МакедонијаФилипче: Власта шверцерски сака да ја укине техничката владаПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека власта на шверцерски сака да ја укине техничката влада. Филипче посочи дека овој потег на владата на ВМРО е нетранспарентен и спротивен на досегашниот политички консензус и демократските стандарди. „Иако за следниот изборен циклус останува техничката влада, повторно шверцерски се предлага и ќе се сака да се донесе измена во која што техничките министри нема да можат да си донесат свои посебни советници, туку може да изберат само советници од редот на постојните, значи од сегашните силно партизирани од страна на владејачката коалиција и институции во рамките на министерството“, рече Филипче. Тој додаде дека измените на Законот за Владата се туркаат без широка согласност, иако станува збор за прашање кое е резултат на договор меѓу најголемите политички партии. „Техничката влада е меѓупартиски договор на четирите најголеми партии и таа техничка влада е донесена со консензус и само со консензус може да се укине“, рече Филипче Притоа, Филипче нагласи дека условите за фер и демократски избори не се подобрени, туку напротив состојбата укажува на засилена партизација на институциите. „Укажавме и сметаме дека системот се контролира и во правосудство и во сите институции со силна партизација, исто како што се правеше во времето на Никола Груевски до 2016-та година, односно општеството и државата повторно не се зрели да се спроведат фер и демократски избори, дополнително што овој следен циклус на парламентарни избори ќе биде прв циклус на парламентарни избори коишто после 2016 година го организира актуелната власт“, рече Филипче, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВо Гари отворена спомен соба за копаничарот Петре ГаркатаВљубеници на големиот копаничар Петре Филиповски-Гарката отворија спомен соба посветена на Петре Гарката со цел да се зачува споменот на Гарката и неговата копаничарска уметност и традиција на мијачијата. Петре Гарката е симобл на иконстасите во црквите и манастрите. Тој и неговата тајфа работеле на многу иконостаси. Најпознати негови иконостаси со неговата тајфа се иконостасите во манастирите „Св. Гаврил Лесновски“, Св. „Јован Бигорски“ и црквата Св. „Спас“ во Скопје.Тагови: Петре Гарката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањетоМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и утре учествува на 21 меѓународна конференција – Бледски стратешки форум во Словенија.Како што информираат од МНР, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и југоисточна европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, на која ќе се разговара за геополитичките промени што ги менуваат меѓународните односи. Од МНР информираат и дека во рамки на форумот, шефот на дипломатијата ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, посветен на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан, а на маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби на Муцунски со негови колеги министри.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во СкопјеТранспортерите пред седиштето на Европската Унија во Скопје ќе одржат протест испраќајќи пораки од Унијата да им го олесни пристапот на транспортерите од Западен Балкан, откако беа воведени посебни правила во Шенген зоната.Транспортерите бараат престојот да не им биде ограничен на 90 дена во последните 180 денови како што тоа е случај со граѓаните. Утре, според најавите од превозниците, треба да имаат состанок во Брисел, а со денешниот протест сакаат да испратат апел до ЕУ да им го олесни движењето во Шенген зоната со што ќе можат непречено да работат. ТИЕ со барање дека ако не можат да има измени, како што е случајот со машиновозачите и пилотите, тогаш бараат наместо во денови, нивниот престој да се брои во часови и минути. Протести во исто време ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина..Тагови: ЕУ протест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44