Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
2Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
МакедонијаФилипче: Власта сака да поставува свои судии и обвинители, затоа ниту еден реформски закон не е поднесенПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи реформскиот процес во судството, и тоа со јасна цел – политички да влијае врз поставувањето на судии и обвинители.Како што кажа Филипче, наместо суштинска реформа на судството, граѓаните се сведоци на континуирани обиди за манипулации од страна на власта. Тој потсети дека реформите во правосудниот систем се јасно дефинирани во реформската агенда, подготвена од Владата на СДСМ, а потпишана од сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ. „Во таа реформска агенда има 12 закони кои што се однесуваат на многу аспекти на судството. Тие закони, реформски закони, и значат суштинско зајакнување на нашиот правосуден систем. Во тие закони се наоѓа Закон за јавно обвинителство, Судски совет, за плати на судии, за движење на судски предмети и така натаму. И таа реформска агенда е поврзана со буџетот. Оваа година, до месец јуни, требаше да се донесат седум од тие закони, дополнително до крајот на 2025 година уште пет. До сега во Собранието на тие 12 закони не е поднесен ниту еден. Тоа не го прави оваа власт“, потенцира Филипче. Тој ги отфрли обвинувањата што доаѓаат од власта како „спинови“ со цел да се одврати вниманието од вистинскиот проблем, избегнување на реформи во судството. „Сите спинови, сите обвинувања за некаква блискост со судии итн се само изговор да не се направи вистинска реформа во судството. Ако не се направат тие реформи во судството, кои што како стратегија се донесени со Европската унија, тоа остава простор, а видовме дека ВМРО-ДПМНЕ тоа го практикува, да се интервенира во судството, да се поставуваат свои судии, свои обвинители“, предупреди Филипче. Во одговорот Филипче потсети на конкретни примери на непотизам и партизација во правосудството од страна на власта. „Видовме во изминатите години, се постави сопруга на еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, роднина на еден нивен коалициски партнер. Јасно е што треба да се направи за да се реформира судскиот систем“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Центар за комуникации со јавноста на СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледиМинистерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции.Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето. Министерството за здравство, во координација со надлежните здравствени установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаРадеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на ГостиварИма нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар.Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно! Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други инфекции предизвикува оваа бактерија. Ова е врв на институционалниот колапс и уште еден здравствен скандал. Системот на Мицкоски и Клековски целосно потфрли во својата основна задача, наместо да го заштити здравјето на граѓаните го загрози. Затоа Мицкоски и Клековски се кријат зад Тошковски и Ангелов, луѓе кои не се стручни за ова и само создаваат забуна и грижа кај граѓаните. Сѐ уште Владата не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Со признанието за присуство на бактерија се потврдува дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. И повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено исто така поради високото ниво на хлор. Концетрацијата на хлор мора да се спушти на дозволени вредности за да може да се користи. Министерот Клековски најавуваше дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија. Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Ова е страшна информација. Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за: • Христијан Мицкоски; • Сашо Клековски; • Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани. Одговорноста не може и не смее да се избегне. Обвинителството мора да покаже дека законот важи за сите и веднаш да отвори истрага за овој тежок скандал. Прес конференција на Елена Радеска, СДСМТагови: Радеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литарТрговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1423%. Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,419 (денари/килограм) Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 05.08.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. РКЕТагови: горивата РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter