Филипче: Во екот сме на третиот бран, засега полицискиот час останува од 22 до 5 часот

Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски.

Се наоѓаме во екот на третиот бран на пандемијата и имаме постојан раст и зголемување на бројот на активни случаи, но засега останува сегашната мерка полицискиот час да почнува од 22 часот, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Најави дека доколку се потребни нови рестрикции, тоа ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата за заразни болести во почетокот на следната недела.

-Утрово по координација со членовите на Комисијата за заразни болести на база на најновите податоци и анализи, тоа се процентот од позитивни изминатите денови, просекот врз основа на двонеделните бројки, констатирано е дека оние градови каде што имаше значајно зголемување на инциденцата како Валандово, Крушево, Кавадарци и Прилеп, тука се уште има значаен број пациенти кои се хоспитализирани, а има и зголемување на инциденцата во Скопје, а посебно во Гостивар и во Велес. Тоа што беше заклучок денеска е дека оваа сегашна важечка рестрикција на движењето после 22 часот треба да остане иста, дека нема да се надополнува и дека дефинитивните резултати ги очекуваме кон крајот на оваа недела, викендов, или почетокот на следната недела, дотогаш сме подготвени да ги изменаџираме сите други активности во однос на болниците, капацитетите…, и евентуално дополнителни рестрикции, доколку треба, после состанокот на Комисијата за заразни болести, што би се одржал во почетокот на следната недела, рече Филипче.

Информираше дека во моментот има 11.889 активни случаи и раст од над 5000 активни во последниот месец, од 15 февруари до 15 март.

Филипче кажа и дека во оние градови каде во изминатите две недели имаше зголемување на инциденцата таа сега е намалена, а онаму каде што беше мирно, сега се забележува зголемување на инциденцата.

Истакна и оти во Скопје има околу 1100 пополнети болнички места и дека сите Ковид центри во државава се во функција.

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер