Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија - Канал 5

Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг ја критикува Владата и премиерот Христијан Мицкоски обвинувајќи ги за предавство на националните интереси, економска неспособност и партизирање на правосудството.

Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Филипче истакна дека премиерот го блокира европскиот пат на земјата и ја држи во изолација.

- Премиерот потврди дека не сака земјата да влезе во Европската Унија и дека ќе ја држи во изолација, далеку од Европа. Тоа значи дека нема да има реформи, нема да има европска контрола и, според него, тоа може да трае со децении. Тој сака да ги држи како заложници идните генерации, децата, сите граѓани - за да прават грабеж на народните пари преку тендери - изјави Филипче.

Во делот на економијата, тој предупреди дека цените на основните прехранбени производи и горивата драматично растат, а Владата не презема мерки. Според него, минималната плата е недоволна за преживување, а трошоците за потрошувачката кошничка се зголемени. Филипче посочи дека цените на доматите и пиперките се зголемени за над 200 проценти, а премиерот и понатаму тврди дека нема потреба од интервенции.

- Со 1.667 денари (зголемување на минималната плата) денес може да се купат два килограма домати, два килограма краставици, една табла јајца и четири литри бензин. И премиерот вели дека нема потреба од мерки. Ако ова не бара мерки, тогаш тој не живее во реалноста. Живее во паралелен свет, каде што единствено се важни партиските тендери, заработката, криминалот и корупцијата - рече претседателот на СДСМ.

Тој се осврна и на енергетската криза и на правосудството. Апелира Владата да направи процена на резервите на гориво и да обезбеди нови извори на снабдување предупредувајќи дека земјата може да остане без енергенти доколку се воведе забрана за увоз.

Во врска со прашањето за одлуката на државниот обвинител Ненад Савески за повлекување на обвинителката Ленче Ристоска од предметите во кои владејачката партија е обвинета, Филипче повторно ја обвини власта за партизирање на судството.

- Ова е само дел од воспоставената пракса уште од почетокот на Владата - кога се инсталираа членови на Судскиот совет, судии, обвинители и други институции. Тогаш укажувавме дека се партизира судството - рече Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер