Филипче: За 10 до 14 дена ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници - Канал 5

Филипче: За 10 до 14 дена ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска изјави дека околу 180 илјади граѓани се регистрирани во системот „Мој Термин" со возраст над 70 години и хронични болести.

Филипче: За 10 до 14 дена ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници

„Од нив, 50-тина илјади се веќе пријавени преку веб-страницата „Vakcinacija.mk" или преку матичните лекари за вакцинација, меѓутоа ние имаме и дополнителни механизми коишто ќе ги активираме да се повикаат. Тоа е нешто на што и сега тимот кој е задолжен активно работи. Важни се неколку работи, прво дека е исклучително висок процентот на здравствени работици коишто покажаа интерес да се вакцинираат. Ние во овој следен период, не повеќе од 10 до 14 дена ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници, близу 4000 коишто работат со ковид пациенти. Задоволни сме и од одзивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата." - истакна Филипче.

Министерот Филипче посочи дека утрово директорот на Стопанска Банка на средбата по повод донацијата му посочил дека интересот во Грција на здравствените работници е многу мал, околу 25%.

„Сметам дека интересот на нашите лекари и медицински сестри е одличен сигнал за целокупното население тие да се вакцинираат. Дополнително, ние планираме и кампањи, повици преку матичните лекари. Искрено верувам дека исто како што тоа го направивме кога беше епидемијата со морбили, ќе го направиме и сега" – потенцираше министерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“

Ставен под контрола е големиот пожар што попладнево избувна на територијата на општина Сопиште, зад Водно.

Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“

Градоначалникот на Сопиште, Јане Мицевски, во изјава за Канал 5 вели дека населението е вон опасност, а направен е коридор за да се спаси шумата на Водно.

Пожарот, кој избувнал над самото село чифлик засега е под контрола, благодарение на интервенцијата на скопската противпожарна бригада, ДЗС, како и доброволното друштво и месното население.

Во гасењето учестувуваат и три авиони ер-трактор, а на терен интервенираат и четири пинцгауери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси

Во стабилна здравствена состојба пристигна 28 годишниот скопјанец кој има повреди на ‘рбетниот мозок заради пад од тобоган на летување во Турција.

28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси

Повредениот пристигна со владиниот авион со тимот предводен од доктор Марта Тренева во комплексот „Мајка Тереза“ и беше итно донесен во ургентниот центар. Тимот на доктори предоводени од директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски објаснија дека операцијата во турската болница е добро направена и по две недели тамошно болничко лекување е донесен во Македонија.

28 годишниот е хоспитализиран во единицата за интензивно лекување и ќе се следи неговата здравствена состојба, објаснуваат докторите.

Скопјанецот се повредил на 22 јули каде бил итно опериран, тој преживел тешка повреда на ‘рбетниот мозок и морало итна интервенција. По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи беше обезбеден владин авион со кој пациентот беше транспортиран во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.

МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животи

Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Прекумерната брзина не е само прекршок – таа е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција.

Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот.

Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација.

Намали брзина. Спаси живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер