Прво во однос на владината контрола на универзитетите и рушење на автономијата. Со овие предложени измени брутално се централизира моќта кај министерот односно кај владата и со тоа се нарушува автономијата на универзитетите. Преку членовите од 198, 199 201 министерот станува најмоќна фигура во високото образование, со можност да укинува одлуки на универзитетски органи.

Наместо координатор, министерот станува наредбодавец и една форма на апсолутен владетел. Членот 13 наместо да ја штити институционалната независност отвара механизам за директна контрола од извршната власт. Ова е спротивно на европските стандарди и принципите на институционална автономија. Универзитетите не смеат да бидат продолжена рака на владата.

Второ дискриминација на младите и партизација на кадарот. Тоа што законот го нуди на некој начин е гробница за младите асистенти,додека внимавајте создава привилегии за веќе пензионирани професори. Член 175 практично создава неправичен систем кој ги деградира младите кадри, а им овозможува продолжено влијание на веќе пензионирани професори. Додека младите наставници и асистенти се соочуваат со рестрикции, автоматски исклучување и несигурност, пензионирани професори добиваат право да предаваат и да користат институционални ресурси. И ова создава сериозен генерациски дисбаланс, го блокира природниот процес на академска обнова и практично го поттикнува одливот на млади кадри од државата. Наместо систем што ги охрабрува младите добиваме закон што нив ги оттурнува. Со една реченица ќе се протеруваат од државава најдобрите умови.

Понатаму трето, практично се нуди закон во којшто науката станува луксуз само за богатите. Зошто? Поради тоа што се наметнуваат строги критериуми за публикации со инпакт фактор, без државата да обезбеди стабилно финансирање на науката, фондови за објавување, истражувачка инфраструктура и институционална поддршка притоа квалитетот се сведува само на бројки.

Се поистоветуваат хуманистичките и биолошките науки. Додека хуманистичките науки се занимаваат со системот во државата и тука се прават истражувањата во нашите околности во нашите системи, истражувајќи ги тие работи ние немаме доволен број на национални списанија којшто нудат голем импакт индекс. И тука е несоодветно тоа поистоветување со биолошките науки.

Понатаму член 123, 161, практично тоа се часописи со инпакт фактор во кој што објавувањето чини над 2.000 евра. Наместо да се понуди систем во кој што државата ќе инвестира во механизми и инструменти кои што на научно истражувачките работници, наставници на факултетите, младите кадри ќе им овозможи зголемен квалитет на истражување, наеднаш се наметнуваат критериуми коишто е невозможно во овој систем да се имплементираат. И тоа е практично дискриминирачки и социјално неправедно.

Понатаму скандалозно би кажал се воведува сопственичка дискриминација и монопол на јавните универзитети над приватните што е спротивно и на Уставот и на европската практика. Член 132 став 10, се забранува приватните универзитети образуваат кадри во клучни области медицина, право, архитектура иако овие факултети со децении наназад некои нив имаат валидни акредитации добиени од државата. Станува збор за факултети кои што вработуваат професори, друг наставен научен кадар, кои што едуцираат студенти. Во овој момент има на раководни функции во државата луѓе кои што имаат дипломи од тие универзитети. Се поставува прашањето зошто се сака така брутално на тие универзитети односно факултети дај ми се одземат акредитациите и да се затворот.

Зошто не е јавен интерес приватен факултет и зошто се поистоветува интересот со сопственоста. Јавен интерес е да се има факултет, а нема врска дали сопственоста притоа е приватна или државна. Битно е да е јавен интересот. Понатаму дополнително студентите се лишуваат од дополнителен избор.

Следно, сметам дека практично има една форма на академски терор престанок на звање и губење на работа по автоматизам. Се воведува казнено дисциплинарен модел каде професорите живеат практично во постојан страв од губење на работата. Член 164 предвидува по внимавајте, автоматизам, доколку не се исполнат дел од условите за реизбор, наставникот го губи звањето и работниот однос по сила на закон без заштитни и механизми од законот за работни односи. И ова е една форма академска гилотина, што сѐ сака да се направи, да се наметне страв, кадар кој ќе молчи и кој ќе биде послушан.

Следно удар врз интердисциплинарноста и доживотното учење. Членовите 116-122-123 се ограничува упис на магистерски, докторски студии само на исто или сродно подрачје според статистички кодови, со што се убива можноста за промена на кариерата. И додека светот се спојува се формираат нови струки, тие еволуираат оваа власт ги сече врските помеѓу науките и со тоа се губи можноста луѓето да се доквалификуваат.

Следно докторските студии стануваат привилегија. Барањата за докторски студии се поставени без реална проценка на времето и на трошоците. Докторатот практично останува скап премногу и недостапен и тоа ќе доведе до една неминовност младите повторно да заминуваат да ги прават тие научно истражувачки активности и истражување во странство.

Член 124 став 1 се поставуваат апсурдни кумулативни услови, 50 меѓународни проекти, 500 научни публикации за 5 години, кои ги исполнуваат само неколку универзитети. И ова не е за квалитет туку за вештачко стеснување на кругот на оние кои смеат да произведуваат знаење принудувајќи ги младите да одат во странство.

Последна точка којашто сметам дека треба да се спомене е една форма на дискриминација. Вонредните студии да се забранат е практично социјално неправедна и родово дискриминаторска пракса, затоа што се ограничува пристапот со оваа забрана до образование на вработени лица, возрасни студенти, лица со семејни обврски. Сметам дека ова ќе има сериозен ефект во родовиот контекст, бидејќи непропорционално и погодува и жените во образовниот сектор.

Член 27 став 6 забрана на вонредни студии за наставнички професии директно се погодуваат жените кои треба да ги усогласат семејните обврски со професионалниот развој.

Затоа во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во мое лично име, во име на огромен број на професори кои што интервенираа, кои што не контактираа во изминатиот период, верувам во име на буквално сите приватни универзитети а гледаме дека веќе и поединечно имаат реакции, прво апелирам овој закон вака да не се поднесува со Собрание. Доколку се поднесе и доколку оваа власт опстои така како што тоа го прави во секој еден сектор и тврдоглаво влезе во брутална партизација, елиминација на автономијата на универзитетите, кратење на можностите на младите, промовирање на некои нивни стари пензионирани веќе професори за дополнителна партиска контрола, немање ефикасни и ефективни предлог механизми како да се развие системот, да може да се развива научни истражувачката работа па тогаш да стигнеме после 5-10 или 15 години да може да се продуцираат такви трудови, тогаш ако се поднесува во оваа форма во Собранието ќе иницираме јавна расправа за да може целокупната стручна јавност да земе збор, да се слушне нивниот глас за да овој закон никако не помине во оваа форма туку да се модифицира.

Прес конференција на СДСМ, претседател д-р Венко Филипче

YouTube video

Скопје, 16.02.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Знаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднаш

Стениците се многу здодевни штетници кои предизвикуваат чешање доколку ве каснат, предизвикувајќи алергиски реакции и секундарни инфекции на кожата.

Знаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднаш

Според стручните лица од Bed kingdom, ова се знаци на кои треба да обратите внимание, пренесува Мирор.

Чудна миризба: Стениците испуштаат необичен мирис, а експертите објаснуваат: „Еден од раните знаци на наезда од стеници е чуден мирис на застоено во спалната, дури и кога нема очигледна причина за тоа – како на пример, куп валкана облека. Кога стениците се загрозени, испуштаат таканаречени феромони за тревога, кои имаат слаб мирис на малини, коријандер или нешто слично. При сериозни наезди, овој мирис може да се измеша со мирисот на мртви стеници и отфрлени чаури, создавајќи мирис што потсетува на 'рѓа.“

Каснувања: Ако се разбудите со „црвени каснувања што чешаат“, тоа може да биде знак за присуство на стеници. Тие обично се хранат со крв во текот на ноќта, често каснувањата се во групи или поединечни. Според стручните лица, тие генерално не се опасни, но некои луѓе може да бидат алергични – доколку забележите отоци, побарајте лекарска помош.

Јајца: Јајцата на стениците тешко се забележуваат бидејќи се ситни – долги се само 1 мм – но можете да барате сè што наликува на мали зрна ориз во вашиот кревет. Тие можат да се залепат на различни површини, најчесто по должина на рабовите и споевите на душекот или зад наслонот на креветот.

Обвивки: „Стениците се „преслекуваат“ неколку пати во текот на својот животен циклус, што значи дека отфрлената кожа може да варира по големина“, објаснуваат експертите. „Можете да ги препознаете по нивниот жолтеникав, проѕирен изглед на рабовите, наборите и процепите на душекот, па дури и на други места, како што се пукнатини во ѕидовите или во мебелот.“

Дамки од крв: Откако ќе завршат со хранењето, од телото на стеницата може да истече крв доколку ја згмечите додека спиете – на пример, при ненадејно движење или превртување во креветот. Ако забележите вакви траги, а нема друга очигледна причина за нив, најверојатно тие се знак за наезда.

Темнокафеави траги: Мали, темни дамки од изметот на стениците со големина на врв од молив може да се појават на душеците, чаршафите, наслоните за глава, па дури и на ѕидовите. Бидејќи се многу помали од дамките од крв, тие се потешки за забележување. Исто така, тие испуштаат слаб мирис на 'рѓа, што придонесува за непријатна, застоена миризба.

Живи стеници: Возрасните единки се долги околу 5 мм и имаат тенденција да се кријат на најразлични места, почнувајќи од самиот кревет па сè до неговата околина. Со малку труд, тие можат да се забележат, што е прв чекор кон нивно отстранување.

Ако забележите некои од овие значи, постелнината, навлаките и облеката за кои се сомневате дека биле изложени на стеници, исперете ги на висока температура согласно упатствата за одржување. Темелно извакуумирајте ги достапните процепи и рабови на душекот, а содржината безбедно одложете ја во затворена кеса.

Избегнувајте прскање на креветот со случајно избрани хемикалии или преместување на потенцијално заразените работи од една во друга просторија. Ако најдете живи стеници или јасни знаци за нивно присуство, најдобро е да повикате служба за дезинсекција.

Стениците може да се појават и во уредни домови, најважно е што порано да се препознаат зашто проблемот полесно се решава пред да се прошират низ целиот дом.

Извор: vecernji.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријави

Тврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.

Српски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријави

Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан.

Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал.

Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред.

Што содржеше објавата

На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат.

Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена.

Обвинителството нареди истрага

Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространет

Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.

Мерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространет

Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс.

Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“.

„Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој.

Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц.

Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно.

Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Срам за нашата земја“

Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија.

„Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер