Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни - Канал 5

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

Во објавата Филипче посочува дека Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност, но дека СДСМ нема да отстапи од предлозите за заштита и подобрување на животниот стандард.

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија, инфалцијата руши рекорди, платите стагнираат, граѓаните се се посиромашни, посочува претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Филипче нагласува дека власта го прекина системот на континуирано зголемување на платите што го воведе СДСМ и ги доведе граѓаните до раб на преживување.

„Пред еден од најтешките месеци во годината, граѓаните се соочени со суровата економска реалност- сè е поскапено, а платите стагнираат. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија. Ја прекинаа спиралата на раст на платите што ја започна СДСМ. Инфлацијата од 4,8% секој месец го јаде животниот стандард – граѓаните живеат полошо.Синдикалната потрошувачка кошничка за август изнесува над 65.000 денари. Дури и две минимални плати не се доволни за да се преживее месецот“, вели Филипче.

Тој посочува дека фактот што растот на реалната нето плата која ја мери куповната моќ на граѓаните е помал од пред една година е доволен показател за последиците од погрешните политики на владата.

„Мицкоски се фали со бројки и проценти за наводен раст на платите. Вистината е дека реалната плата, онаа што навистина значи нешто за секое семејство во јуни порасна само 3,8%, за разлика од лани со економските политики на СДСМ растот беше 11%. За прв пат по долго време, имаме пад на просечната плата во споредба со претходниот месец. Ова е аларм што не смее да се игнорира“, вели Филипче .

Во објавата Филипче посочува дека Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност, но дека СДСМ нема да отстапи од предлозите за заштита и подобрување на животниот стандард.

„СДСМ знае како да ја врати стабилноста и достоинството на граѓаните. Нема да отстапиме од предлозите за покачување на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на 500 евра, намалување на цените преку укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Битката за поголем приход е битка за достоинствен живот“, нагласува претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!

Гета. Нула денари чини, рече арамијата Мицкоски. За 24 часа вистината излезе на виделина: 5,53 милиони евра од Лотарија. Дивиденда што требаше да оди во буџет. Пари на граѓаните, фрлени на бина.

СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!

Пет нови рудници во просторниот план до 2040 година. Антимон кај Крива Паланка- пет милиони долари грант, помалку од концерт на ди-џеј.

Јаловина во почва и вода. Дата-центри за туѓа дигитализација: струја на грб на граѓанинот, вода на земјоделецот.

Гостивар - дванаесет недели без извештај дека водата е чиста. Над педесет места без информации. Лепенец и Вардар затруени, без име, без да се знае кој, без одговорност. Ѓубре во Скопје на секој чекор. Проверка од дрон. А одговорни нема.

Броила: Адамовиќ–Мицкоски, извршители Божиновска–Лазаревиќ, Руднап. Орбанови автобуси во круг. Криминални тендери од стотици милиони евра. Тендер за татко, па таткото не е татко.

Обвинителство на повик. За вода нема одговорен. За тендери нема одговорни.

Циркус-дипломатија. Две недели екскурзија, педесет луѓе, стрини и тетки, на народен грб. Лобирање од 1,56 милиони долари, платено од трговец со оружје. Резултат: ходник со Рубио, пет милиони за антимон. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“.

Потрошувачка кошница со изнајмен стан - 95.000 денари. Гориво преку 100 денари.

Земјоделците се на раб на егзистенција, работат без пари, нема откуп, нема субвенции, ИПАРД загорзен затоа што директорот е уапсен за корупција.

Нема реформи. Има руска агенда и агенда на Вучиќ.

Министри од кругот на БИА го слават осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

Економски колапс. Работниците се понижени, нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра.

Пензионерите се украдени. Нема пари за пензии. Дупката во ПИОМ зголемена на 1 милијарда евра.

Вториот столб сакаат да го национализираат. Сега нов предлог - да им се земат парите на луѓето за да се инвестира. Од каде, кога нема пари? Значи ново задолжување.

Секоја недела државата зема 40, 50, 70, 100 милиони евра. За две години - четири милијарди евра нов долг. Половина од долгот за 30 години независност. Сè е потрошено на криминални тендери.

Нема подобри услови за преговори со ЕУ. Фон дер Лајен го кажа во лице: идентитетот и јазикот се зачувани. Чекорот останува. Ковеши пред членство. Тој е незадоволен. Затоа што лагата му ја одзедоа.

Што донесоа две и пол години ВМРО и Мицкоски? Сиромаштија. Изолација. Уништено стопанство. Полош стандард. Уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со празни празни паричници и празни фрижидери.

Што сега? Пролетни избори? Да избега од обврските кон ЕУ? Да му фрли ракавица некој Спутник? Да го предизвика големиот арамија? Да рече: народе, бирајте. Уште лаги. Уште анти-ЕУ пропаганда. Уште Латас и останатите.

СДСМ нема да биде алиби. Власта наскоро се враќа во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара пред независно судство и европско обвинителство.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија.

„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски.

Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски.

Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска.

Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026.

Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли.

Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола.

Влезници онлајн на следниот линк:

https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/

Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобили

Руските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Русите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобили

„Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко.

Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви.

Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер